Пантотенска киселина
Пантотенската киселина, понекогаш означувана и како витамин B5, е водорастворлив витамин кој се вбројува во групата на есенцијални хранливи состојки. Тој влегува во составот на сложениот коензим А (CoA) и е клучен во метаболизмот и синтезата на јаглехидрати, белковини и липиди. По хемиската структура, тој е амид образуван меѓу D-пантоат и бета-аланин. Името на оваа супстанца е изведено од грчкиот збор пантотен (παντόθεν) што значи од секаде, бидејќи мали количества на пантотенска киселина можат да се најдат во речиси секој тип на храна, и тоа најмногу во житарките, легумите, јајцата и месото. Најчесто се наоѓа во форма на својот алкохолен аналог - провитаминот пантенол и како калциум пантотенат. Пантотенската киселина е составен дел и на ацил носечките белковини.
Назив според МСЧПХ 3-[(2,4-dihydroxy-3,3-dimethylbutanoyl)amino]propanoic acid | |
Назнаки | |
---|---|
137-08-6 | |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 988 |
| |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Дополнителни податоци | |
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Дневен внес
уредиВозрасна група | Возраст | Потреби[1]
(во mg на ден) |
---|---|---|
Новороденчиња | 0–6 месеци | 1.7 |
Новороденчиња | 7–12 месеци | 1.8 |
Деца | 1–3 години | 2 |
Деца | 4–8 години | 3 |
Деца | 9-13.5 години | 4 |
Адолесценти | 14–18 години | 5 |
Возрасни мажи | 19 години и постари | 5 |
Возрасни жени | 5 | |
Бремени жени | 6 | |
Жени-доилки | 7 |
Наводи
уреди- ↑ Dietary Reference Intakes for Thiamin, Riboflavin, Niacin, Vitamin B6, Folate, Vitamin B12, Pantothenic Acid, Biotin, and Choline. National Academy Press, 2000 http://books.nap.edu/catalog/6015.html
Оваа статија од областа на биохемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |