Деколте (француски: Décolleté = без јака, изрез на облека)[1][2]) – длабок изрез околу вратот на женски фустан, блуза и сл. Деколтето на женската облека се смета за поженствено од другите облици на изработка на облека, бидејќи ги открива и истакнува градите, вратот, рамената и грбот (зависно од моделот)

Деколте

Историја

уреди

Бидејќи изработката на фустани без јака било многу поедноставно, така и носењето на фустани (во европскиот културен круг) кои го покажуваат вратот и градите било вообичаено од 11 век, сè до викторијанското време. Дотогаш било многу понеморално (и посексипилно) да се покажуваат нозете (дури и зглобовите), а покажувањето на градите не било ништо неморално или сексипилно. Од викторијанското време деколтеата стануваат скоро забранети, но некаде на почетокот на 20 век повторно се враќаат во мода.

Деколтеата ги има во многу различни облици, од оние во облик на V или U, до полукруг или рамен изрез придржуван со ленти. Модата на длабоки деколтеа на францускиот двор ја донела Агнес Сорел, љубовница на кралот Шарл VII во 1450 година.[3]

Денес фустани со длабоки изрези се обично вечерните (свечени) фустани кои се носат на балови и приеми, но деколтеата се вообичаени и при изработка на костими за капење, балетски и гимнастички трикоа и останата женска долна облека. Нивниот облик зависи од моменталната мода, естетиката и општествената норма.

Деколтеата првенствено се користат во земјите од западниот цивилизациски круг, додека во некои делови од светот (особено во исламскиот ориент) се сметаат за провокативни и шокантни, иако и тука има исклучоци бидејќи жените од островот Јава со векови носат кембен (вид фустан без горен дел).

Според општиот кодекс на облекува, не е препорачливо на разговор за работа жените да одат со длабоко деколте.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Деколте“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. décolleté (англиски). Merriam Webster.
  3. Monique Canellas-Zimmer, Histoires de mode, Les Dossiers d'Aquitaine . Деколте

Литература

уреди
  • Gernsheim, Alison. Victorian and Edwardian Fashion. A Photographic Survey. Mineola, N.Y.: Dover Publications, Inc., 1981. Reprint of 1963 edition. ISBN 0-486-24205-6.
  • Morris, Desmond (1977). Manwatching. A Field Guide to Human Behavior. New York: Harry N. Abrams, Inc. ISBN 0-8109-1310-0.
  • Morris, Desmond (2004). The Naked Woman. A Study of the Female Body. New York: Thomas Dunne Books. ISBN 0-312-33853-8.

Надворешни врски

уреди