Billboard Hot 100
Билборд хот 100 (англиски: Billboard Hot 100) е топ-список на синглови што ги составува и секоја недела ги објавува американското списание Билборд. Се составува на основа на пуштањеро на песните од сингловите на радио-станиците и на основа на бројот на продадени копии на сингловите, и тоа без разлика на нивниот музички жанр. Неделата во која се следат продажбите на сингловите почнува во понеделник, а завршува во недела, додека седмицата во која се следи пуштањето на песните од сингловите на радио станиците почнува во среда, а завршува во вторник. На основа на овие податоци, се составува топ-листа која официјално се објавува во списанието Билборд, ама како датум на излегувањето на листата секогап се наведува датумот од саботата до следната недела. Пример:
- понеделник, 1 јануари — почнува следењето на продажбите на сингловите;
- среда, 3 јануари — почнува следењето на пуштањето на песните на радио станиците;
- недела, 7 јануари — завршува следењето на продажбите на сингловите;
- вторник, 9 јануари — завршува следењето на пуштањето на песните на радио станиците;
- четврток, 11 јануари — се објавува нова топ листа, а како датум на нејзиното објавување се објавува сабота, 20 јануари.
Првиот сингл кој се нашол на првото место на топ-листата е синглот на Рики Нелсон, "Poor Little Fool", на 4 август 1958 година.
Извори
уреди- Fred Bronson's Billboard Book of Number 1 Hits, 5th Edition (ISBN 0-8230-7677-6)
- Christopher G. Feldman, The Billboard Book of No. 2 Singles (ISBN 0-8230-7695-4)
- Joel Whitburn's Top Pop Singles 1955-2008, 12 Edition (ISBN 0-89820-180-2)
- Joel Whitburn Presents the Billboard Pop Charts, 1955–1959 (ISBN 0-89820-092-X)
- Joel Whitburn Presents the Billboard Hot 100 Charts: The Sixties (ISBN 0-89820-074-1)
- Joel Whitburn Presents the Billboard Hot 100 Charts: The Seventies (ISBN 0-89820-076-8)
- Joel Whitburn Presents the Billboard Hot 100 Charts: The Eighties (ISBN 0-89820-079-2)
- Joel Whitburn Presents the Billboard Hot 100 Charts: The Nineties (ISBN 0-89820-137-3)