Микрохранлива материја
Микрохранливи материи (микронутриенти) — хранливи материи неопходни за физиолошките функции на клетките и органите кај живите суштества[1][2] во текот на нивниот живот.[3][4][5]
Овие материи, во различни количества во исхраната, вклучуваат витамини и прехранбени минерали.[3][6] Во човечката исхрана дневно се потребни се помалку од 100 милиграми микрохранливи материи, додека макрохранливи материи дневно треба да се внесуваат во грамови.[6] Правот со смеса од (барем) железо, цинк и витамин А е додаден кон Списокот на неопходни лекови според Светската здравствена организација во 2019 г.[7] Недостатоците од микрохранливи материи commonly result in неихсранетост.[3][8]
Недоволно внесување на микрохранливи материи
уредиНедоволното внесување на неопходни хранливи материи ги прави луѓето подложни на разни хронични болести. Покажано е дека некои 50 % од возрасните лица во САД имаат една или повеќе спречлива болест.[3] Во САД храната сиромашна со хранливи материи, а висока енергетска вредност сочинува 27 % од дневниот внос на калории.[3] Лицата што внесувале големи количества шеќер во таа земја примале помалку микрохранливи материи, особено витамините А, Ц, Е и магнезиум.[3]
Јодирање на солта
уредиЈодирањето на солта е крупен зафат во борбата против недостатокот од јод, кој е голем предизвикател на проблеми во душевното здравје. Во 1990 г. помалку од 20 % од домаќинствата во земјите во развој внесувале јодирана сол.[9] Во 1994 г. е отпочнато глобално партнерство за сеопшто јодирање на солта. Кон 2008 г. е проценето дека 72 % од домаќинствата во земјите во развој внесување јодирана сол,[10] а бројот на земји со овој здравсвен проблем се располовил од 110 на 47.[9]
Додавање на витамин А
уредиНедостатокот од витамин А е голем предизвикател на слепило во светот, особено кај децата.[11] Направени се големи светски потфати за добавка на витамин А во исхраната на населението во 103 земји. Во 1999 г. 16 % од децата во овие земји примиле две годишни дози на витамин А. Кон 2007 г. стапката се зголемила на 62 %.[12]
Дополнувањето на основните храни со витамин А има неизвесни предности во намалувањето на ризикот од потклинички недостаток на витаминот А.[13]
Цинк
уредиЗбогатувањето на основните прехранбени производи може да го подобрат нивото на цинк во крвниот серум на населението. Непознати се други ефекти како подобрување на општиот недостаток на цинк, детскиот раст, спознанието, работоспособноста на возрасните или крвните показатели.[14] Опирите покажуваат дека нанесувањето на цинково ѓубриво врз почвата и листовите делотворно го намалува соодносот на цинкот со фитатот кај житарките. Луѓето што јадат леб од пченица збогатена со цинк имаат значително зголемен цинк во крвниот серум, што укажува на тоа дека ѓубрењето со цинк има добри изгледи во борбата против недостатокот на цинк кај луѓето.
Растенија
уредиРастенијата не користат витамини, но мораат да внесуваат минерали.[8][15]
За развојот на растенијата неопходни се седум елементи, макар во расеани количества.
- Борот има улога во преносот на јаглехидрати кај растенијата; тој исто така помага во регулирање на метаболизмот. Недостатокот од бор често предизвикува сушење на пупките.
- Хлоридот е неопходен за осмоза и јонска рамнотежс; има и улога во фотосинтезата.
- Бакарот, железото, манганот, молибденот и цинкот се кофактори во работењето на многу ензими.[17] Недостатокот од овие елементи предизвикува неделотворно производство на хлорофил, што се пројавува како хлороза.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Vitamins“. Corvallis, OR: Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 2023. Посетено на 1 декември 2023.
- ↑ „Minerals“. Corvallis, OR: Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 2023. Посетено на 1 декември 2023.
- ↑ Отиди кај: 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Micronutrient Inadequacies in the US Population: an Overview“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 1 март 2018. Посетено на 1 декември 2023.
- ↑ Gernand, A. D; Schulze, K. J; Stewart, C. P; West Jr, K. P; Christian, P (2016). „Micronutrient deficiencies in pregnancy worldwide: Health effects and prevention“. Nature Reviews Endocrinology. 12 (5): 274–289. doi:10.1038/nrendo.2016.37. PMC 4927329. PMID 27032981.
- ↑ Tucker, K. L (2016). „Nutrient intake, nutritional status, and cognitive function with aging“. Annals of the New York Academy of Sciences. 1367 (1): 38–49. Bibcode:2016NYASA1367...38T. doi:10.1111/nyas.13062. PMID 27116240.
- ↑ Отиди кај: 6,0 6,1 „Reference Guide: Daily Values for Nutrients“. US Food and Drug Administration. 27 септември 2023. Посетено на 1 декември 2023.
- ↑ World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019 (Technical report). hdl:10665/325771. Архивирано од изворникот 14 октомври 2022. Посетено на 14 јануари 2023.
- ↑ Отиди кај: 8,0 8,1 Blancquaert, D; De Steur, H; Gellynck, X; Van Der Straeten, D (2017). „Metabolic engineering of micronutrients in crop plants“ (PDF). Annals of the New York Academy of Sciences. 1390 (1): 59–73. Bibcode:2017NYASA1390...59B. doi:10.1111/nyas.13274. hdl:1854/LU-8519050. PMID 27801945. S2CID 9439102.
- ↑ Отиди кај: 9,0 9,1 Flour Fortification Initiative, GAIN, Micronutrient Initiative, USAID, The World Bank, UNICEF, Investing in the future: a united call to action on vitamin and mineral deficiencies, p. 19.
- ↑ UNICEF, The State of the World's Children 2010, Statistical Tables, p. 15.
- ↑ „Vitamin A“. Micronutrient Information Center, Linus Pauling Institute, Oregon State University. 25 февруари 2021. Посетено на 1 декември 2023.
- ↑ Flour Fortification Initiative, GAIN, Micronutrient Initiative, USAID, The World Bank, UNICEF, Investing in the future: a united call to action on vitamin A and mineral deficiencies, p. 17.
- ↑ Hombali AS, Solon JA, Venkatesh BT, Nair NS, Peña-Rosas JP (мај 2019). „Fortification of staple foods with vitamin A for vitamin A deficiency“. Cochrane Database of Systematic Reviews. 2019 (5): CD010068. doi:10.1002/14651858.CD010068.pub2. PMC 6509778. PMID 31074495.
- ↑ Shah D, Sachdev HS, Gera T, De-Regil LM, Peña-Rosas JP (јуни 2016). „Fortification of staple foods with zinc for improving zinc status and other health outcomes in the general population“. Cochrane Database Syst Rev. 2016 (6): CD010697. doi:10.1002/14651858.CD010697.pub2. PMC 8627255 Проверете ја вредноста
|pmc=
(help). PMID 27281654. - ↑ Marschner, Petra, уред. (2012). Marschner's mineral nutrition of higher plants (3rd. изд.). Amsterdam: Elsevier/Academic Press. ISBN 9780123849052.
- ↑ Umena, Yasufumi; Kawakami, Keisuke; Shen, Jian-Ren; Kamiya, Nobuo (мај 2011). „Crystal structure of oxygen-evolving photosystem II at a resolution of 1.9 Å“ (PDF). Nature. 473 (7345): 55–60. Bibcode:2011Natur.473...55U. doi:10.1038/nature09913. PMID 21499260. S2CID 205224374.
- ↑ Dittmar, Heinrich; Drach, Manfred; Vosskamp, Ralf; Trenkel, Martin E.; Gutser, Reinhold; Steffens, Günter (2009). „Fertilizers, 2. Types“. Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry. doi:10.1002/14356007.n10_n01. ISBN 9783527303854.
Надворешни врски
уреди- Информативен центар за микрохранливи материи, Државен универзитет на Орегон (англиски)