Знаме на Флoрида – службено знаме на американската сојузна држава Флорида. Станува збор за еднобојка во која се наоѓа црвен крст во облик на буквата Х додека во самата средина доминира државниот грб. Денешниот изглед на знамето е во употреба од 21 мај 1985 година откога се направиле графички подобрувања на грбот на Флорида.


Знаме на Флорида
Florida
Flag of Florida}}
Употреба државно знаме државно знаме
Сразмер 2:3
Усвоено мај 6 1868 (1868-05-06) (измени направени во ноември 1900 и мај 1985 година)
Опис Две црвени ленти во облик на х на бело поле со државниот грб на Флорида во средината.

Историја

уреди

Со доаѓањето на Шпанците на Флорида во 1513 година, ова подрачје дошло во посед на шпанската круна. Првиот конквистадор кој дошол на Флорида бил Хуан Понсе де Леон, кој бил во потрага по извор на младоста. Во текот на првото шпанско раздобје во оптек биле повеќе знамиња, на пример знаме со бургундски крст кое инаку било знаме на шпанските прекуморски територии од 1507 до 1701 година. На територијата на Флорида самиот бургундски крст се користел од откривањето во 1513, па до 1821 година.[1]

После седум години војување, Шпанците биле присилени во 1763 година Флорида да ѝ ја препуштат на Велика Британија по Париската спогодба. Тогаш во употреба било старото британско знаме Јунион Џек. За време на Американска војна за независностАмериканската војна за независнот, Шпанците војувале заедно со Фрацузите против Англичаните и во 1781 година повторно ја презеле контролата на западните делови на Флорида, а со Париски мировен договор од 1783 година, им била вратена цела Флорида. После две години шпанскиот крал Карло III одбира ново шпанско морнаричко и воено знаме. Во тоа раздобје Шпанија станала централизирана држава како и нејзините територии. Се користела црвено-златно-црвена тробојка со националниот грб на левата страна сè до 1821 година.

На 3 март 1845 година, Флорида станала 27. сојузна држава на САД, но до 1861 година немала службено знаме. Дури тогаш Флорида добила знаме кое по пример на знаме на Тексасзнамето на Тексас го дизајнирал гувернерот на Флрида Медисон С. Пери. Ова знаме кратко време се користело после што почнала да се користи бела еднобојка во чија средина се наоѓа првичната верзија на денешниот државен грб.

На крајот на 1890-тите, гувернерот на Флордина Франсис П. Флеминг се залагал во новото знаме да се користи крстот на Св. Андрија. Тоа знаме било во служба од 1900 до 1985 година кога биле направени мали промени на државниот грб.

Истражување за дизајн на знамињата

уреди

Северноамериканското вексилолошко друштво во 2001 година спровело истражување за најдобро дизајнирано знаме во конкуренција на сите знамиња на американските сојузни држави и територии како и канадските провинции. Меѓу вкупно 72 знамиња, знамето на Флорида било рангирано на 34. место со оцена 5,17 (од максимални 10).[2]

Знамињата на Флорида низ историјата

уреди

Наводи

уреди
  1. The Burgundian Saltire, 1565-1763 - Florida State Flags
  2. „2001 State/Provincial Flag Survey“. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2020-03-31.

Надворешни врски

уреди