Мерил Стрип

американска глумица

Mерил Стрип (родена на 22 јуни 1949) — американска глумица која работи во полето на филмската продукција, театарот и телевизијата. Таа се смета за една од најталентираните и најпочитувани глумици во модерната ера.[1][2][3]

Мерил Стрип
Мерил Стрип на Берлинскиот филмски фестивал во 2016 година
Роден(а)Мери Луиз Стрип
22 јуни 1949(1949-06-22)(74 г.)
Самит, Њу Џерси, САД
НационалностСАД Американка
ЗанимањеГлумица
Активен период1971–до денес
СопружникДон Гамер (в. 1978)
ПартнерЏон Казал (1976-1978)
Деца4 деца
Потпис
Страница
merylstreeponline.net

Стрип своето прво професионално деби на сцената го направила во 1971 година во Плејбојот од Севил, пред нејзиното деби на екраните во филмот Најслабата Сезона во 1977 година. Истата година дебитирала со филмот Џулија. Нејзиниот успех дошол до израз набргу со нејзината улога во Ловец на елени (1987) и Крамер против Крамер (1979). Првонаведениот филм и ја овозможил на Стрип нејзината прва номинација за Оскар, а вториот нејзината прва награда. Подоцна таа освоила награда за најдобра глумица, за нејзината улога во Изборот на Софи (1982). Третиот Оскар таа го добила за улогата како Маргарет Тачер во биографскиот филм Челичната дама (2011).

Стрип била номинирана 20 пати за Филмска Награда на Академијата на САД, од кои, трипати ја освоила, и се здобила со 30 номинации за Златен Глобус, од кои освоила осум, со што станала единствената глумица која се здобила со најголем број номинации во историјата на оваа манифестација. Таа освоила и две Еми награди, од страна на здружението за филмски глумци исто така две награди, награда од Канскиот филмски фестивал, пет награди од страна на здружението на филмски критичари на Њујорк, пет Греми номинации, две награди од страна на Британската Академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), две награди од аАвстралискиот филмски институт и номинација за Тони награда. Во 2004 година од страна на Американскиот филмски институт таа добила награда за животно дело.

Ран живот и биографија уреди

Стрип е родена во Самит, Њу Џерси[4] а нејзиното правилно име е Мари Луис Џерси. Таа е ќерка на Мари Волф(родена Вилкинсон) рекламен уметник и поранешен уметнички уредник, и Хари Вилијам Стрип фармацевски управник. Таа има двајца браќа, Дана и Хери. Предците на нејзините родители потекнуваат од Лофнау, Германија, од таму нејзината прапра баба Готфрид Стриб емигрирала во Соединетите Американски Држави, каде што еден од нејзините предци бил градоначалник. Дел од фамилијата на Стрип е од Гисвил, мало гратче во Швајцарија. Нејзините предци од страната на мајка потекнуваат од Пенсилванија и Род Ајленд. Нејзиниот осми по ред прадедо, бил еден од првите Европејци кои го населиле Род Ајленд. Стрип исто така е далечна роднина на Вилијам Пен, основачот на Пенсилванија, и постојат записи кои сведочат дека нејзината фамилија била една од првите откупувачи на земја во Пенсилванија.

Таа пораснала во Бернардсвил Њу Џерси каде учеше во локалното училиште и била воспитувана во духот на Презвитеријанството. Таа дипломира во областа на Драмата на Колеџот “Васар” во 1971 (кадешто кратко време добива инструкции од глумицата Жан Артур), но исто така се запишува на колеџот “Дартмут” преку програма за размена на студенти, за едно тримесечје. Подоцна, таа од страна на училиштето за драма во Јел, се здобива со титулата Магистер по музички уметности. За време на нејзиното школкување во Јел таа игра разновидни улоги на сцената од глемурозната “Хелена” и “Сон на летната ноќ”, до осумдесет годишна старица во количка за инвалиди во комедија напишана од тогаш непознатите драматурзи Кристофер Дуранг и Алберто Инатурато. Тогашниот декан Роберт Бруштајн речe: “ таа е предодредена да биде славна”

Кариера уреди

Рана Кариера уреди

Откако дипломира за училиштето за драма во Јел, Стрип настапува во неколку театарски постановки во Њујорк, вклучувајќи го Фестивалот на Шекспир во Њујорк, со што таа земе учество во “Хенри петти”, “Скротената Горопадница” со Раул Јулија и во „Око за Око, Заб за Заб“ заедно со Сам Ватерстон и Џон Казал, кој стана нејзин вереник. Таа учествуваше на Бродвеј во мјузиклот „Среќен Крај“ и освои награда за најзиното пеење во ”Алиса во Палатата”- награда која не е од Бродвеј.

 
Мерил Стрип

Стрип започна со аудиции за филмски улоги , меѓутоа не беше одбрана на аудицијата за главна улога во филмот “Кинг Конг” на режисерот Дино Де Лаурентис. Тој искоментира на неговиот син на италијански, “Таа е одвратна. Зошто ми ја доведе?” и се шокира кога Стрип му одговори на течен Италијански. Стрип за првпат се појави во филмот “Јулија” (1977) каде што таа играше мала, но главна улога за време на ретроспективната сцена. Стрип живееше во Њујорк со нејзиниот вереник, Казал, на кој му беше дијагностицирано рак на коските.[5] Нему му беше доделена мала улога во „Ловец на Елени“ (1978) и Стрип беше среќна затоа што беше со него за време на снимањето. Таа не беше посебно заинтересирана за улогата за која искоментира “Ним им Беше потребна девојка помеѓу две момчиња и јас бев тоа”.

Таа играше главна улога во телевизиските мини-серии „Холокауст”“ (1978) како жена омажена со Еврејски уметник во Нази Ера, Германија. Подоцна таа изјави дека ја прифатила улогата само затоа што и требаат пари, а материјалот го смета за “премногу аристократски”. Стрип заминува во Германија и Австрија на снимање додека нејзиниот вереник Казал, останува во Њујорк. По нејзиното враќање Стрип сфаќа дека неговата болест веќе е во напредна фаза, и таа го негува сè до неговата смрт 12 март 1978. Таа зборуваше за нејзината тага, и за нејзината надеж дека работата ќе и го одвлече вниманието од тажните мисли. Ја прифати улогата во “Заведувањето на Џо Тјунан” (1979) со Алан Алда, и ја играше улогата на Кетрин во “Времето на опаката жена”, со проценета публика од 109 милиони луѓе. По снимањето на „Холокауст“ Стрип веќе беше јавно препознавана. Таа ја освои Еми наградата за извонредна главна улога- во минисерија или филм.

Ловец на Елени“ беше пуштен еден месец подоцна, и со нејзиниот настап Стрип беше номинирана за Академска Награда за најдобра споредна улога.

Стрип играше споредна улога во “Менхетен” (1979) на Вуди Ален, изјавувајќи подоцна дека го нема видено целото сценарио, бидејќи и биле дадени само шест страни од нејзините сцени , и дека не и било дозволено да импровизира ниту збор во нејзиниот дијалог. На прашањето да даде мислење за сценариото за "Крамер против Крамер”(1979) на една средба со продуцентот Стан Џафи, директорот Роберт Бентон и ѕвездата Дастин Хофман, Стрип ијави дека оваа женска улога не е карактеристична за многу жени кои се соочени со прекин на бракот и со битка за добивање старателство над децата, потенцирајќи го лошото сценарио. Џефи, Бентон, и Хофман се согласија со мислењето на Стрип по што сценариото било изменето. Во подготовките за нејзината улога, Стрип разговара со мајка и за улогата на мајка и жена со кариера и го посетува Апер Ист Сајд кадешто беше снимен филмот. Бентон и дозволи на Стрип да го напише својот дијалог за две од нејзините клучни сцени, и покрај спротивставувањето на Хофман. Подоцна Џефи и Хофман разговараа за неуморливата Стрип. Коментарот на Хофман беше : “ Таа е одличен работник ” Јас мислам дека таа е целосно посветена на работата”.

Стрип доби пофални критики за улогата во сите три филма кои беа прикажани во 1979: романтичната комедија "Менхетен" , политичката драма “Заведувањето на Џо Тјунан” и семејната драма “Крамер против Крамер”. Таа за својата работа во трите филма освои награда за најдобра споредна улога од страна на: Здружението на Филмски критичари од Лос Анџелес, Комисијата за критички осврт и Здружението на филмски критичари. Помеѓу освоените награди за “Крамер против Крамер” беа и Академската награда и Златниот глобус за најдобра споредна улога.

1980-тите уреди

 
Стрип на доделувањето на академските награди, 1989

По значајните споредни улоги во два од најуспешните филмови во 1970-те, кои последователно освоиле „Оскар“ за најдобар филм - „Ловец на елени” и „Крамер против Крамер“, Стрип почнала да добива главни улоги. Нејзина прва главна улога била во филмот „Жената на францускиот поручник“ (1981). Филмот е драма во која Стрип игра заедно со Џереми Ајронс, кои како современи глумци ја пренесуваат приказната исто како да глумат во драма од Викторијанската ера. Во една статија на Њујорк Магазин се вели дека Стрип е „камелеон“ кој со голема волја ги глуми сите улоги, за разлика од многу глумици од минатото кои биле способни само за одреден вид на улоги. На Стрип и беше доделена награда за најдобра главна улога од страна на Британската академија за филмска уметност.

Со нејзиниот следен филм, психолошкиот трилер „Тишината на ноќта“ (1982) таа ја продолжила соработката со Роберт Бентон, режисерот на „Крамер против Крамер“ играјќи ја главната улога, заедно со Рој Шејдер и Џесика Танди. Винсент Кенби во „Њујорк Тајмс“ напишал дека со овој филм му се оддава почит на Алфред Хичкок, но дека еден од недостатоците на филмот е недостатокот на хемија помеѓу Мерил и Рој, заклучувајќи дека Стрип е извонредна глумица, но ја нема доволно на екранот.

Како преживеана од полскиот Холокауст во „Изборот на Софи“ емоционалната глума и нејзиното мајсторство за полскиот акцент добија пофалби. Вилијам Стирон го напишал сценариото носен со идеја дека главниот женски лик треба да го толкува Урсула Андерс, но Стрип беше одлучна да ја добие таа улога. Откако таа добила нелегална копија од сценариото, отишла кај Алан Пакула и го замолила да ѝ ја додели таа улога нејзе. Стрип ја снима сцената „избор“ само еднаш и одбива да ја снима пак, затоа што сцената е премногу емотивна .Меѓу неколкуте значајни награди за глума, Стрип ја освои Наградата на Академијата за најдобра глумица. Роџер Иберт за нејзината глума изјави: „Стрип ги глуми Бруклинските сцени со воодушевувачки полско-американски акцент”(таа го има акцентот до кој секогаш сакам да се држам) и ги одигрува ретроспективите со превод на Германски и Полски. Не постои емоција која Стрип не може да ја одглуми во овој филм и ние не бевме сме свесни за нејзиниот напор. Ова е една од најневеројатните и најприродните претстави што постојат“.

Нејзиниот успех ја следеше и во филмот “Силквуд” (1983) во кој таа играше улога од вистинскиот живот, глумејќи ја Карен Силквуд, која е дел од здружението на активистите. Во интервју со Роберт Иберт, таа дискутираше за подготовките за филмот велејќи дека ги запознала луѓето кои и биле блиски на Силквуд за да научи повеќе за неа, и со тоа сфати дека секоја личност на различен начин ја опишува Силквуд. Стрип главно се концентрира на настаните од животот на Силквуд и заклучи : “Јас не се обидувам да се претворам во Карен, јас само се обидувам да погледнам во тоа што таа го направи. Ги споив сите информации што можев да ги најдам во врска со неа... На крај погледнав во случувањата во нејзиниот живот и се обидов да ја разберам и одвнатре”. Нејзините следни филмови беа романтичната драма “Заљубена”(1984) со Роберт де Ниро и Британската драма “Изобилство”(1985). За глумата на Стрип во филмот “Изобилие” Роберт Иберт вели: “тешко е да се глуми неурамнотежена, невротична, самоуништувачка жена и тоа со таква благост и шарм. Стрип го создава целиот лик на жена која едноставно е каталог од симптоми”.

Во “Надвор од Африка”(1985) играше како Данската писателка Карен Бликсен заедно со Роберт Редфорд. Филмот доби 63 % од гласовите на Ротен Томејтос што претставува значаен критички успех. Стрип глуми заедно со Џек Николсон во нејзиниот следен филм “Горушица”(1987) во 1977. Во “Плач во ноќта” (1988) таа глумеше биографска улога на Линди Чамберлејн, австралијанка која е обвинета за убиство на нејзината ќерка, на што таа тврди дека нејзиното бебе било грабнато од Динго (куче). За нејзините глумечки активности во Австралија, таа ги освои: Австралијанската филмска награда од Институтот за најдобра глумица во главна улога, Награда за најдобра глумица на Канскиот фестивал, и од страна на Кругот на филмски критичари од Њујорк, награда за најдобра женска улога и беше номинирана за неколку други награди за ликот на Чемберлејн.

Во ”Вештерка”(1989), Стрип ја играше нејзината прва комична улога, наспроти Росан Бар. Ричард Корлис, кој пишува за “Тајм” искоментира дека Стрип е единствената причина за да се гледа овој филм и забележа дека таа го напушти типот на улога по кој беше позната.

90-тите уреди

Од 1984 до 1990, Стрип освои 6 Награди по избор на публиката за омилена глумица, и во 1990 беше прогласена за светски омилена глумица. Во 1990-тите, Стрип продолжи да избира многу разновидни улоги, вклучувајќи и улога на глумица која е зависник од наркотици според романот од Кери Фишер “Разгледници од работ” заедно со Денис Квејд и Ширли МекЛејн. Стрип и Голди Хан се спријателија, и покажаа интерес за снимање на филм заедно. По разгледувањето на различни проекти, тие се одлучија за “Телма и Луис”, но бременоста на Стрип се совпадна со распоредот за снимањето и продуцентите одлучија да продолжат со Сузан Сарандон и Џина Дејвис. Веднаш потоа тие ја снимија фарсата “Death becomes Her” заедно со Брус Вилис во главните улоги.

Биографот Карен Холинџер го опишува овој период како кризен за нејзината филмска популарност, која ја достигна најниската точка со пропаѓањето на “Death Becomes Her” препишувајќи му го ова делумно на критичката перцепција за нејзините комедии, кои претставуваат обид да се прикаже посветла слика проследена со неколку сериозни но комерцијално неуспешни драми, и уште поважно на недостигот на опции на располагање на една глумица во нејзините четиресети. Стрип Коментираше дека таа ги имаше ограничено нејзините опции, бидејќи претпочита да работи во Лос Анџелес, близу до нејзината фамилија, ситуација која таа ја предвидува во 1981година во интервју кога изјави : “Кога една глумица е во средината на четириесеттите повеќе никој не е заинтересиран за неа”.

Стрип се појави заедно со Глен Клоуз во фимската верзија на Изабел Аленд “Куќата на духовите” филмска адаптација на “Мостовите на округот Медисон” со Клинт Иствуд,“Дивата река” , “Собата на Марвин”( со Дајана Китон и Леонардо Ди Каприо), “Една вистинска работа” и ”Музика на срцето” , во улога за кој беше потребно да научи да свири на виолина. Таа беше номинирана за награда за најдобра глумица во главна улога за “Мостовите на округот Медисон”, “Музика на срцето” (кадешто ја игра улогата на Роберта Гаспари) и “Една вистинска работа”.

2000-2010 година уреди

Во 2001 Стрип го позајми својот глас за Сината самовила во филмот на Стивен Спилберг “Вештачка Интелигенција” , научна фантастика за детето андроид, кое го игра Хејли Џоел Осмент ,уникатно програмиран со способноста да сака. Филмот доживеа критички, и комерцијален успех и заработи 235.9 милиони долари на меѓународно поле. Истата година Стрип учествуваше на годинашниот концерт “Нобелова награда за мир” со Лиам Нисон во Осло, Норвешка.

Во 2002 Стрип и Николас Кејџ ги толкуваа главните улоги во комедијата “Адаптација” на Спајк Џоунс, прикажувајќи го реалниот живот на новинарката Сузан Орлеан. Стрип покажа голем интерес за улогата, и пред тој да биде отфрлен таа зеде помал приход во прилог за буџетот на филмот. Пофалена од критичарите, и гледачите исто така филмот беше номиниран за оскар за најдобро адаптирано сценарио и го доби оскарот, на што Дејвид Ансен рече дека не било многу забавно да се види како таа го освојува четвртиот златен глобус во категоријата за најдобра споредна женска улога. Исто така во 2002 Стрип се појави заедно со Никол Кидман и Џулијан Мур во “Часови”, во режија на Стивен Далдри. Врз основа на истоимениот роман од Мајкл Кјунингам, филмот се фокусира на три жени од различни генерации, чии животи се меѓусебно поврзани со романот “Госпоѓа Деловеј” од Вирџинија Вулф.

Овој филм генерално беше добро примен, и доби пофалби за одличниот настап на трите главни глумици, кои следната година ја споделија наградата “Сребрена мечка за најдобра глумица”. Питер Траверс од Ролинг Стоунс изјави : Овие три идеални глумици му даваат посебна убавина на “Часови”. Стрип е чудотворна глумица која ги гради ликовите во простор меѓу зборови и светови.

 
Стрип во 2004

Следната година Стрип имаше краток настап во комедијата “Затрескана во тебе” на Браќата Ферили (2003), и ја обнови соработката со режисерот Мајк Николс, појавувајќи се во главните улоги заедно со Ал Пачино и Ема Томпсон во адаптацијата на “Ejџ Би О” во шест часовната драма “Ангели во Америка”, приказна за две двојки чии врски завршуваат во ерата на политиката на претседателот Роналд Реган, ширењето на СИДА-та и брзото менување на социјалната и политичката клима. На Стрип и беа доделени четири ралични улоги во мини-серии, кои и овозможија освојување на втората “Еми Награда”, и петтиот “Златен Глобус” за нејзините улоги.

Во 2004 Стрип доби награда АФИ за “животно дело” од страна на одборот на директори на Американскиот филмски институт, којшто наградува индивидуалци кои придонесуваат за збогатување на Американската култура преку филмовите и телевизијата. Истата година таа се појави во главните улоги во “Манџурски кандидат” римејк на Џонатан Дим, заедно со Дензел Вашингтон, кадешто таа прифати улога што потекнува од Ангела Лансбури, играјќи ја улогата на американска сенаторка и манипулативна, немилосрдна мајка на кандидат за потпретседател. За нејзината улога, во весникот “Сан Франциско хроникал” Мик Ла Сал изјави : Никој не може да зборува за глума во “Манџурски Кандидат” без да изрази воодушевување за Стрип. Вистинско задоволство е да се гледа, и да и се восхитува додека ги толкува улогите. Трилерот доживеа голем успех и заработи 96 милиони американски долари. Исто така во 2004 Стрип ја играше споредната улога на тетка Џозефина во Лемони Сникет –“низа од несреќни случки “ заедно со Џим Кери, заснована на првите три романи на Сникет. Комедијата со црн хумор доби генерално поволни критики од страна на критичарите, и заработи околу 209 милиони долари во светот и освои оскар за најдобра шминка.

Следната улога која и беше доделена на Стрип беше во 2005 во комедијата “Два света” во режија на Бен Јонгер. Во филмот таа ја толкуваше Лиза Метсгер, еврејска психоаналитичарка на разведена и осамена бизнис жена чиј лик го игра Ума Турман, која започнува врска со 23 годишниот син на Метсгер (Брајан Гринберг). Филмот постигна скромен успех и заработи вкупно 67.9 американски долари на интернационално ниво.

Стрип во 2006 започна со снимање на последниот филм на режисерот Роберт Алтман – “Последното шоу” каде има ансамблска поделба на улоги со Томи Ли Џонс, Кевин Клајн и Вуди Харелсон. филмот ги прикажува активностите зад сцената на истоименото шоу на радио. Стрип заедно со Лили Томлин ги глумеа последните два љубители на кантри-музиката. По пуштањето на неколку филмски фестивали, филмот заработи повеќе од 26 милиони долари, од кои поголемиот дел беа од домашниот пазар. Стрип помина подобро со улогата во “Ѓаволот носи Прада”(2006) лабава филмска адаптација на истоимениот роман на Лорен Визбергер(2003). Појавувајќи се во главните улоги заедно со Ен Хатавеј – дипломиран студент кој заминува во Њујорк и се вработува како помошник-асистент. Стрип ја одигра моќната и строга уредничка на моден магазин- Миранда Пристли инспирирана од уредничката на “Вог” Ана Винтур. Стрип доби позитивни критики од критичарите и подоцна беше номинирана за многу награди, вклучувајќи ја и рекордната 14та номинација за оскар, како и освојувањето на уште еден Златен Глобус.

Во неговиот осврт за “Њујорк Дејли Њус” Џек Метју напиша : ”Винтур треба да биде почестена од интерпретацијата на Стрип”. По прикажувањето на фимот Мерил Стрип ја постигнува најголемата слава дотогаш, заработувајќи повеќе од 326.5 милиони долари во светот.

 
Стрип со глумечката екипа и членовите на групата АВВА на шведската премиера на Mamma Mia! во јули 2008.

Во 2008, таа ја играше Дона во мјузиклот Мама Миа во кој се застапени песните на познатата музичка група ”АББА”. За оваа улога таа ја освои наградата за најдобра женска изведба на Националните филмски награди (UK) , и беше номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица во комедија/мјузикл. Таа ја играше сестра Алојзиус во филмската адаптација на “Сомнеж” од Патрик Шанли. Доби и номинација за најдобра глумица и номинација за Златен глобус. Исто така ја делеше наградата од филмската критика за најдобра женска улога со Ен Хатавеј и ја освои наградата од здружението на филмските глумци за извонредна женска главна улога.

Во 2009 таа глумеше во “Џули и Џулија” кадешто ја играше Џулија Чајлд. За оваа улога таа го освои Златниот Глобус за Најдобра глумица- комедија или мјузикл и исто така заедно со Сандра Булок ја делеше наградата од филмската критика за најдобра главна глумица. Стрип беше номинирана и за Оскар за најдобра главна глумица. Таа глумеше и во романтичната комедија на Ненси Мејерс “Комплицирано е” со Алек Болдвин и Стив Мартин. За овој филм таа беше номинирана за Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Стрип го позајми својот глас за г-ѓа Фелисити Фокс во филмот ”Фантастичен г-дин Фокс”.

2010 уреди

Во јули 2010 беше објавено дека Стрип ќе глуми во престојната комедија насловена „Мама и јас” заедно со Тина Фи која ќе ја игра улогата на нејзина ќерка. Филмот е режиран од Станли Тучи. Стрип исто така ја глумеше Маргарет Тачер во „Челичната дама (филм)“ - премиерката за време на Фолкландската војна, и на нејзиното пензионирање.

Акценти и Дијалекти уреди

Мерил Стрил е добро позната за нејзината способност за имитирање на странски и домашни акценти. Во “Моја Африка” таа прикажа дански акцент, а во “Мостовите на округот Медисон” го употреби јужно- италијнскиот акцент. “Изборот на Софи” во кој Стрип зборуваше англиски и германски јазик со полски акцент се смета за нејзино најголемо лингвистичко дело. Во “Плач во ноќта” таа глумеше жена од Нов Зеланд (Линди Чамберлејн) која била изложена на австралијанскиот – англиски јазик многу години. Со цел добро да го претстави нејзиниот акцент , Стрип проучувала ленти со снимки од нејзиното судење. Кај ликот на сестра Алојзиус во “Сомнеж” (2008) е застапен акцентот на Бронкс додека во нејзината улога во “Последното шоу” Стрип го употреби средно западниот акцент. За филмот “Танцување во Лухназа”, Стрип одлично се справува со ирскиот акцент, додека стандардниот британски изговор беше истакнат во “Жената на Францускиот Лутенант” и “Изобилство” . Во престојниот филм на Стрип „Челичната дама“ (биографија за поранешната Премиерка Маргарет Тачер) ја игра нејзината трета улога во која е употребен стандардниот британски изговор . И покрај нејзините признанија, Стрип за нејзините пофалби рече дека усвојувањето на акценти е елемент кој таа го смета за дел од нејзината задача во создавањето на ликовите. Запрашана за нејзините способности на употреба на различни акценти таа одговори : “Јас Слушам”. На новинарското прашање дали акцентот и помогнал во создавањето на ликовите таа одговори : “Секогаш сум збунета од ова прашање. Јас не можам суштински да го доловам ликот доколу не го употребам конкретниот акцент”.

Театар уреди

Во Њујорк таа се појави во 1976 на Бродвеј на театарската претстава на Тенеси Вилијамс „27 Вагони полни со памук” и „Сеќавање на два понеделника” на Артур Милер. За првонаведената претстава таа доби номинација за Тони награда за извонредна улога во театарот. На Бродвеј таа ги играше и „Вишновата градина“ од Антон Чехов, мјузиклот „Среќен крај“ од Бертолт Брехт и Курт Веил во кој таа првично се појави надвор од Бродвеј – во Театарскиот центар Челзи. Таа беше номинирана за награда за постигнување на голем успех во театарот. Откако филмската кариера на Стрип е во подем, таа направи голема пауза од театарот.

Во јули 2001, Стрип се врати на сцената за првпат после 20 години, играјќи ја улогата на Аркадина во постановката “Галеби” од Антон Чехов, во режија на Мајк Николс, со глумците Кевин Клајн, Натали Портман, Филип Сејмур Хофман, Кристофер Валкен, Марсија Гај Харден и Џон Гудмен.

Во август и септември 2006, таа глумеше во „Мајката храброст и нејзините деца” во театарот „Делакорте“ во Централ Парк. Театарската претстава е нов превод на драматургот Тони Кушнер( Ангели во Америка), со песни во стилот на Веил и Брехт напишани од композиторот Џенин Тесори, а искусниот режисер Џорџ Волф ја имаше главната улога во реализацијата на проектот. Стрип глумеше заедно со Кевин Клајн и Остин Пендлетон во оваа три и пол часовна драма, во која таа пееше,и се појавуваше речиси во секоја сцена.

Музика уреди

По нејзиното појавување во “Мама Mиа”, нејзиниот препев на истоимената песна постигна успех на португалските музички топ листи, искачувајќи се на осмото место во 2008 година.

На 35-тото доделување на награди од публиката, нејзината верзија на „Мама Миа” освои награда за „Омилена песна од саундтракот“. Во 2008 Стрип беше номинирана за наградта „Греми“ (нејзина петта номинција) за нејзината изведба за соундтракот “Мама Миа”.

Личен живот уреди

Мерил Стрип беше во љубовна врска со глумецот Џон Казал до неговата смрт во март 1978. Подоцна, Стрип се омажи со вајарот Дон Гамер на 15 септември 1978. Тие имаат четири деца : Хенри Волф “ Хери” Гамер (роден 13 ноември 1979), Мари Вила “Мари” Гамер(родена 3 август 1983) и Грејс Џејн Гамер (родена 9 мај 1986), и Луиза Џејкобсон Гамер (родена 12 јуни 1991). И двете керќи- Мари и Грејс, се глумици.

Награди уреди

Стрип го држи рекордот за најмногу Оскар номинации, откако била номинирана 16 пати од нејзината прва номинација во 1979 во “Ловец на елени” (13 за најдобра главна улога и 3 за најдобра споредна улога).

Мерил Стрип е глумица со најголем број номинации за “Златен Глобус”(таа има 25 номинации од 2009) и има освоено најмногу Златни Глобуси одкога доби награда за “Јулија и Јулија” во 2010. Стрип доби своја ѕвезда на “Булеварот на славните” во 1998.

Во 2003 од страна на Француската академија за уметност и филмска техника, и беше доделена почесната награда Цезар. Во 2004 на Московскиот Интернационален Филмски Фестивал на Мерил Стрип и беше доделена наградата “Станиславски” за извонредно достигнување на полето на глумата и посветеноста на принципите на училиштето “Станиславски” Во 2004 доби награда АФИ за животно дело.

27 мај 2004 од страна на Претседателката на Менхетен , Вирџинија Фиелдс беше прогласен за “Ден на Мерил Стрип” . Во 2009 Принстон Универзитетот и ја доделува почесната титула Докторат.

Во 2010 Стрип беше избрана за член Американската Академија за Уметност и Литература, исто така од Универзитетот Харвард и беше доделен Докторат за Уметност.

Наводи уреди

  1. Santas, Constantine (2002). Responding to Film. Rowman & Littlefield‏. стр. 187. ISBN 0-8304-1580-7.
  2. Hollinger, Karen (2006). The Actress: Hollywood Acting and the Female Star. CRS Press. стр. 94–95. ISBN 0-415-97792-4.
  3. The Middle East. Library Information and Research Service. 2005. стр. 204.
  4. Robert Battle. „Meryl Streep“. Ancestry.com. Посетено на 2009-01-16.[мртва врска]
  5. Gray, Paul (December 3, 1979). „Cinema: A Mother Finds Herself“. Time. стр. 3. Архивирано од изворникот на 2011-06-28. Посетено на February 16, 2011.

Надворешни врски уреди