Хранлива материја

супстација потребна за живот на организам
(Пренасочено од Хранливата материја)

Хранлива материја или нутриентсупстанција неопходна за опстанок и размножување на организмите. Ова важи за животните, растенијата, габите и протистите. Хранливите материи може да се впијат во клетките за метаболички цели или да се излачуваат од нив образувајќи неклеточни структури како влакна, крлушки, пердуви, or егзоскелети. Некои хранливи материи може метаболички да се претворат во помали молекули во процесот на ослободување енергија како кај јаглехидратите, липидите, белковините и производите од ферментација (етанол или оцет), па на крај завршуваат со вода и јаглерод диоксид како крајни производи. Сите организми имаат потреба од вода. Неопходните хранливи материи за животните се изворите на енергија, некои од аминокиселините кои се здружуваат за да создадат белковини, дел од масните киселини, витамини и извесни минерали. На растенијата им требаат поразновидни минерали кои ги впиваат преку корените, како и јаглерод диоксид и кислород, впиени преку лисјата. Гавите живеат од мртви или живи органски материи, и ги задоволуваат прехранбените потреби право од домаќинот.

Слика прикажувајќи го циклусот за произведувајќи нутриенти во водата

Различни видови организми имаат потреба од различни неопходни хранливи материи. Аскорбиската киселина (витамин Ц) е неопходна за луѓето и некои видови цицачи, но највеќето други животни и многу растенија можат да ја синтетизираат. Хранливите материи можат да бидат органски или неоргански: органските ги опфаќаат оние што содржат јаглерод, а останатите хемикалии се неоргански. Неоргански хранливи материи се железото, селенот и цинкот, а органски се белковините, мастите, шеќерите и витамините.

Кај животните хранливите материи се делат на макрохранливи материи и микрохранливи материи. Ако се внесуваат во релативно големи количества (грамови или унци), макрохранливите материи (јаглехидрати, масти, белковини, вода) главно се користат за создавање на енергија или нивно внесување во ткивата за раст и закрепнување. Микрохранливите материи се потребни во помали количини (милиграми или микрограми); тие имаат суптилни биохемиски и физолошки улоги во клеточните процеси, како васкуларните функции или нервната спроводливост. Недоволните количини на неопходни хранливи материи или болестите кои попречуваат во нивното внесување предизвикуваат недостаток кој го пореметува развојот, опстанокот и рамножувањето. Советите за потрошувачите од здравствените органи се предвидени како упатство за препорачани количини со цел спречување на проблеми од недостаток или прекумерно внесување на макрохранливи и микрохранливи материи, давајќи долни и горни граници. Така, прехранбените производи мораат да имаат наведено количества на содржани супстанции, давајќи им на потрошувачите можност да направат споредба со препораките. Јадливите растенија содржат илјаници соединенија наречени фитохемикалии со поензоати дејства на болеста или здравјето, вклучувајќи разновидна класа со нехранлив статус наречена полифеноли која допрва треба да се проучува.

Видови

уреди

Макрохранливи материи

уреди

Макрохранливите материи (макронутриенти) се дефинираат на неколку начини.[1]

Макрохранливите материи даваат енергија:

Микрохранливи материи

уреди

Микрохранливите материи (микронутриенти) се неопходни прехранбени елементи потребни во животот во различни количини за исполнување на метаболички и физиолошки функции.[4][5]

  • Прехранбените минерали како бакарот и железото се самородни елементи од Земјата, и не можат да се синтетизираат. Во исхраната потребно е да се внесуваат во микрограмски или милиграмски количества. Како што растенијата добиваат минерали од почвата, прехранбените минерали се добиваат од растителната храна или посредно од месо на тревопасни животни.[6]
  • Витамините се органски соединенија потребни во микрограмски или милиграмски количества.[7] Важноста на секој прехранбен витамин е забележана кога луѓето се разболувале во отсуство на дадениот витамин.[7]

Неопходност

уреди

Неопходни хранливи материи

уреди

Неопходна хранлива материја е хранлива материја потребна за нормална физолошка работа која не може да се создаде (синтетизира) во самото тело — било воопшто или во доволни количества — па затоа мора да се внесе преку храната.[8][9] Освен водата, која е сеопшти неопходна за одржување на хомеостаза кај цицачите,[10] неопходните хранливи материи се незаменливи за различни клеточни метаболички процеси и за работата на ткивата и органите.[11] За луѓето неопходни се девет аминокиселини, две масни киселини, тринаесет витамини, петнаесет минерали и холинот.[11] Покрај тоа, постојат неколку молекули кои се сметаат за условно неопходни хранливи материи бидејќи се незаменливи во извесни развојни и патолошки состојби.[11][12][13]

Аминокиселини

уреди

Неопходна аминокиселина е аминокиселина која му е неопходна на организмот, и тој мора да ја внесе однадвор бидејќи не може да ја произведе сам по себе. Од дваесетте стандардни белковинопроизводни аминокиселини, девет не можат ендогенски да се синтетизираат од човекот: фенилаланинот, валинот, треонинот, триптофанот, метионинот, леуцинот, изолеуцинот, лизинот и хистидинот.[14][15]

Масни киселини

уреди

Неопходните масни киселини се масни киселини кои мора да се внесат бидејќи му се потребни на телото за здравје, а не можат да се синтетизираат во него.[16] За човекот неопходни се само две масни киселини: алфа-линолната (омега-3 масна киселина) и линолната (омега-6 масна киселина).[17]

Витамини и витамери

уреди

Витамините се среќаваат во различни сродни облици наречени витамери. Витамерите на даден витамин ги вршат функциите на тој витамин и спречуваат симптоми на недостаток од тој витамин. Витамините се оние неопходни органски молекули кои не се класификувани како аминокиселини или масни киселини. Обично имаат улога на ензимски кофактори, метаболички регулатори или антиоксиданси. На човекот му се потребни 13 витамини во исхраната, од кои највеќето впрочем се групи на сродни молекули (на пр. витамин Е вклучува токофероли и токотриеноли):[18] витамините А, Ц, Д, Е, К, тиамин1), рибофлавин2), ниацин3), пантотенска киселина5), пиридоксин6), биотин7), фолат9), и кобалмин12). Потребата од витаминот Д е условна, бидејќи лицата изложени на доволно светлина (природна или вештачка) синтетизираат витамин Д во кожата.[19]

Минерали

уреди

Минералите се егзогени хемиски елементи неопходни за живот. Четирите најзастапени елементи (јаглерод, водород, кислород и азот) неопходни за живот се толку изобилни во храната и пијалаците што не се сметаат за хранливи материи, и за нив не постојат препораки. Азотот е опфатен во препораките за белковините, кои се сочинети од аминокиселини што содржат азот. Сулфурот е неопходен, но ни тој нема препорачани дози. И во тој случај, тој е опфатен во аминокиселините што содржат сулфур (метионин и цистеин).

Неопходните хранливи материи за луѓето во облик на расеани елементи се наведуваат по редослед на препорачаното количество (изразено како маса). Тие се калиум, хлорид, натриум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, манган, бакар, јод, хром, молибден, селен. Покрај нив, кобалтот е составница на витаминот Б12, кој е неопходен. Постојат други минерали кои се неопходни за некои растенија и животни, но не и за човекот; такви се борот и силициумот.

Холин

уреди

Холинот е неопходна хранлива материја.[20][21][22] Холините се семејство на кватернари амониумски соединенија растворливи во вода.[23][24] Холинот е матично соединение на холинската класа, која се состои од етаноламин со три метилни супституенти приврзани кон аминофункциата.[25] Здравото човечко тело кое се храни со вештачки супстанции сиромашни со холин страда од замастен црн дроб, оштетување на црниот дроб и на мускулите. Холинот првично не се сметал за неопходен бидејќи човекото тело може да го произведе во мали количини преку фосфатидихолинскиот метаболизам.[26]

Условно неопходни материи

уреди

Условно неопходни хранливи материи се извесни органски молекули кои обично се синтетизираат во организмот, но во недоволни количини при извесни околности. Тие околности кај луѓето се здравствени проблеми како предвремено пораѓање, ограничено внесување на хранливи материи, забрзан раст и извесни заболувања.[12] За условно неопходни се сметаат инозитолот, тауринот, аргининот, глутаминот и нуклеотидите, и важат за особено значајни во исхраната и метаболизмот на новороденчињата.[12]

Ненеопходни материи

уреди

Ненеопходни хранливи материи се супстанции во храната кои можат да имаат значително влијание врз здравјето. Прехранбените влакна не се впиваат во човечките црева.[27] Растворливите влакна се метаболизираат во бутират и други кратколанчени масни киселини од бактериите во дебелото црево.[28][29][30] Растворливите влакна се нудат на пазарот како пребиотици со тврдењето дека создаваат „здрава“ цревна флора.[31]

Нехранливи материи

уреди

Етанолот (C2H5OH) не е неопходна хранлива материја, но сепак дава 29 килоџули (7 килокалории) хранлива енергија на грам.[32] Кај жестоките пијалаци (вотка, џин, рум итн.) стандардната порција во САД изнесува 44 милилитри, кои со 40% етанол (80 степени) би била 14 грама и 410 kJ (98 kcal). Со 50 % алкохол, тоа изнесува 17,5 г и 513 kJ (122,5 kcal). Виното и пивото содржат слично количество на етанол во порции од 150 односно 350 мл, но овие пијалаци придоенсуваат кон внесената енергија со други составници. Порцијата од 150 мл вино содржи 420 до 540 kJ. Порцијата од 350 мл пиво содржи 400 до 840 kJ (95 до 200 kcal). Според Министерството за земјоделство на САД, жените постари од 20 години просечно внесуваат 6,8 грама алкохол дневно, а кај мажите просекот изнесува 15,5 грама дневно.[33] Занемарувајќи го неалкохолниот удел во пијалаците, просечниот удел на етанол во дневната исхрана изнесува 200 односно 450 kJ (48 и 108 kcal). Алкохолните пијалаци се сметаат за храна со „празни калории“ бидејќи даваат енергија, но не даваат наопходни хранливи материи.[32]

По дефиниција, под фитохемикалии ги подразбираме сите хранливи и нехранливи составници на јадливите растенија.[34] Како хранливи составници се сметаат провитаминските A каротиноиди,[35] а оние со нехранлив статус се разновидните полифеноли, флавоноиди, ресвератрол и лигнани присутни во бројни растителни производи.[36]

Недостатоци и токсичност

уреди

Недостатоците од хранливи материи може да се должат на разни причини како недоволни количини на материи или поради некоја болест која го попречува примањето на материите во телото.[37] Овие болести може да прават пречка во доволното внесување на материјата, да предизвикуваат абнормално голема потреба од материи, да ги уништуваат материите или да му наложуваат на организмот да ги исфрла повеќе отколку што треба.[37] Труењето со хранливи материи се случува кога внесената количина е штетна за организмот.[38]

Растенија

уреди

Хранливите материи кај растенијата опфаќаат разни супстанции што се впиваат преку корените, како и јаглерод диоксид и кислород кои ги впиваат или ослободуваат. Сите организми ги добиваат сите потребни хранливи материи од нивната околина.[39][40]

Растенијата впиваат јаглерод, водород и кислород од воздухот и почвата во облик на јаглерод диоксид и вода.[41] Другите хранливи материи ги добиваат преку почвата (исклучоци се некои паразитски и месојадни растенија). Броејќи ги и нив, постојат 17 важни хранливи материи за растенијата:[42] тоа се макрохранливите материи азот (N), фосфор (P), калиум (K), калциум (Ca), сулфур (S), магнезиум (Mg), јаглрод (C), кислород (O) и водород (H), како и микрохранливите материи железо (Fe), бор (Б), хлор (Cl), манган (Mn), цинк (Zn), бакар (Cu), молибден (Mo) и никел (Ni). Покрај јаглеродот, водородот и кислородот, елементите азот, фосфор и сулфур се потребни во релативно големи количества. Збирно наречената „Голема шесторка“ се елементните макрохранливи материи за сите организми.[43] Изворот на овие макрохранливи материи се неорганските материи (на пр. јаглерод диоксид, вода, нитрати, фосфати, сулфати и двоатомски молекули на азотот и особено кислородот) и органските материи (јаглехидрати, липиди, белковини).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kern, Mark (12 мај 2005). CRC desk reference on sports nutrition. CRC Press. стр. 117–. ISBN 978-0-8493-2273-0. Посетено на 12 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  2. „31.1C: Essential Nutrients for Plants“. Biology LibreTexts (англиски). 16 јули 2018. Посетено на 16 август 2020.[мртва врска]
  3. „Composition of Foods Raw, Processed, Prepared USDA National Nutrient Database for Standard Reference, Release 26 Documentation and User Guide“ (PDF). USDA. август 2013. стр. 14.
  4. Gernand, A. D; Schulze, K. J; Stewart, C. P; West Jr, K. P; Christian, P (2016). „Micronutrient deficiencies in pregnancy worldwide: Health effects and prevention“. Nature Reviews Endocrinology. 12 (5): 274–289. doi:10.1038/nrendo.2016.37. PMC 4927329. PMID 27032981.
  5. Tucker, K. L (2016). „Nutrient intake, nutritional status, and cognitive function with aging“. Annals of the New York Academy of Sciences. 1367 (1): 38–49. Bibcode:2016NYASA1367...38T. doi:10.1111/nyas.13062. PMID 27116240.
  6. „Minerals“. Corvallis, OR: Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 2023. Посетено на 18 мај 2023.
  7. 7,0 7,1 „Vitamins“. Corvallis, OR: Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 2023. Посетено на 18 мај 2023.
  8. „What is an essential nutrient?“. NetBiochem Nutrition, University of Utah.
  9. Vaughan, John Griffith; Geissler, Catherine; Nicholson, Barbara; Dowle, Elisabeth; Rice, Elizabeth (2009). The new Oxford book of food plants. Oxford University Press US. стр. 212–. ISBN 978-0-19-954946-7. Посетено на 13 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  10. Jéquier E, Constant F (февруари 2010). „Water as an essential nutrient: the physiological basis of hydration“ (PDF). European Journal of Clinical Nutrition. 64 (2): 115–23. doi:10.1038/ejcn.2009.111. PMID 19724292. S2CID 205129670.
  11. 11,0 11,1 11,2 Chipponi JX, Bleier JC, Santi MT, Rudman D (мај 1982). „Deficiencies of essential and conditionally essential nutrients“. The American Journal of Clinical Nutrition. 35 (5 Suppl): 1112–6. doi:10.1093/ajcn/35.5.1112. PMID 6805293.
  12. 12,0 12,1 12,2 Carver, Jane (2006). „Conditionally essential nutrients: choline, inositol, taurine, arginine, glutamine and nucleotides“. Во Thureen, Patti J; Hay, William W (уред.). Neonatal Nutrition and Metabolism. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 299–311. doi:10.1017/CBO9780511544712.020. ISBN 9780511544712. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  13. Kendler BS (2006). „Supplemental conditionally essential nutrients in cardiovascular disease therapy“. The Journal of Cardiovascular Nursing. 21 (1): 9–16. doi:10.1097/00005082-200601000-00004. PMID 16407731. S2CID 28748412.
  14. Young VR (август 1994). „Adult amino acid requirements: the case for a major revision in current recommendations“ (PDF). The Journal of Nutrition. 124 (8 Suppl): 1517S–1523S. doi:10.1093/jn/124.suppl_8.1517S. PMID 8064412.
  15. „Dietary Reference Intakes: The Essential Guide to Nutrient Requirements“. Institute of Medicine's Food and Nutrition Board. Архивирано од изворникот на 5 јули 2014. Посетено на 14 јули 2014.
  16. Goodhart, Robert S.; Shils, Maurice E. (1980). Modern Nutrition in Health and Disease (6th. изд.). Philadelphia: Lea and Febinger. стр. 134–138. ISBN 978-0-8121-0645-9. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  17. Ellie W, Rolfes SR (2008). Understanding Nutrition (11th. изд.). California: Thomson Wadsworth. стр. 154.
  18. Brigelius-Flohé R, Traber MG (јули 1999). „Vitamin E: function and metabolism“. FASEB Journal. 13 (10): 1145–55. doi:10.1096/fasebj.13.10.1145. PMID 10385606. S2CID 7031925.
  19. „Vitamin D“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University, Corvallis. 11 февруари 2021. Посетено на 14 март 2022.
  20. „Dietary Intakes of Choline“ (PDF). usda.gov. United States Department of Agriculture. Посетено на 8 мај 2021.
  21. „Choline“. nih.gov. National Institutes of Health. Посетено на 8 мај 2021.
  22. Zeisel, Steven H; da Costa, Kerry-Ann (1 ноември 2009). „Choline: an essential nutrient for public health“. Nutrition Reviews. 67 (11): 615–623. doi:10.1111/j.1753-4887.2009.00246.x. PMC 2782876. PMID 19906248.
  23. „Choline“. Human Metabolome Database. The Metabolomics Innovation Centre, University of Alberta, Edmonton, Canada. 17 август 2016. Посетено на 13 септември 2016.
  24. Britannica, The Editors of Encyclopaedia. "choline". Encyclopedia Britannica, 11 Dec. 2013, https://www.britannica.com/science/choline. посет. 17 февруари 2022 г.
  25. National Center for Biotechnology Information (2022). PubChem Compound Summary for CID 305, Choline. посет. 17 февруари 2022 г од https://pubchem.ncbi.nlm.nih.gov/compound/Choline.
  26. „Choline“. Micronutrient Information Center. Oregon State University. 28 април 2014. Посетено на 8 мај 2021.
  27. „High-Fiber Diet - Colon & Rectal Surgery Associates“. www.colonrectal.org. Архивирано од изворникот на 26 септември 2020. Посетено на 16 август 2020.
  28. Vital M, Howe AC, Tiedje JM (април 2014). „Revealing the bacterial butyrate synthesis pathways by analyzing (meta)genomic data“. mBio. 5 (2): e00889. doi:10.1128/mBio.00889-14. PMC 3994512. PMID 24757212.
  29. Lupton JR (февруари 2004). „Microbial degradation products influence colon cancer risk: the butyrate controversy“. The Journal of Nutrition. 134 (2): 479–82. doi:10.1093/jn/134.2.479. PMID 14747692.
  30. Cummings JH, Macfarlane GT, Englyst HN (февруари 2001). „Prebiotic digestion and fermentation“. The American Journal of Clinical Nutrition. 73 (2 Suppl): 415S–420S. doi:10.1093/ajcn/73.2.415s. PMID 11157351.
  31. Brownawell AM, Caers W, Gibson GR, Kendall CW, Lewis KD, Ringel Y, Slavin JL (мај 2012). „Prebiotics and the health benefits of fiber: current regulatory status, future research, and goals“. The Journal of Nutrition. 142 (5): 962–74. doi:10.3945/jn.112.158147. PMID 22457389.
  32. 32,0 32,1 Lieber CS (29 септември 2004). „Relationships between nutrition, alcohol use, and liver disease“. Alcohol Research & Health. 27 (3): 220–31. PMC 6668875. PMID 15535450. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 2 јануари 2020.
  33. "What We Eat in America, NHANES 2013-2014" (PDF).
  34. „Phytochemicals“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University, Corvallis, OR. февруари 2016. Посетено на 31 декември 2017.
  35. „Carotenoids“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University, Corvallis, OR. август 2016. Посетено на 31 декември 2017.
  36. „Flavonoids“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University, Corvallis, OR. февруари 2016. Посетено на 31 декември 2017.
  37. 37,0 37,1 Ensminger, Audrey H. (1994). Foods & nutrition encyclopedia. CRC Press. стр. 527–. ISBN 978-0-8493-8980-1. Посетено на 12 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  38. Campbell TC, Allison RG, Fisher KD (јуни 1981). „Nutrient toxicity“. Nutrition Reviews. 39 (6): 249–56. doi:10.1111/j.1753-4887.1981.tb07453.x. PMID 7312225.
  39. Whitney, Elanor and Sharon Rolfes. 2005. Understanding Nutrition, 10th edition, p. 6. Thomson-Wadsworth.
  40. Sizer, Frances; Whitney, Ellie (12 ноември 2007). Nutrition: Concepts and Controversies. Cengage Learning. стр. 26–. ISBN 978-0-495-39065-7. Посетено на 12 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  41. Jones, J. Benton (1998). Plant nutrition manual. CRC Press. стр. 34–. ISBN 978-1-884015-31-1. Посетено на 14 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  42. Barker AV, Pilbeam DJ (2007). Handbook of plant nutrition. CRC Press. ISBN 978-0-8247-5904-9. Посетено на 17 август 2010.
  43. New Link in Chain of Life, Wall Street Journal, 3 декември 2010, посет. 5 декември 2010 г. "Until now, however, they were all thought to share the same biochemistry, based on the Big Six, to build proteins, fats, and DNA."

Надворешни врски

уреди