Грам
Грам (ознака: гр, g) е еден илјадити дел (0,001) од главната единица за маса во SI системот - килограм (кг).[1] Всушност, имињата на сите останати единици за маса се изведени токму од името на оваа единица (со претставките според SI системот), иако поради историски причини за основна единица за маса е избран килограмот.
Малата маса се мери со помали единици од грамот. Оние што најчесто се користат се:
- сантиграм: 1 сг = 10-2 гр = 10-5 кг
- милиграм: 1 мг = 10-3 гр = 10-6 кг
- микрограм 1 μг = 10-6 гр = 10-9 кг
Најчеста примена грамот има при мерењето на масата на производите во готварството, а помалите единици од него најчесто се користат во фармакологијата.
Примери за маса мерена во грами
уреди- Еден милилитар вода на температура од 4 °C има маса од 1 грам.
- Монета од едно евро има маса од 7,5 грама, а еден американски цент (пени) 2,5 гр.