Доли Партон

американска пејачка и глумица

Доли Ребека Партон (англиски: Dolly Rebecca Parton; родена на 19 јануари 1946 година) ― американска кантри пејачка, текстописец, филмска глумица и бизнисменка. Прво била успешен текстописец за други пејачи, а во 1967 година Доли Партон го објавила својот деби албум Hello, I'm Dolly. По овој албум имала успешни години во музиката (како соло пејачка и во низа дует албуми со Портер Вагонер). Во текот на 1970-тите честопати била на врвот на топ листите, а нејзините албуми имале голем комерцијален успех. Успесите продолжиле и во 1980-тите. По малиот пад во 1990-тите, во новиот милениум продолжила со успесите.

Доли Партон
Доли Партон ја прифаќа Liseberg Applause наградата во 2010.
Роден(а)Доли Ребека Партон
19 јануари 1946(1946-01-19)(78 г.)
Питман Сентер, Тенеси, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
  • филантроп
  • биснисменка
Активен период1956–денес
СопружникКарл Дин (в. 1966)
Потпис
Страница
dollyparton.com

Доли Партон, со кариера од преку 50 години, го носи епитетот „легенда на кантри-музиката“. Доли Партон продала преку 100 милиони плочи ширум светот, а нејзините албуми од Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA) се сертифицирани со златен, платинест и мулти-платинест тираж. 25 нејзини песни се искачиле на прво место на топ листата од Билборд за кантри-музичка што е рекорд за пејачка (заедно со Риба Мекентајр). Има рекордни 44 албуми кои се пласирале меѓу првите 10 албуми на топ листата за кантри албуми, а во последните 40 години има 110 песни кои се нашле на топ листа. Доли Партон компонирала преку 3.000 песни, меѓу кои се и: „I Will Always Love You“ (песна која два пати била на прво место на американската кантри топ листа, и меѓународен поп хит во изведба на Витни Хјустон), „Jolene“, „Coat of Many Colors“ и „9 to 5“. Како глумица, имала улога во филмовите Од 9 до 5 (1980) и Најдобрата мала јавна куќа во Тексас (1982), за кој била номинирана за Златен глобус за најдобра глумица, како и Вештачки дијамант (Rhinestone) (1984), Челични магнолии (1989), Директен разговор (1992) и Joyful Noise (2012).

Доли Партон освоила 11 Греми награди од 50 номинации, меѓу кои е и наградата Греми за животно дело; освоила десет награди од Здружението за кантри-музика, меѓу кои и пејач на годината и таа е меѓу седумте пејачки кои добиле Награда пејач на годината од Здружението за кантри-музика; пет награди од Академијата за кантри-музика, меѓу кои и пејач на годината; четири награди од People's Choice; и три Американски музички награди. Исто така, е во мала група уметници кои барем еднаш биле номинирани за награда Оскар, Греми, Тони и Еми. Во 1999 година, Партон била примена во Куќата на славните од кантри-музиката. Во 2022 година, била номинирана за Куќата на славните од рокенролот, таа прво ја одбила номинацијата, но потоа ја прифатила; Куќата на славните подоцна објавила дека Партон ќе биде примена.

Таа е ко-сопственик на The Dollywood Company, која управува со многу места за забава, меѓу кои е и забавниот парк Dollywood, водениот парк Splash Country и многу ресторански театари, како The Dolly Parton Stampede и Pirates Voyage. Доли Партон основала многу добротворни и филантропски организации, а најважна меѓу нив е Фондацијата Доливуд, која се занимава со проекти за овозможување образование и намалување на сиромаштијата во Источен Тенеси, каде што пораснала.

Наводи

уреди

Библиографија

уреди
  • Parton, Dolly (1994). Dolly: My Life And Other Unfinished Business. HarperCollins. ISBN 978-0-06-017720-1.
  • Whitburn, Joel (2005). Top Country Songs 1944–2005. Billboard/Record Research Inc. ISBN 978-0-89820-165-9.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Hello, I'm Dolly (1967)
  • Just Between You and Me (with Porter Wagoner) (1968)
  • Just Because I'm a Woman (1968)
  • Just the Two of Us (with Porter Wagoner) (1968)
  • In the Good Old Days (When Times Were Bad) (1969)
  • Always, Always (with Porter Wagoner) (1969)
  • My Blue Ridge Mountain Boy (1969)
  • The Fairest of Them All (1970)
  • Porter Wayne and Dolly Rebecca (with Porter Wagoner) (1970)
  • Once More (with Porter Wagoner) (1970)
  • Two of a Kind (with Porter Wagoner) (1971)
  • The Golden Streets of Glory (1971)
  • Joshua (1971)
  • Coat of Many Colors (1971)
  • The Right Combination • Burning the Midnight Oil (with Porter Wagoner) (1972)
  • Touch Your Woman (1972)
  • Together Always (with Porter Wagoner) (1972)
  • My Favorite Songwriter, Porter Wagoner (1972)
  • We Found It (with Porter Wagoner) (1973)
  • My Tennessee Mountain Home (1973)
  • Love and Music (with Porter Wagoner) (1973)
  • Bubbling Over (1973)
  • Jolene (1974)
  • Porter 'n' Dolly (with Porter Wagoner) (1974)
  • Love Is Like a Butterfly (1974)
  • The Bargain Store (1975)
  • Say Forever You'll Be Mine (with Porter Wagoner) (1975)
  • Dolly (1975)
  • All I Can Do (1976)
  • New Harvest...First Gathering (1977)
  • Here You Come Again (1977)
  • Heartbreaker (1978)
  • Great Balls of Fire (1979)
  • Dolly, Dolly, Dolly (1980)
  • Porter & Dolly (with Porter Wagoner) (1980)
  • 9 to 5 and Odd Jobs (1980)
  • Heartbreak Express (1982)
  • Burlap & Satin (1983)
  • The Great Pretender (1984)
  • Once Upon a Christmas (with Kenny Rogers) (1984)
  • Real Love (1985)
  • Trio (with Emmylou Harris and Linda Ronstadt) (1987)
  • Rainbow (1987)
  • White Limozeen (1989)
  • Home for Christmas (1990)
  • Eagle When She Flies (1991)
  • Slow Dancing with the Moon (1993)
  • Honky Tonk Angels (with Loretta Lynn and Tammy Wynette) (1993)
  • Something Special (1995)
  • Treasures (1996)
  • Hungry Again (1998)
  • Trio II (with Emmylou Harris and Linda Ronstadt) (1999)
  • Precious Memories (1999)
  • The Grass Is Blue (1999)
  • Little Sparrow (2001)
  • Halos & Horns (2002)
  • For God and Country (2003)
  • Those Were the Days (2005)
  • Backwoods Barbie (2008)
  • Better Day (2011)
  • Blue Smoke (2014)
  • Pure & Simple (2016)
  • I Believe in You (2017)
  • A Holly Dolly Christmas (2020)
  • Run, Rose, Run (2022)
  • Rock Star (2023)

Филмографија

уреди
  • Од 9 до 5 (1980)
  • Најдобрата мала јавна куќа во Тексас (1982)
  • Вештачки дијамант (1984)
  • Челични магнолии (1989)
  • Директен разговор (1992)
  • Френк Мекласки (2002)
  • Гномео и Јулија (2011)
  • Радосен звук (2012)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди