Хронологија на односите помеѓу Македонија и ЕУ
Хронолошки, на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Апликацијата за членство во ЕУ претходи период на развој на блиски билатерални односи кои ја карактеризираат соработката помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Како поважни ги издвојуваме следните настани:
• октомври 1992 година, Република Македонија назначила свој претставник во Брисел; • 22 декември 1995 година, Република Македонија и ЕУ воспоставиле дипломатски односи кога ЕУ ги отворила преговорите со Република Македонија во насока на склучување на Спогодба со широк опфат на соработка на полето на трговијата, финансиските операции и транспортот;
• февруари 1996 година, Република Македонија ја подигнала својата постојана Мисија во Брисел на амбасадорско ниво;
• 10 март 1996 година, Република Македонија станала полноправен партнер во PHARE Програмата (Poland and Hungary: Assistance for Reconstruction of their Economies);
• 20 март 1996 биле започнати преговорите за склучување на Спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници, како и Спогодба за транспорт;
• 20 јуни 1996 година, во Брисел, биле склучени Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници и Спогодбата за транспорт. Истите беа потпишани на 29 април во Луксембург;
• во ноември 1997 година, во сила стапи Спогодбата за транспорт, додека за Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европските Заедници истото се случи на 1 јануари 1998 година;
• февруари 1998 година, во Охрид, согласно Спогодбата за соработка, се одржал првиот политички дијалог на министерско ниво;
• 11 март 1998 година била потпишана Спогодбата за трговија и текстил (иако, истата била во сила од 1 август 1997 година). Спогодбата важела до 31 декември 1998 година. Сепак, почнувајќи од 1 јануари 2000 година насила е обновената Спогодба за трговија и текстил;
• 21 и 22 март 1998 година, во Скопје, се одржал првиот состанок на заедничкиот Совет за соработка. Советот се формирал со цел да ја следи реализацијата на Спогодбата за соработка, постигнувањата и развојот во структуралните реформи, како и да дава сугестии и насоки во врска со одредени специфични прашања;
• 5 март 1999 година, во Брисел, се одржал вториот состанок на Советот за соработка.
• јуни 1999 година, бил усвоен Извештајот за можноста за отпочнување на преговори за новата ССА
• 24 јануари 2000 година биле усвоени директивите на Европската Комисија предложени до Советот на ЕУ, што се однесуваат на подигнувањето на нивото на соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ, како и на формалното започнување на преговорите за потенцијално членство во ЕУ;
• март 2000 година, со отворањето на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и со назначување на прв шеф на Делегацијата, односите меѓу Република Македонија и ЕУ беа подигнати на амбасадорско ниво;
• 5 април 2000 година, согласно Лисабонската Одлука на Европската Комисија, официјално започнала првата рунда на преговорите помеѓу Република Македонија и ЕУ за ССА. Преговорите за ССА се реализирале во значително краток период (април - ноември 2000) низ 3 рунди на главни преговори и 5 средби на експертско ниво односно технички преговори;
• јуни 2000, за време на седницата на Европскиот Совет во Фиера, била прифатена перспективата (одредбата) за потенцијално членство;
• на 24 ноември 2000, на маргините на Самитот во Загреб, била парафирана ССА ;
• декември 2000 година, стапила ви сила Регулативата на Советот за воведување на трговски исклучителни мерки, како и за вклучување на Република Македонија во Регионалната Програма ЦАРДС за 2002 - 2006;
• 16 февруари 2001 година е парафирана Времената Спогодба за регулирање на трговските одредби од ССА ;
• 9 април 2001 година, во Луксембург, била потпишана ССА. Истовремено, била потпишана и Времената Спогодба за трговија и трговски прашања помеѓу Република Македонија и ЕУ . Истата стапи насила веќе на 1 јуни 2001 година;
• јануари 2002 година - Дополнителен Протокол за вино и алкохолни пијалаци и Спогодба за трговија со текстилни производи;
• 1 и 2 јули 2002 година, во Скопје, се одржал последниот (петти) состанок на Советот за соработка помеѓу ЕУ и Република Македонија.
• 20 февруари во Р Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повтори ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата.
• Спогодбата за асоцијација и стабилизација стапила во сила на 1 април 2004 година откако ја ратификуваа сите земји членки на ЕУ
• февруари 2004 година Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување на апликација за членство во Европската Унија„
• 22 март 2004 на свечена церемонија во Даблин, Република Ирска, Владата на РМ го поднела барањето за членство во Европската Унија.
• Владата на Република Македонија на 6 септември 2004 година ја усвоила Националната стратегија за европска интеграција
• 1 октомври 2004 Претседателот на Европската комисија Романо Проди го предал Прашалникот на Владата на Република Македонија
• 31 јануари 2005 година Владата на Република Македонија ги финализирала одговорите од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ
• Делегација на Република Македонија на 14 февруари 2005 во Брисел, ги предадала Одговорите на прашалникот од Европската Комисија на претседателот на Европската комисија Хосе Мануел Баросо
• Дополнителните Прашања на Прашалникот на Европската Комисија кои биле добиени на 22 април 2005, биле одговорени, усвоени од Владата на РМ и пратени во Брисел на 10 мај 2005
• 9 ноември 2005 Европската комисија го објави мислењето за кандидатурата на Република Македонија за членство во Европската унија. Во мислењето се препорачува доделување на статус кандидат за членство во ЕУ.
• 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и додели статус на кандидат за членство во Европската Унија
- 30 јануари 2006 - Советот на ЕУ го усвои Европското партнерство со Република Македонија
- 8 ноември 2006 - ЕК го објави извештајот за напредокот на РМ за 2006 година
- 30 ноември 2006 - Македонија ги почна преговорите со ЕУ за олеснување на визниот режим
- 30 септември 2007 - Македонија ги потпиша Рамковната и финансиската спогодба за користење на Инструментот за претпристапна помош - ИПА
- 6 ноември 2007 - ЕК го објави извештајот за напредокот на РМ за 2007 година
- 6 март 2008 - Еврокомесарот за проширување Оли Рен во Скопје ги претстави осумте одредници за приближување на Република Македонија до ЕУ.
- 23 октомври 2008 - Македонија и ЕК потпишаа Секторска спогодба за ИПАРД програмата
- 5 ноември 2008 - Европската комисија го објави извештајот за напредокот на Република Македонија за 2008 година.
- 12 март - Европскиот парламент усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија и побара да се забрза процесот за одредување датум за старт на преговорите за членство во ЕУ.
- 15 јули 2009 - Европската комисија препорача укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година.
- 14 октомври 2009 - Европската комисија препорача почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ[1]
- 3 ноември 2009, Владата на Република Македонија усвои Акциски план за активности со рок на исполнување до декември 2009 година, согласно препораките од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија
- 16 - 17 ноември 2009, Министерски форум Европска Унија – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, Брисел
- 30 ноември 2009, Советот на ЕУ донесе финална Одлука за укинување на визниот режим на Европската унија кон Република Македонија, со стапување на сила од 19 декември 2009 година
- 29 декември 2009, Владата на Република Македонија ја усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2010
- 20-22 јануари 2010, Одржан Неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи, Толедо, Шпанија
- 5-6 март 2010, Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски учествуваше на нефрмалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (Гимних формат)
- 2 јуни 2010 во Сараево, во организација на Шпанското претседателство со ЕУ, се одржа состанок на високо ниво ЕУ–З.Балкан, со цел одбележување на 10-годишнината од Загребскиот самит ЕУ-З.Балкан (ноември 2000), на кој. ЕУ ја потврди посветеноста кон земјите од З.Балкан и нивната европска интеграција, потенцирајќи дека тоа останува еден од последните предизвици за градење демократска и обединета Европа и дека Брисел ќе продолжи со поддршката за напорите на регионот да ги исполни критериумите за членство.
- 3 и 4 јуни 2010 година, во Скопје се одржа Седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
- 27 јули 2010 во Брисел, се одржа Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ, согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
- 11 септември 2010 во Брисел, На покана на министерот за надворешни работи на Белгија Стивен Ванакере, министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски учествуваше на неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, т.н. Гимних.
- 9 ноември 2010, Европската комисија ја обнови препораката за почеток на пристапните преговори со Македонија, изнесена во Извештајот за напредокот на Македонија во 2010
- 1 јануари 2011, се воспостави трговската асоцијација (зона на слободна трговија) меѓу Република Македонија и ЕУ согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
- 13 јануари 2011 во Будимпешта, На покана на државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Унгарија Енико Ѓори, министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите и државните секретари за Европа на земјите-членки на ЕУ, на кој за првпат беа поканети да учествуваат претставници на земјите-кандидати.
- 10 февруари 2011 година во Брисел, официјално се промовира Неформалната група за поддршка на Македонија во Европскиот парламент „Пријатели на Македонија“, со која претседава европратеникот Martin Kastler (EPP, Германија).
- 12 март 2011 во Будимпешта, На покана на Високиот претставник Кетрин Ештон и министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи, министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски учествуваше на неформалниот состанок на Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, т.н. Гимних.
- 7 април 2011 година, Европскиот Парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2010 година, со што ја реафирмираше својата позиција за потребата од итно отворање на пристапните преговори со Македонија, повикувајќи го повторно Советот, односно сите земји-членки на Унијата неодложно да овозможат почеток на преговорите.
- 9 април 2011 година, Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, придружуван од комесарот за проширување Штефан Филе, ја посети Република Македонија, при што во Охрид оствари средби со највисокото државно раководство на Република Македонија. За време на посетата, Претседателот на ЕК, Баросо и Претседателот Ѓорѓе Иванов, одржаа предавање насловено „На патот кон интеграцијата во ЕУ: Партнери во реформите за наша заедничка европска иднина“.
- 12 мај 2011 година, За време на Унгарското претседателство со ЕУ, во официјална посета на Македонија престојуваше Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, при што оствари средби со највисокото државно раководство на Република Македонија. За време на посетата, тој нагласи дека "Македонија и припаѓа на Европа и европски интерес е таа што поскоро да ги започне преговорите за членство во ЕУ".
- 20 јуни 2011 Луксембург, На покана на Високиот претставник Катрин Ештон, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски учествуваше на редовниот годишен состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија и од Западен Балкан, којшто се одржа на иницијатива на актуелниот претседавач со Унијата, Унгарија.
Наводи
уреди- ↑ „EК препорача почеток на преговори со Македонија“. Deutsche Welle. 14 октомври 2009. Посетено на 2011-01-01.