The Righteous Brothers ― американско музичко дуо чиј прв состав го сочинувале Бил Медли и Боби Хетфилд, а денес го сочинуваат Бил Медли и Баки Херд. Групата е основана во 1963 година. Тие својот прв заеднички настап го имале во 1962 година како дел од петчлена група наречена Paramours,[1] а името The Righteous Brothers го зеле кога станале дуо. Најактивни биле во 1960-тите и 70-тите, а по неколку години пауза како дуо, Хетфилд и Медли повторно се здружиле во 1981 година и продолжиле да настапуваат до смртта на Хетфилд во 2003 година. Нивната музика понекогаш се нарекува „синоок соул“.

The Righteous Brothers
The Righteous Brothers на настап
Боби Хетфилд (лево) и Бил Медли
Животописни податоци
ПотеклоОкруг Оринџ, Калифорнија, САД
ЖанровиПоп, соул, рок
Период на активност1962–1971, 1974–1976, 1981–2003, 2016–денес
Издавачи
Членови
Поранешни членови

Стекнале популарност по објавувањето на песната "You've Lost That Lovin' Feelin" продуцирана од Фил Спектор која често се смета за едно од неговите најдобри дела и запис од исклучително значење за популарната музика. Други хит песни на The Righteous Brothers се „Just Once in My Life“, „Unchained Melody“ (огромен хит и во 1990 година откако била вметната во филмот Дух), „Ebb Tide“ - и американскиот огромен хит од 1966 година „(You're My) Soul and Inspiration“, заедно со хитот од 1974 година „Rock and Roll Heaven“. Хетфилд и Медли, извесно време имале и свои соло кариери. Во 2016 година, Медли со Баки Херд повторно го формирал дуото The Righteous Brothers.[2]

The Righteous Brothers биле примени во Рокенрол Куќата на славните во 2003 година и во Куќата на славните вокални групи во 2005 година.[3] Ролинг Стоун ги рангирал на 16 место на неговата листа на 20 најдобри дуа на сите времиња.[4]

Музичка кариера

уреди

Боби Хетфилд и Бил Медли пееле во различни групи пред да се сретнат - Хетфилд бил во група од Анахајм наречена Variations, а Медли во група од Санта Ана наречена Paramours.[5] Откако еден член од Paramours во 1962 година решил да ја напушти групата, Хетфилд и Медли основале нова група со исто име.[6] Потпишале со мала издавачка куќа Moonglow во 1962 година. Но петчлената група немала забележителен успех и набрзо се распаднала, а Хетфилд и Медли од 1963 продолжиле да настапуваат како дуо.[7]

The Righteous Brothers, со издавачот Moonglow објавиле три албуми и 12 синглови,[8][9] Во август и септември 1964 година, биле предгрупа на Битлси во нивната прва турнеја во САД.[10] Нивниот следен албум бил Some Blue-Eyed Soul (Малку синоок соул); терминот синоок соул за првпат бил употребен од црните диџеи за да се опише музиката на The Righteous Brothers, а потоа станал општ термин за сите белци кои пееле она што тогаш се сметало за „црнечка музика“.[11] Во октомври и ноември 1964 година, биле предгрупа на Ролинг Стоунс во нивната американска турнеја.[12]

Во 1964 година, музичкиот продуцент Фил Спектор се сретнал со Righteous Brothers.[13] Спектор бил импресиониран од нив и се договорил со Мунглоу да му дозволат да снима и издава песни од Righteous Brothers во САД, Канада и Велика Британија под неговата издавачка куќа, Philles Records.[14] [15]

Спектор им дал задача на Бери Ман и Синтија Веил да напишат песна за нив, и така била создадена „You've Lost That Lovin' Feelin'“. [13] [16] Песната, објавена кон крајот на 1964 година, станала нивен прв голем хит сингл и во февруари 1965 година се искачила на врвот на топ листата. Според BMI, „You've Lost That Lovin' Feelin'“ станала најслушана песна на американското радио и телевизија во 20 век, со преку осум милиони емитувања до крајот на 1999 година.[17]

The Righteous Brothers имале уште неколку други хит песни со Philles Records во 1965 година, како „Just Once in My Life“ и „Unchained Melody“.[18]

По успехот со „Unchained Melody“, Спектор со Righteous Brothers започнал да објавува постари песни, како „Ebb Tide“. Хетфилд бил единствен вокал на „Unchained Melody“ и „Ebb Tide“, и двете биле песни што Боби Хетфилд ги извел со неговата прва група, Variations. [19] Последниот објавен сингл со Philles Records бил „The White Cliffs of Dover“.[19]

Во 1966 година Righteous Brothers потпишале со Verve / MGM Records, по што Спектор ги тужел, а МГМ му исплатила 600.000 долари. [20] Нивната следна песна од 1966 година, „(You're My) Soul and Inspiration“ била слична на песните од Фил Спектор. Песната набрзо станала нивна втора песна на врвот на топ листите во САД.[20]

Откако во 1968 г. Медли решил да започне соло кариера дуото се разделило. Останале разделени во следните 6 години.

Во 1974 година, Медли и Хетфилд го објавиле нивното повторно обединување.[8] Потпишале со Haven Records, а за дистрибуцијата бил задолжен Capitol Records. Неколку недели по здржувањето, ја снимиле песната од Алан О'Деј "Rock and Roll Heaven", во која се воспеваат неколку починати рок пејачи. Песната станала хит на Billboard Hot 100. По 1975 година, Righteous Brothers не успевале да се пласираат на топ листите освен за реизданија на постари песни и компилациски албуми.

Смртта на Хетфилд

уреди

На 5 ноември 2003 година, Боби Хетфилд бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во Каламазу, Мичиген, непосредно пред настап на концерт со Бил Медли. Извештајот од обдукцијата покажал дека починал од срцева слабост предизвикана од кокаин. [21] Бил Медли одредено време по смртта на Хетфилд продолжил да настапува како соло уметник.[22]

2016: Возобновување на „The Righteous Brothers“

уреди

Во јануари 2016 година, Медли изјавил дека сака да ги возобнови Righteous Brothers за прв пат од 2003 година. Покојниот Хетфилд бил заменет со Баки Херд. [23] Ги пеат некои од најпознатите песни на Righteous Brothers, како што се „You've Lost That Lovin' Feelin'“, „Soul & Inspiration“, „Unchained Melody“, но и подоцнежната „Rock and Roll Heaven“, како и „The Time of My Life“ на Бил Медли. [24]

Награди и номинации

уреди

The Righteous Brothers биле два пати номинирани за Греми. Во 1965 година биле номинирани за песната „You've Lost That Lovin' Feelin“.[25] Препевот на песната „Unchained Melody“ бил номиниран за најдобра поп вокална изведба од дуо или група на Греми во 1991 година. [26] Тие, исто така, ја освоиле наградата најдобра нова пејачка група на Билборд во 1965 година [27]

The Righteous Brothers биле примени во Рокенрол Куќата на славните на 10 март 2003 година. [28] Во 2005 биле примени во Куќата на славните вокалисти.[3]

Членови

уреди

Сегашни членови

  • Бил Медли (1962–1968, 1974–1976, 1981–2003, 2016–сега)
  • Баки Херд (2016-денес)

Поранешни членови

  • Боби Хетфилд (1962–1971, 1974–1976, 1981–2003; починал 2003)
  • Џими Вокер (1968–1971; починал во 2020 година)

Наводи

уреди
  1. „The Paramours“. Tsimon.com. Посетено на 2013-03-27.
  2. Leach, Robin (March 23, 2016). „The Righteous Brothers reborn: Bill Medley's emotional Harrah's residency“. Las Vegas Sun. Архивирано од изворникот на November 22, 2016. Посетено на November 22, 2016.
  3. 3,0 3,1 „The Righteous Brothers - Music Inductees“. The Vocal Group Hall of Fame (англиски). Посетено на 2022-01-14.
  4. Празен навод (help)
  5. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 10–11. ISBN 978-0306823169.
  6. „THE PARAMOURS - There She Goes“. Whitedoowopcleector.blogspot.com. October 20, 2008.
  7. Haunted Las Vegas: Famous Phantoms, Creepy Casinos, and Gambling Ghosts. Globe Pequot Press. 2012. стр. 64. ISBN 9780762789108.
  8. 8,0 8,1 Frank Hoffmann (2005). Rhythm and Blues, Rap, and Hip-hop. Facts on File. стр. 225–226. ISBN 9780816069804.
  9. Bob Leszczak (December 11, 2014). Encyclopedia of Pop Music Aliases, 1950–2000. Rowman & Littlefield Publishers. стр. 283. ISBN 9781442240087.
  10. Kenneth Womack (2014). Beatles Encyclopedia, The: Everything Fab Four: Everything Fab Four. Greenwood. стр. 935–936. ISBN 9780313391729.
  11. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 18. ISBN 978-0306823169.
  12. Scott Iwasaki (June 24, 2014). „Righteous Brother Bill Medley will share stories with Park City“. The Park Record.
  13. 13,0 13,1 Steve Sullivan (October 4, 2013). Encyclopedia of Great Popular Song Recordings, Volume 2. Scarecrow Press. стр. 101–103. ISBN 978-0810882959.
  14. Mick Brown (April 7, 2008). Tearing Down The Wall of Sound: The Rise And Fall of Phil Spector. Bloomsbury Publishing. стр. 171. ISBN 978-0747572473.
  15. Mark Ribowsky (2 May 2000). He's a Rebel: Phil Spector--Rock and Roll's Legendary Producer. Cooper Square Press. стр. 184–185. ISBN 9781461661030.
  16. Avram Mednick (12 June 2000). The 100 Greatest Rock 'n' Roll Songs Ever. iUniverse. стр. 201. ISBN 978-0595093045.
  17. „BMI Announces Top 100 Songs of the Century“. BMI. 1999-12-13. Посетено на 2013-03-27.
  18. „Unchained Melody at Songfacts“. Songfacts.com. Посетено на 2013-03-27.
  19. 19,0 19,1 „Righteous Brothers“. Rock&Roll Hall of Fame.
  20. 20,0 20,1 Mark Ribowsky (2 May 2000). He's a Rebel: Phil Spector--Rock and Roll's Legendary Producer. Cooper Square Press. стр. 211213. ISBN 9781461661030.
  21. Strauss, Neil (January 8, 2004). „The Pop Life; Drugs, Demons: A Man In a Mask“. The New York Times. Посетено на September 18, 2007.
  22. Bob Leszczak (December 11, 2014). Encyclopedia of Pop Music Aliases, 1950–2000. Rowman & Littlefield Publishers. стр. 285. ISBN 9781442240087.
  23. „Bill Medley Reforms The Righteous Brothers with New Duet Partner for Las Vegas Residency“. ABC News Radio. February 5, 2016. Архивирано од изворникот на February 22, 2016.
  24. „The Righteous Brothers to perform at Harrah's Las Vegas starting March 23“. www.casinocitytimes.com.
  25. „Grammy Awards 1965“. Awards & Shows.
  26. „33rd Grammy Awards – 1991“. Rock on the Net.
  27. Billboard. April 3, 1965. стр. 39.
  28. „Billy Joel inducts The Righteous Brothers Rock and Roll Hall of Fame inductions 2003“. Rock & Roll Hall of Fame. Архивирано од изворникот на 2015-11-18.

Надворешни врски

уреди