Оскар за најдобра глумица во споредна улога

Оскарот за најдобра споредна женска улога ― една од наградите кои секоја година ги доделува Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS). Се доделува на глумица како признание за извонредна изведба на споредна улога во филмската индустрија. Традиционално наградата ја доделува добитникот на наградата за најдобра споредна машка улога од претходната година.

Оскар за најдобра глумица во споредна улога
ДржаваСоединети Американски Држави Уреди на Википодатоците
ДоделуваАкадемија за филмски уметности и науки Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttp://www.oscars.org/ Уреди на Википодатоците

Гејл Сондергард, на 9-та церемонија на доделување на Оскарите одржана во 1937 година, била прва која ја добила оваа награда за нејзината улога како Фејт Палеолог во Ентони Адверс.[1] Прво, на победниците во двете споредни актерски категории им биле доделувани плакети наместо статуетки.[2] Почнувајќи од 1944 година, на добитниците им се даваат статуетки со целосна големина.[3] Денес, номинираните глумици се одредуваат со единствен пренослив глас од актерската бранша на АМПАС; победниците се избираат со мнозинство гласови од сите членови на Академијата со право на глас.[4]

Од воведувањето на наградата, 84 глумици ја добиле истата. Најмногу награди во оваа категорија имаат Дајан Вист и Шели Винтерс; по две награди. И покрај тоа што нема освоено награда, Телма Ритер со шест номинации го држи рекордот за најноминирана глумица. На 10-годишна возраст, Тејтум О'Нил станала најмлада глумица која ја освоила оваа награда за Месечина од хартија (1973), а на 77-годишна возраст, Пеги Ешкрофт е најстара победничка во оваа категорија за A Passage to India (1984). Џејми Ли Кертис е последна победничка во оваа категорија за нејзината улога како Дејдре Бобеирдре во „Сè насекаде одеднаш“.

Наводи

уреди
  1. „Rule One: Award Definitions“ (PDF). Academy of Motion Picture Arts and Sciences (AMPAS). стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на October 21, 2014. Посетено на August 30, 2013.
  2. Kinn & Piazza 2014
  3. Kinn & Piazza 2014
  4. „Rule Six: Special Rules for the Acting Awards“ (PDF). Academy of Motion Picture Arts and Sciences (AMPAS). стр. 8-7. Архивирано од изворникот (PDF) на October 21, 2014. Посетено на August 30, 2013.

Надворешни врски

уреди