Аргинин
Аргининот (со ознаки Arg или R) е една од дваесетте најчести природни аминокиселини. Нејзините кодони се CGU, CGC, CGA, CGG, AGA и AGG. Кај цицачите, аргининот се класифицира како полуесенцијална или условно есенцијална аминокиселина, во зависност од развојниот стадиум и здравствената состојба на единката. Младите единки не се во можност да ги подмират потребите за оваа аминокиселина, па затоа аргининот е есенцијален во исхраната на децата. Аргининот бил изолиран најпрво од екстракт од семе на лупинво 1886 од страна на швајцарскиот хемичар Ернст Шулце.
| |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
74-79-3 | |||
ChemSpider | 227 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
PubChem | 6322 | ||
| |||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Дополнителни податоци | |||
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Структура
уредиАргининот се состои од 4 јаглероден алифатичен прав ланец, чиј краен дел е поврзан за комплексна гванидинска група. Таа е позитивно наелектризирана во неутрална, кисела, па дури и најалкална средина, што ги отсликува основните биохемиски својства на аргининот. Поради конјугацијата помеѓу двојната врска и осамените електронски парови на азотот, позитивниот полнеж е делокализиран, што овозможува формирање на повеќе водородни врски.
Физиолошка улога
уредиАргининот игра важна улога при клеточната делба, зараснувањето на раните, екскрецијата на амонијакот од телото, имуната функција и ослободувањето на хормоните. Во комбинација со проантоцијанидини или јохимбин, аргининот помага при ерективна дисфункција.
Придобивките од оралната ингестија на L-аргининот се:
- Тој е претходник за синтеза на нитричен оксид
- Стимулација за ослободување на најважниот антистареечки хормон - хормонот за раст
- Подобрување на имуната функција
- Убрзување на залечувањето на повредите (особено коски)
- Го редуцира ризикот од срцево заболување
- Ја зголемува мускулната маса
- Го намалува поткожното масно ткиво
- Помага при подобрување на чувствителноста на инсулин
- Го намалува крвниот притисок
- Го зголемува производството и подвижноста на сперматозоидите кај мажите
- Ја зголемува циркулацијата низ телото, вклучувајќи ги и половите органи.