Лејди Гага
Стефани Џоан Анџелина Германота (англ. Stefani Joanne Angelina Germanotta; родена 28 март 1986), позната по сценското име Лејди Гага (англ. Lady Gaga) — американска поп-пејачка, текстописец и глумица. Таа е влијателна фигура во популарната музика и се смета за поп-икона.
Лејди Гага Lady Gaga | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Стефани Џоан Анџелина Германота |
Роден(а) | 28 март 1986 |
Жанрови | поп, електронска музика, денс |
Занимања | пејач, текстописец, музичар |
Инструменти | глас, пијано, синтисајзер |
Период на активност | 2002-денес |
Мреж. место | www.ladygaga.com/ |
Во 2007 година потпишала договор со Interscope Records, а светска популарност стекнала со нејзиниот прв студиски албум, „The Fame“ (2008), и со неговото реиздание The Fame Monster (2009). Овој проект исфрлил низа успешни синглови: „Just Dance“, „Poker Face“, „Bad Romance“, „Telephone“ и „Alejandro“. Следните пет студиски албуми од Лејди Гага дебитирале на врвот на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Нејзиниот втор албум, Born This Way (2011), содржел елементи на електронски рок и техно-поп, а насловната песна наскоро станала најбрзо продавана песна на iTunes Store; имало над еден милион преземања за помалку од една недела.
По третиот албум Artpop (2013), кој бил под влијание на електронска денс-музика, Лејди Гага со Тони Бенет го издала заедничкиот џез-албум Cheek to Cheek (2014) и софт-рок албумот Joanne (2016). Започнала со глума и освоила награди за главните улоги во мини-серијата Американска хорор приказна: Хотел (2015–2016) и во музичкиот филм Ѕвездата е родена (2018). Придонела за саундтракот на филмот Ѕвездата е родена, а меѓу другите го напишала и го продуцирала наградуваниот сингл „Shallow“ со кој станала прва жена која освоила Оскар, БАФТА, Златен глобус и Греми за една година. Гага се вратила кон денс-поп стилот со нејзиниот шести студиски албум, Chromatica (2020), кој исфрлил уште еден сингл, „Rain on Me“, кој се искачил на врвот на топ-листите и го издала нејзиниот втор и последен заеднички албум со Бенет, Love for Sale (2021). Потоа глумела главни улоги во филмовите Династијата на Гучи (House of Gucci) (2021) и Џокер: Лудило во двојка (2024) од кој забележала уште еден хит на прво место на Билобордовата Светска топ-200 листа, „Die with a Smile“ (2024).
Со продадени преку 170 милиони музички записи, Гага се вбројува меѓу музичарите со најголема продажба во светот и е единствена соло-пејачка која имала четири синглови продадени во барем 10 милиони примероци на светско ниво. Освоила: 13 Греми-награди, две награди „Златен глобус“, 18 видеомузички награди од MTV, добила награди од Куќата на славата на текстописците и од Советот на модни дизајнери на Америка и признанија од Билборд за музичар на годината (2010) и жена на годината (2015). Во 2010 и 2019 година Тајм ја вметнал Гага меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот и ја ставил на нивната листа од 100 модни икони на сите времиња.
Ран живот (1986 – 2004)
уредиСтефани Германота е родена на 28 март 1986 година,[1] како прво дете на италијанските родители кои се преселиле во Америка, Џозеф и Синтија Германота (моминско Бисет),[2] во Њујорк. Свирејќи пијано по слух уште од четири години, таа продолжува со тоа што ја напишува својата прва пијано балада на тринаесет и започнува да изведува на отворените вечери на четиринаесет годиншна возраст. На единаесет години, пејачката требало да се придружи на училиштето „Џулијард“ во Менхетен, но наместо тоа таа се придружила во „Манастирот на Светото Срце“, приватно римокатоличко училиште. Таа се опишува себеси во средно училиште како „многу посветена, многу трудољубива, многу дисциплинирана“ но исто така „малку несигурна“ како што кажа во едно интервју: „Имав обичај да правам забавни работи со тоа што бев или премногу провокативна или премногу ексцентрична, па почнав да го потиснувам тоа. Не се вклопував во средината и се чувствував како наказа.“ На седумнаесет години, Германота добива ран прием на Универзитетот во Њујорк во одделот за уметности. Таму, таа ја изучувала музиката и ги развивала своите вештини во пишувањето текстови со композирање на есеи и аналитички текстови, фокусирајќи се на теми како што е уметноста, религијата, социјалните проблеи и политиката. Подоцна таа се повлекува од училиштето за да и се посвети на нејзината музичка кариера.
Започнување на кариерата (2005 – 2007)
уредиГерманота во почетокот потпишала договор со Def Jam Recordings на деветнаесет годишна возраст, кога директорот на Island Def Jam Music Group и L. A. Reid ја слушнал како пее во ходникот пред неговата канцеларија. По три месеци, таа излегла од Def Jam, иако во исто време, нејзината поранешна менаџмент компанија ја запознала со текстописецот и продуцентот RedOne, на кои исто така му биле менаџери. Првата песна која таа ја продуцираше со RedOne беше „Boys Boys Boys“ (Момчиња момчиња момчиња), мешавина инспирирана од песната „Girls, Girls, Girls“ (Девојки, девојки, девојки) на Mötley Crüe и „T.N.T.“ (Т.Н.Т) на AC/DC. Таа се иселила од куќата на своите родители и започнала да изведува во центарот на клуб сцената на Lower East Side, со бендовите Mackin Pulsifer и SGBand. Наскоро таа почнува да изведува на булрескни шоуа. Таа вели дека тоа нејзиниот татко „едноставно не го разбирал“, и дека не можел да ја погледна неколку месеци. Музичкиот продуцент Rob Fusari, кој и помогнал да напише неколку од нејзините рани песни, го споредил нејзиниот гласовен стил со оној на Freddie Mercury. Fusari и помогнал да го создава псевдонимот Гага, по песната на Queen, „Radio Ga Ga“ (Радио Га Га). пејачката била во процес на барање на сценско име, кога добила SMS порака од Fusari на која едноставно пишувало „Lady Gaga“.
„Секој ден кога Стеф доаѓаше во студиото, наместо да рече ‘здраво’, таа почнуваше да ја пее ‘Radio Ga Ga’. Тоа беше нејзината песна за влегување. Lady Gaga всушност беше грешка; јас напишав ‘Radio Ga Ga’ во пораката и отидов на автокорекција и некако Radio се смени во Lady. Таа ми пиша назад, ‘Тоа е тоа’. Од тој ден, таа беше Лејди Гага. Ни кажа: ‘Немој никогаш повеќе да ме викате Стефани’.“ - Rob Fusari
Од тогаш таа е позната како Лејди Гага. Низ 2007 година, таа соработувала со изведувач артистот Lady Starlight, која и помогнала да ги создаде своите костуми за на сцената. Тие две започнале да свираат на свирки во клубови во центарот како што се Mercury Lounge, The Bitter End и Rockwood Music Hall, со изведување во живо на нивното уметничко парче познато како Lady Gaga and Starlight Revue (Ревијата на Лејди Гага и Старлајт). Оценета како „Врвно Поп Бурлескно Рок-шоу“, нивниот акт беше лоу-фи признавање на мноштвото акти од седумдесеттите. Во август 2007 година, таа и Lady Starlight биле поканети да играат на американскиот музички фестивал Lollapalooza. Шоуто беше критички потврдено, и нивниот настап доби високи позитивни критики. Иако во почетокот се фукусираше на авангардата и електонската денс музика, Лејди Гага го најде своето музичко ниче кога почна да работи со поп мелодии и глам-рокот на David Bowie и Queen во микс. За тоа време таа била придружник во неколку песни во две аудио книги и беше спремна да оди со детската книга „The Portal in the Park“ (Преминот во паркот) од Cricket Casey. Таа пееше заедно со Melle Mel на песните „World Family Tree“ (Светско семејно дрво) и „The Fountain Of Truth“ (Фонтаната на вистината). Rob Fusari испратил песни кој тој ги продуцирал со неа на неговиот пријател, продуцент и извршен симател, Vincent Herbert. Herbert бил брз и ја пријавил во Streamline Records, отисок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. Таа го назначи Herbert како човекот кој ја открил, додека додава дека „Навистина се чувствувам како да создадовме поп историја и ќе продолжиме со тоа“. Бидејќи веќе имала одредено искуство во пишување под стаж на Famous Music Publishing, што подоцна беше стекнато од страна на Sony/ATV Music Publishing, со таа потоа потпиша договор за издавање музика со Sony/ATV. Како резултат на тоа, таа беше најмена да пишува песни за Britney Spears, како и за артистите на Interscope какви што се New Kids On The Block, Fergie и Pussycat Dolls. Додека таа пишувала во Interscope, пејачот и текстописец Akon ги препознал нејзините гласовни способности додека таа пеела гласовно повикување за една од неговите песни во студиото. Тогаш тој го убедил директорот на Interscope-Geffen-A&M и директорот на СЕО Jimmy Iovine да формираат споен договор и да и дадат неа исто така што се пријави под неговата ознака, Kon Live Distribution, и подоцна ќе ја нарече неа негов „франшиза играч“. Таа ја продолжи својата соработка со RedOne со тоа што работеше со него во студиото цела недела на нејзиниот деби албум, пуштајќи ги деби меѓународните хит синглови „Just Dance“ (Само танцувај) и „Poker Face“ (Покерско лице). Таа исто така се придружи и на Cherrytree Records, отисок на Interscope основан од продуцентот и текстописец Martin Kierszenbaum, откако напишала четири песни со Kierszenbaum, вклучувајќи го и сигнлот Eh, Eh (Nothing Else I Can Say) (Е, Е (Ништо друго не можам да кажам)).
The Fame (Славата) и The Fame Monster (Чудовиште на славата) (2008–)
уредиДо 2008 година, Гага се пресели во Лос Анџелес, работејќи потесно со својата снимачка ознака за да го заврши својот деби албум The Fame (Славата). Таа вели дека комбинирала многу различни жанрови во албумот, „од Def Leppard тапани и плескање со рака, до метал тапани од урбани песни“. Таа почнува да работи со колектив наречен Haus of Gaga, кои работат со неа на нејзината облека, поставувањето на сцената и звукот. The Fame (Славата) доби претежно позитивни критики од критичарите; според анкетата од критичарите на музика во Metacritic, албумот добил просечна оценка 71 од 100 можни. Times Online го опиша албумот како „фантастичен микс од Bowie-чки балади, драматично темпо инспирирано од Queen и бројни синт-засновани денс песни што си играат мајтап со богатите деца кои ги прогонуваат ѕвездите“. The Fame (Славата) се искачи на прво место во Австрија, Обединетото Кралство, Канада и Ирска и во првите пет во Австралија и Соединетите Американски Држави. Водечкиот сингл на албумот, „Just Dance“ (Само танцувај), беше објавен на 8 април 2008 година и се искачи на првото место во шест држави – Австралија, Канада, Холандија, Ирска, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Доби Греми номинации за Најдобра Денс Песна, но изгуби наспроти „Harder, Better, Faster, Stronger“ (Посилно, подобро, побрзо, посилно) од Daft Punk. Вториот сингл, „Poker Face“ (Покерско лице), беше објавен на 23 септември 2008 година и стигна на првото место во речиси дваесет држави, вклучувајќи ги и речиси сите огромни музички маркети во светот. „Poker Face“ (Покерско лице) стана нејзиниот втор број еден хит на Billboard Hot 100 во април 2009 година. Потоа, Haus of Gaga го сврте својот фокус подалеку на америкаскиот маркет со тоа што Гага отиде на првата турнеја со дружељубива поп група на Interscope, реформираните New Kids On The Block. Таа го започна ограниченото патување со нив во Лос Анџелес на 8 октомври 2008, и продолжи до крајот на ноември. Нејзината прва северноамериканска турнеја, The Fame Ball Tour (Турнеја Бал на Славата), започна на 12 март 2009 година, и доби позитивен поздрав и одзив од критичарите. Таа ја отвори турнејата на Pussycat Dolls во Обединетото Кралство и во Австралија на нивната World Domination Tour (Турнеја Доминација над Светот) во мај. Нејзините настапи таму беа добро прифатени, со критичар кој напиша дека таа „ги засенила Куклите“. Во тоа време, музичкото видео за нејзиниот меѓународен трет сингл, „LoveGame“ (ЉубовнаИгра), беше забрането од страна на австралискиот канал Network Ten, кои одбија да го пуштат видеото поради тоа што содржело сексуално експлицитни снимки. Гага се појави полугола, носејќи само пластични балони од сапуница, на насловната страница на годишното Hot 100 издание на списанието Rolling Stone во мај 2009 година. Во списанието таа откри дека додека ги правела своите почетоци на клуб сцената во Њујорк, била во романтична врска со хеви-метал тапанар. Таа ја опиша нивната врска и раскинување, велејќи за тоа „Јас бев неговата Сенди, а тој беше мојот Дени (од ‘Брилијантин’), и јас едноставно се скршив“. Тој подоцна станал инспирација зад некои од песните на нејзиниот деби албум The Fame (Славата). Таа подоцна се покаја поради откривањето на нејзината ориентација, велејќи „Јас не сакам да бидам некоја која ја користи геј популацијата да изгледа отфрлено. Јас сум слободна сексуална жена и ми се допаѓа тоа што ми се допаѓа. Не сакам луѓето да пишуваат за мене затоа што се чувствувам така или изгледа дека кажувам, затоа што се обидувам да бидам отфрлена и underground“. Таа претходно и кажа на толпата народ на еден од нејзините концерти дека нејзинта песна „Poker Face“ (Покерско лице) буквално расправа за фантазирање за жена додека е во кревет со маж. Таа се појави на сиглот на раперот Wale, насловен како „Chillin’“ (Уживан’е). Гага беше номинирана за сите девет награди на MTV Video Music Awards во 2009 година, вклучувајќи ги наградите за Видео на Годината, Најдобар Нов Артист, Најдобро Женско Видео и Најдобро Поп Видео за „Poker Face“ (Покерско лице) и Најдобра Дирекција, Најдобро Завршување, Најдобри Специјални Ефекти, Најдобра Кинематографија и Најдобра Уметничка Дирекција за „Paparazzi“ (Папараци). Таа ја освои наградата за Најдобар Нов Артист, додека нејзиниот сингл „Paparazzi“ (Папараци) доби две награди за Најдобра Уметничка Дирекција и Најдобри Специјални Ефекти. Во октомври 2009 година, Гага ја доби наградата на списанието Billboard за Издигнувачка Ѕвезда во 2009 година. Таа присуствуваше на Националната Вечера организирана од страна на Human Rights Campaign во Вашингтон. „Во музичката индустрија сѐ уште постои огромен број на прилагодувањето на хомофобијата. […] Затоа земам учество“, коментираше таа. Гага настапи на излагањето на Imagine (Замисли) на John Lennon, менувајќи го текстот да се однесува на убиството на Matthew Shepard во 1998 година; смртта на студентот е сплотувачки плач за движењето за геј правата. Во ноември 2009 година, таа го најави објавувањето на The Fame Monster (Славното чудовиште), колекција од осум песни коишто се занимаваат со темната страна на славата како што таа ја искусила за време на 2008 до 2009 година, додека патувала околу светот, и сето тоа е изразено преку метафората „чудовиште“. „Bad Romance“ (Лоша романса) беше објавен како нејзин прв сингл од албумот. Се искачи на првите места на топ-листите во Британија, Канада, Ирска, Финска, Данска и Шведска и на првите две места во Соединетите Американски Држави, Италија, Австралија и Нов Зеланд. На 11 декември 2009 година, таа се средна и ја пееше Speechless (Без текст) за кралицата Елизабета II. Таа исто така ја најави The Monster Ball Tour (Турнеја Бал на Чудовишта) поврзана со објавувањето на нејзиниот втор албум. пејачката беше именувана за главен креативен шеф полицаец за линија измислени производи за Polaroid на Consumer Electronics Show на 7 јануари 2010 година. Таа изјави „Работам на тоа да ви донесам инстант филмска камера како дел од иднината“. На 14 јануари 2010 година, Гага мораше да го откаже Monster Ball (Бал на Чудовишта) концертот во Западен Лафајет, Индијана, поради здравствени причини; таа имала проблеми со дишењето во часовите пред шоуто, и лекарите подоцна утврдија дека таа страда од нередовно отчувкување на срцето како резултат на дехидратација и исцрпеност. Во интервју со Barbara Walters, таа порекна една урбана легенда, дека таа е интрасексуалец (хермафродит) и одговори на прашањето со проблемот велејќи: „Во почетокот беше многу чудно и речиси сите кажаа ‘Тоа е навистина јака приказна!’ Но, всушност, јас се портретирам себеси на многу андрогински начин, и ја сакам андрогинијата“. Гага ја освои својата прва Греми Награда на 52 доделување на Греми Наградите на 31 јануари 2010 година. Таа беше номинирана за Песна на Годината, Снимка на Годината и Најдобра Денс Песна за нејзиниот сингл „Poker Face“ (Покерско лице), и ја доби наградата за Најдобра Денс Песна. The Fame (Славата) пак беше номинирана за Албум на Годината и доби Греми Награда за Најдобар Електронски/Денс Албум. Таа победи на сите три Брит Номинации, добивајќи награда за Најдобар Интернационален Пробивачки Артист, Најдобар Интернационален Албум и Најдобар Интернационален Женски Соло Артист.
Born This Way (Родена ваква)
уредиВо текот на 2010 година Гага објави две песни од нејзиниот нов албум. Првата песна беше You and I(Јас и ти) која ја испеа на The Today Show(Денес шоуто). Втората песна беше Living on the radio (Живеам во радиото) која ја испеа на нејзината турнеја. Низ текот на 2010 година Гага изјави дека нејзиниот трет албум е најдобриот до сега. Тоа го потврдија и луѓето кои работе со неа како продуцентот RedOne и Elton John. На 2010 MTV Video Music Awards (2010-те MTV видео музички награди) кога ја прими наградата за видео на годината, Гага го објави името на новиот албум, Born This Way (Родена ваква) и испеа дел од рефренот на истоимената песна. На нова година Гага објави на Twitter дека првиот сингл од новиот албум ќе биде пуштен во продажба на 13 февруари 2011, додека албумот на 23 мај 2011 година. Во втората половина на јануари Гага објави ремикс на една од песните од Born This Way, кој беше премирно пуштен на ревијата на модната куќа Mugler. На крајот од јануари на интернет почнаа да се појавуваат делови од текстот на песната Born This Way, по што Гага на Twitter им вети на своите мали чудовишта дека ако зборот #bornthiswaylyrics стане тренд на Twitter таа ќе ги објави целиот текст за песната. За неполн час зборот станува тренд број еден на Twitter и Гага ги објавува текстот. Во текстот на песната се гледа поддршката која Гага им ја дава на неприфатените групи во општеството како со зборовите "Без разлика дали геј, стрејт, бисексуалец, лезбејски или транссексуален живот На добра патека сум, Родена сум да преживеам" со што сака да ја посочи еднаквоста без разлика на сексуалната ориентација. Во другите делови од текстот таа зборува за расната еднаквост, хендикипираните, како и за луѓето кои се малтретирани од други луѓе. Во неколку наврати таа изјави дека текстот е без многу метафори и директен. На 7 февруари Гага објави на Twitter дека ќе го објави синглот два дена порано на 11ти февруари 2011 година. Следниот ден таа објави слика од синглот каде можеа да се забележат простетски импланти на лицето и рамената на Гага. Песната Born This Way беше објавена на 11ти февруари 2011 година и за неколку часа стана број еден песна на iTunes. Песната сруши многу рекорди и стана 1000от број еден сингл на американската топ 100 листа. Во неделата на доделувањето на Греми наградите Гага повторно привлече внимание кога стигна на црвениот ќилим во јајце која таа го нарекува брод. Таа го образложи целиот настап како повторно раѓање на нова раса во самата раса на човештвото, раса која не знае за предрасуди. Наредната недела Гага објави уште неколку наслови на песни од новиот албум, како и името на вториот сингл Judas. Другите песни од новиот албум според сите шпекулации се: Edge of Glory, Hair,Americano, Government Hooker, Bad Kids, Marry the night, You and I и Living on The Radio.
Музички стил и влијание
уредиЛејди Гага е под влијаније на глам-рок-музичарите какви што се David Bowie и Freddie Mercury, но исто така и од поп артистите какви што се Madonna и Michael Jackson. John Dingwall од Daily Record напиша: „[Гага] вели дека била инспирирана од Madonna и подоцнежниот стил на Michael Jackson, но нејзината број еден инспирација е бил Freddie Mercury.“ Песната на Queen Radio Ga Ga (Радио Га Га) го инспираше нејзиното сценско име. Гага коментираше: „Го обожавав Freddie Mercury и Queen имаа хит којшто се викаше Radio Ga Ga (Радио Га Га). Затоа го сакам името. Freddie беше уникатен – еден од луѓето со најголема персоналност во светот на поп-музиката“. Madonna за Rolling Stone изјави дека се гледа „себеси во Лејди Гага“. Како одговор на споредбите меѓу неа и Madonna, Лејди Гага изјави: „Не сакам да звучам претенциозно, но за цел си поставив да направам револуција во поп-музиката. Последната револуција беше направена од страна на Madonna пред 25 години“. Модната икона/глумица/пејачка Grace Jones исто така беше посочена како инспирација. Таа чесно се меша со пејачката на Blondie, Debbie Harry. Alice Cooper го нарече нејзинот стил „ваудервилански“. Гласот на Лејди Гага повлече постојана компарација со оној на Madonna и Gwen Stefani, додека за структурата на нејзината музика беше речено дека посетува на класичниот поп од ’80 и на европопот од ’90. Како критика за нејзиниот деби албум The Fame (Слава), The Sunday Times тврдеше дека „во комбинирање на музика, мода, уметност и технологија, Лејди Гага ги предизвикува Madonna, Gwen Stefani, Kylie Minogue и Grace Jones во моментот“. Многу слично критиката на Sarah Rodman од Boston Globe кометираше дека таа влече „очигледна инспирација од Madonna до Gwen Stefani... со нејзините женствени, но јаки звуци и меуриливите битови“. Baby A. Gil од The Philippine Star тврдеше дека нејзиниот глас е „токму за микс од денс и рок, токму каков што таа прави“. Alexis Petridis од The Guardian коментираше дека иако, како артист, таа тежнее кон оригиналноста, „поп-музиката не мора да биде заслепувачки оригинална или паметна за да функционира: и требаат звуци, а Лејди Гага е фантастично добра со звуците“. Иако за нејзините текстови се вели дека имаат недостаток од интелектуална стимулација „[таа] успева да те натера да се движиш и танцуваш речиси без напор“. Лејди Гага изјави дека таа е „многу по модата“. Според некои критики таа со своите модни дизајни без панталони се наоѓа на трето место во светот по кретивност.
Достигнувања
уредиИако Лејди Гага е релативно нова на музичката сцена, сепак тоа не ја спречи да има неколку врвни достигнувања. Нејзиниот прв албум The Fame (Славата) се најде на прво место на топ листите во САД и во Велика Британија. Лејди Гага стана исто така и првиот музички изведувач во историјата што имаше четири број еден хитови на деби албум. Нејзиниот втор албум The Fame Monster (Славата чудовиште) исто така се најде на првите места на неколку топ листи, а хитот Bad Romance (Лоша романса) стана најслушаната песна во последните 17 години, влегувајќи дури и во книгата на Гинесови рекорди со 10.456 пати пуштена само на радио. „Bad Romance“ (Лоша романса) стана исто така и најгледаното видео на познатото мрежно место YouTube над 150.000.000 пати погледнато, несметајќи колку пати е погледнато на VEVO YouTube страницата затоа што таму не се води евиденција од таков вид. Видеото за синглот „Paparazzi“ (Папараци) беше вистинско ремек дело и беше едно од најинтересните за 2009 година, со времетраење од над седум минути. Неговото продолжение беше најновиот спот на Гага во придружба со мегапопуларната Beyoncé, кој излезе на 12 март 2010 година, видеото насловено како „Telephone“ (Телефон) кое трае точно 9 минути и 32 секунди. Гага и Beyoncé снимија уште едно видео пред Telephone (Телефон), во октомври 2009, насловено како Video Phone (Видеофон) каде што Гага беше придружник на Beyoncé.
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- The Fame (2008)
- Born This Way (2011)
- Artpop (2013)
- Joanne (2016)
- Chromatica (2020)
- Harlequin (2024)
- TBA (2025)
Видеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Just Dance | 2008 | Мелина Мацукас |
Beautiful, Dirty, Rich | 2008 | Мелина Мацукас |
Poker Face | 2008 | Реј Кај |
Eh, Eh (Nothing Else I Can Say) | 2009 | Џозеф Кан |
LoveGame | 2009 | Џозеф Кан |
Chillin | 2009 | Крис Робинсон |
Paparazzi | 2009 | Џонас Акерлунд |
Bad Romance | 2009 | Френсис Лавренс |
Video Phone | 2009 | Хјуп Вилијамс |
Telephone | 2010 | Јонас Акерлунд |
Alejandro | 2010 | Стивен Клајн |
Born This Way | 2011 | Ник Најт |
Judas | 2011 | Лејди Гага,Лоријан Гибсон |
The Edge of Glory | 2011 | Haus of Gaga |
3-Way (The Golden Rule) | 2011 | Акива Шафер,Хорма Таконе |
You and I | 2011 | Лоријан Гибсон |
Marry the Night | 2011 | Лејди Гага |
Applause | 2013 | Инес Ван Ламсвирд,Винуд Матадин |
G.U.Y. | 2014 | Лејди Гага |
Til It Happens to You | 2015 | Кетрин Хардвик |
Perfect Illusion | 2016 | Рут Хогбен,Андреа Жералдин |
Million Reasons | 2016 | Лејди Гага,Рут Хогбен,Андреа Жералдин |
John Wayne | 2017 | Џонас Акерлунд |
Shallow | 2018 | — |
Look What I Found | 2018 | — |
I'll Never Love Again | 2018 | — |
Stupid Love | 2020 | Даниел Аскил |
Rain On Me | 2020 | Роберт Родригес |
911 | 2020 | Tarsem Singh |
Hold My Hand | 2022 | Џозеф Косински |
Die With A Smile | 2024 | Бруно Марс,Даниел Рамос |
Disease | 2024 | Тану Муињо |
Тв верзии
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Love For Sale | 2021 | Jennifer Lebeau |
I've Got You Under My Skin | 2021 | Jennifer Lebeau |
Dream Dancing | 2021 | Jennifer Lebeau |
Night And Day | 2021 | Jennifer Lebeau |
Филмографија
уреди2013. | Machete Kills | La Chameleón |
2014. | Sin City: A Dame to Kill For | Берта |
2015. | American Horror Story: Hotel | Елизабет Џонсон/The Countess |
2016. | American Horror Story: Roanoke | Scáthach |
2017. | Gaga: Five Foot Two | самата себе |
2018. | A Star Is Born | Ели |
2021. | House of Gucci | Патриција Реџани |
2024. | Joker: Folie à Deux | Харли Квин |
Наводи
уреди- ↑ Birth details:
- „Artists: Lady Gaga“. NME. Архивирано од изворникот October 1, 2017. Посетено на September 19, 2017.
- Spedding, Emma (March 28, 2013). „It's Lady Gaga's 27th Birthday! We Celebrate With Her 10 Style Highlights Of The Year“. Grazia. Архивирано од изворникот на April 2, 2013.
- ↑ Family background details:
- Graves-Fitzsimmons, Guthrie (February 5, 2017). „The provocative faith of Lady Gaga“. The Washington Post. Архивирано од изворникот February 6, 2017. Посетено на October 27, 2017.
- Kaufman, Gil (January 26, 2012). „Lady Gaga Opens Italian Restaurant With Her Dad“. MTV News. Архивирано од изворникот October 29, 2017. Посетено на October 29, 2017.
- „Lady Gaga“. Elle. December 1, 2009. Архивирано од изворникот December 4, 2018. Посетено на December 3, 2018.
Дополнителна литература
уреди- Херберт, Емили (2010). Lady Gaga: Queen of Pop. John Blake Publishing. ISBN 978-1-84454-963-4.
- Парвис, Сара (2010). Лејди Гага. Andrews McMeel Publishing. ISBN 0740797956.
- Феникс, Хелија (2010). Lady Gaga: Just Dance—The Biography. Orion Publishing Group. ISBN 978-1-40911-567-0.
- Гудман, Елизабет (2010). Lady Gaga: Critical Mass Fashion. St. Martin's Press. ISBN 0312668406.
- Морган, Џони (2010). Гага. Sterling Publishing. ISBN 1402780591.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Лејди Гага на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Year in Gaga: A Provocative 2010 Архивирано на 19 декември 2010 г.— слајдшоу од Life magazine
- Lady Gaga’s catwalk debut at Paris Fashion Week Архивирано на 13 јули 2011 г. слајдшоу од IBTimes HK Архивирано на 11 септември 2011 г.