Џул
Џул (од англ. joule; симб. J, Џ) — изведена единица за енергија или работа[1] во Меѓународниот систем на мерни единици. Еден џул е еднаков на потрошената енергија (или завршената работа) со примена на сила од еден њутн низ a растојание од еден метар (1 њутнметар, N·m), или струја од еден ампер што минува низ отпор од еден ом за време од една секунда. Го носи името на англискиот физичар Џејмс Џул (1818–1889).
џул | |
---|---|
Интуитивен приказ на џул како работа на придвижувачка сила | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | изведена SI-единица |
Единица за | енергија |
Ознака | J |
Именувана по | Џејмс Џул |
Претворање на единици | |
1 џул во ... | ... е еднакво на ... |
основни SI-единици | 1 кг·м2/с2 |
СГС | 1⋅107 ерга |
киловатчасови | 2,78⋅10-7 кВт·ч (kW·h) |
килокалории | 2,39⋅10-4 ккал (kcal) |
BTU | 9,48⋅10-4 BTU |
електронволти | 6,24⋅1018 еВ (eV) |
Најпрвин изразен во основни SI-единици, а потоа во други единици од тој систем:
каде N е њутн, m е метар, kg е килограм, s е секунда, Pa е паскал, а W е ват.
Еден џул можеме да го дефинираме и како:
- Работата потребна за поместување на еден електричен полнеж од еден кулон низ разлика на ел. потенцијал од еден волт (кулонволт, C·V). Со овој однос може да се дефинира и волтот.
- Работата потребна за поместување на еден ват of сила во текот на една секунда (ватсекунда, W·s). Со овој однос може да се дефинира и ватот.
Забуна со њутнметарот
уредиИако џулот ги има истите димензии како њутнметарот (1 J = 1 N·m = 1 кг·m2·s−2), овие две единици не се истоветни бидејќи њутнметарот (N·m) е единица за момент на сила а џулот е единица за енергија.[2] Моментот на сила и енергијата се меѓусебно поврзани со следнава равенка:
- каде E е енергијата, τ е величината на моментот, а θ е аголот на поместување (во радијани). Бидејќи радијанот е бездимензионална величина, следува дека моментот на сила и енергијата имаат исти димензии.
Моментот на сила и енергијата имаат иста димензија бидејќи обете се пресметуваат со помножување на силата со растојанието. Меѓутоа тие истот ака значајно се разликуваат: кај моментот на сила, со множењето се добива векторски производ, додека пак кај работата добивање скаларен производ. Исто така, кај моментот на сила растојанието важи за лост, додека кај енергијата растојанието го минува предмет под влијание на таа сила.
Практични примери
уредиЕден џул во секојдневниот живот е приближно еднаков на:
- потребната енергија за да дигнеме едно мало јаболко вертикално еден метар во височина. (маса од прибл. 102 гр = 1⁄9,81 кг)
- енергија што ја оддава истото јаболко кога ќе падне од еден метар височина.
- енергијата во облик на топлина што ја ослободува едно лице во мирување, секоја 1⁄60 од секундата.[3]
- кинетичката енергија на лице тешко 50 кг што се движи многу бавно (0,2 м/с).
- кинетичката енергија на едно тениско топче што се движи со брзина од 23 км/ч.[4]
Содржатели
уреди
|
Во други единици
уреди1 џул е еднаков на:
- 1⋅107 ерга (точно)
- 6,24150974⋅1018 eV (електронволти)
- 0,2390 cal (термохемиски грамкалории или мали калории)
- 2,3901⋅10-4 kcal (термохемиски килокалории, килограмкалории, големи калории или прехранбени калории)
- 9,4782⋅10-4 BTU (британска топлотна единица)
- 0,7376 ft·lbf (стапки-фунти сила)
- 23,7 ftpdl (стапка-фунтал)
- 2,7778⋅10-7 киловат-час
- 2,7778⋅10-4 ват-час
- 9,8692⋅10-3 литар-атмосфери
- 11,1265 фемтограма (еднаквост маса-енергија)
Единици што се определуваат точно во џули:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „џул“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ Страница на SI: „Изведената единица честопати може да се изрази на разни начини, комбинирајќи ги основните единици со изведени единици што имаат посебни имиња. На пример, џулот може формално да се запишува како њутнметар или килограмметар во секунда на квадрат. Но ова е алгебарска слобода, и во физиката треба да се применува користејќи здрав разум; во извесна ситуација еден облик е посоодветен од друг. Во практиката, се претпочита употребата на оние со посебни имиња, или комбинација од имиња, со цел да се разликуваат различните величини што имаат иста димензија.“
- ↑ Ова се нарекува базален метаболизам. Соодветствува на околу 1200 килокалории (прехранбени калории) дневно. Поимот „во мирување“ значи дека лицето е будно, но не се движи.
- ↑ Ristinen, Robert A.; Kraushaar, Jack J. (2006). Energy and the Environment (II. изд.). Hoboken, NJ: John Wiley & Sons. ISBN 0471739898.
- ↑ 5,0 5,1 Прифаќање на џулот како единица за калорија (1971) (англиски)
Надворешни врски
уреди- Претворање на џулот во други единици Архивирано на 19 декември 2020 г. (англиски)