The Ronettes
The Ronettes биле американска женска група од Њујорк.[1] Во групата членувале главната пејачка Вероника Бенет (подоцна позната како Рони Спектор), нејзината постара сестра Естел Бенет и нивната братучетка Недра Тали. Тие заедно пееле уште од тинејџерските години, познати во тоа време под името „The Darling Sisters“. Прв професионален договор потпишале со Colpix Records во 1961 година, а во март 1963 година потпишале за Philles Records од Фил Спектор и го смениле името во „The Ronettes“.
The Ronettes | |
---|---|
The Ronettes во 1966 година. Од лево кон десно: Недра Тали, Вероника Бенет и Естел Бенет.. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1957–1967, 1973–1974 |
Издавачи | |
Соработници |
|
Поранешни членови | |
|
The Ronettes имале девет песни на Billboard Hot 100, а шест од нив биле и Топ 40 хитови. Меѓу нивните хит песни се „Be My Baby“, која се искачила на второ место, нивниот единствен современ топ 10 хит, „Baby, I Love You“, „(The Best Part of) Breakin' Up“ и „Walking in the Rain“. Во 1964 година, групата го издала својот единствен студиски албум, Presenting the Fabulous Ronettes Featuring Veronica. Истата година, Rolling Stones биле нивна предгрупа на турнејата низ Велика Британија. The Ronettes биле предгрупа за Битлси на нивната американска турнеја во 1966 година, и со тоа станале единствена женска група која гостувала кај нив. Во 1967 година групата се распаднала. Во 1970-тите, групата накратко била возобновена под името Ronnie Spector and the Ronettes .
Нивната песна „Be My Baby“ во 1999 година била примена во Гремиевата куќа на славните. Ролинг Стоун, нивниот албум Presenting the Fabulous Ronettes Featuring Veronica го рангирал на 422 место на нивната листа од 500 најдобри албуми на сите времиња. The Ronettes биле примени во Куќата на славните вокални групи во 2004 година, и во Куќата на славните на рокенролот во 2007 година. Групата исто така го држи рекордот за најдолг јаз во топ десет хитови во историјата на Билборд, со малку повеќе од 58 години.
Состав
уреди- Вероника „Рони“ Спектор (10 август 1943 година - 12 јануари 2022 година)
- Естел Бенет (22 јули 1941 година - 11 февруари 2009 година)
- Недра Тали (родена на 27 јануари 1946 година)
Награди и признанија
уредиThe Ronettes за песната „Walking in the Rain“ биле номинирани за Греми награда во 1965 година.[2] Тие биле примени во Гремиевата куќа на славните во 1999 година за песната „Be My Baby“. [3] The Ronettes исто така биле примени во Куќата на славните вокални групи во 2004 година и во Куќата на рокенрол легендите од магазинот People во 2010 година.[4] Влијанието на The Ronettes врз музиката било значајно. Брајан Вилсон од Бич Бојс, Били Џоел и Брус Спрингстин ја навеле Рони Бенет дека влијаела на нивната музика.[5] Модниот стил на The Ronettes го презела британската музичарка Ејми Вајнхаус.[6]
Било објавено дека Фил Спектор, во својство на член на Одборот на гувернери, го спречил номинирањето на The Ronettes за воведување во Куќата на славните на рокенролот, иако подолго време ги исполнувале условите. Сепак, The Ronettes биле примени во Куќата на славните на рокенролот на 12 март 2007 година. Тие биле примени од гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс.[7]
Дискографија
уредиСинглови
- 1961 — My Darling Angel
- 1961 — I Want a Boy
- 1962 — Silhouettes
- 1962 — I’m Gonna Quit While I’m Ahead
- 1962 — The Memory
- 1963 — Be My Baby
- 1963 — Baby I Love You
- 1964 — (The Best Part Of) Breakin' Up
- 1964 — Do I Love You?
- 1964 — (Walking) In The Rain
- 1965 — Born To Be Together
- 1965 — Is This What I Get For Loving You?
- 1965 — He Did It
- 1966 — I Can Hear Music
- 1969 — You Came, You Saw, You Conquered!
- 1973 — Go Out and Get It
- 1974 — I Wish I Never Saw The Sunshine
- 1976 — Paradise
Студиски албум
- Presenting the Fabulous Ronettes (1964)
Наводи
уреди- ↑ „Ronnie Spector Biography“. Ronniespector.com. November 9, 2010. Архивирано од изворникот на November 6, 2012. Посетено на November 10, 2012.
- ↑ Brown, Mick (October 17, 2012). Tearing Down The Wall of Sound: The Rise And Fall of Phil Spector (англиски). A&C Black. стр. 168. ISBN 978-1-4088-1950-0.
- ↑ „GRAMMY Hall Of Fame“. GRAMMY.com (англиски). October 18, 2010. Посетено на December 26, 2021.
- ↑ „The People's Hall of Rock 'n' Roll Legends“. Thepeopleshall.blogspot.com. April 1, 2011. Посетено на April 10, 2012.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Sisario, Ben (July 23, 2011). „Amy Winehouse, British Soul Singer with a Troubled Life, Dies at 27“. The New York Times. Архивирано од изворникот на August 25, 2011.
- ↑ „Keith Richards inducts The Ronettes at the Rock & Roll Hall of Fame (2007)“. Radio.Video.Music (англиски). March 12, 2021. Посетено на December 26, 2021.