Беверли Хилс
Беверли Хилс (англиски: Beverly Hills) — град во округот Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Најгламурозниот град во Калифорнија годинава го слави 100-от роденден. Од пустина во која единствени жители биле фармерите, рисовите и којотите, денес Беверли Хилс е светско седиште на богатството и луксузот како и дом на најбогатите светски ѕвезди. Некогашниот шпански ранч каде се одгледувал грав, во 1990 година собрал група на инвеститори кои биле во потрага по нафта и тоа на чело со магнатот Бартон Грин. Бидејќи единственото кое го нашле било вода, решиле да изградат елитна резиденцијална енклава која ќе добие статус на град.
Беверли Хилс Beverly Hills | |||
---|---|---|---|
град | |||
Центарот на Беверли Хилс | |||
| |||
Местоположба во округот Лос Анџелес, Калифорнија | |||
Местоположба во САД | |||
Координати: 34°4′23″N 118°23′58″W / 34.07306° СГШ; 118.39944° ЗГД | |||
Земја | САД | ||
Сој. држава | Калифорнија | ||
Округ | Лос Анџелес | ||
Градски статус | 28 јануари 1914[1] | ||
Управа | |||
• Вид | Совет-раководител | ||
• Градоначалник | Џулијан Голд[2] | ||
Површина[3] | |||
• Вкупна | 14.790 км2 | ||
• Земјишна | 14.784 км2 | ||
• Вода | 0,006 км2 0,04% | ||
Надм. вис.[4] | 79 м | ||
Население (1 април 2010)[5] | |||
• Вкупно | 34.109 | ||
• проц. од (2013)[5] | 34.658 | ||
• Густина | 2,3/км2 | ||
Час. појас | Тихоокеански (UTC−8) | ||
• Лето (ЛСВ) | PDT (UTC−7) | ||
Пошт. бр. | 90209–90213[6] | ||
Повик. бр. | 310/424, 323 | ||
FIPS | 06-06308 | ||
GNIS | 1652672, 2409840 | ||
Мреж. место | beverlyhills.org |
Ветровитите улици и дрворедите на широките булевари кои се дело на британскиот архитект Џон Ривс се покажаа како одличен магнет за богаташите кои набрзо го населиле Беверли Хилс, за да денес е омиленото одредиште за живеење на холивудските глумци, режисери, пејачи, дипломати, директори и други.
Население
уредиСпоред последниот попис, во Беверли Хилс живеат 34.290 жители. Но, кога пред 100 години беа поставени темелите тој бил замислен да биде рајот за белите богаташи, односно на црнците не им било дозволено да изнајмуваат и поседуваат имот. Првата филмска ѕвезда во Беверли Хилс бил Даглас Фербенкс, а неговото вселување прилично ги изнервирало соседите. Како што тогаш тој велел, тие му дале до знаење дека не сакаат глумци во близина бидејќи тие им го симнуваат рејтингот, но и цената на недвижностите. Но, наместо да се отсели, во соседството Даглас ги донел и другите славни пријателчиња.
Историја
уредиМеѓу првите кои пристигнале во Беверли Хилс се Харолд Лојд, Глорија Свансон и Рудолф Валентино, а неколку години подоцна се преселил и Вил Роџерс кој потоа стана и градоначалник на Беверли Хилс. Откако Фербенкс се оженил со глумицата Мери Пикфорд решиле да ја изградат славната палата во Беверли Хилс, палатата Pickfair во која имало околу 25 спални соби, а во која доаѓале најпознатите ликови од тоа време. Во соседството се доселил и неговиот близок пријател Чарли Чаплин, кој таму живеел цели 37 години.
Па така, градот се развивал благодарение на својот гламурозен стил, а во 1912 година бил отворен и хотелот Беверли Хилс. Првите сопственици на хотелот биле богатата вдовица Маргарет Андерсон и нејзиниот син Стенли, а хотелскиот капацитет и 23 бунгалови набрзо станале омилено одредиште на холивудските ѕвезди како Мерлин Монро, Елизабет Тејлор, Џон Вејн и многу други. Поради својата уникатна боја, хотелот е познат и како "Pink Palace", а денес е сѐ уште меѓу омилените места на Мадона, Викторија Бекам, Кети Пери и Бијонсе. Моментален сопственик на хотелот е султанот од Брунеи.
Занимливости
уредиБеверли Хилс е единствен по многу нешта. Тоа е единствениот град во светот каде во затвор можете да добиете и маникир и педикир. Локалните власти во затворскиот систем воведоа услуга "pay to stay" која нуди надградување на затворските ќелии и тоа по примерот на хотелите. Богатите „клиенти“ на располагање имаат услуги како 3D телевизори па сè до достава на храна од најлускузните ресторани. Од друга страна, во Беверли Хилс нема ниту една болница, а ни гробишта.
Беверли Хилс во популарната култура
уредиБеверли Хилс е тема во многу филмови, како што се: The Beverly Hillbillies, Beverly Hills 90210, The Real Housewives of Beverly Hills, како и многу други.
Исто така, една песна на американската панк-рок група Circle Jerks од 1980 година се вика „Беврли Хилс“ (англиски: Beverly Hills).[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „California Cities by Incorporation Date“. California Association of Local Agency Formation Commissions. Архивирано од изворникот (Word) на 2014-11-03. Посетено на August 25, 2014.
- ↑ „The City of Beverly Hills Mayor and Council Members“. Beverlyhills.org. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на March 27, 2015.
- ↑ Предлошка:Cite US Gazetteer
- ↑ Предлошка:Cite GNIS
- ↑ 5,0 5,1 „Беверли Хилс (град) QuickFacts“. Пописно биро на САД. Архивирано од изворникот на 2012-08-19. Посетено на 9 февруари 2015. (англиски)
- ↑ „USPS – ZIP Code Lookup – Search By City“. United States Postal Service. Посетено на June 18, 2010.
- ↑ DISCOGS, Circle Jerks – Group Sex (пристапено на 28.4.2022)
Надворешни врски
уреди„Беверли Хилс“ на Ризницата ? |
- Официјален портал (англиски)