Јеховини сведоци
Јеховини сведоци се христијанска верска заедница со над 8,6 милиони членови ширум светот, кои се вклучени во евангелизирање. Тие се управувани од страна на водечко тело на Јеховините сведоци, група на старешини во Бруклин, Њујорк, која ги воспоставува сите доктрини. Верувањата на Јеховините сведоци се засновани врз нивните толкувања на Библијата и тие претпочитаат да го користат својот превод, Новиот Свет, Превод на Светото Писмо. Тие веруваат дека уништувањето на денешниот свет систем на Армагедон е неизбежно и дека воспоставувањето на божјото царство на земјата е единствено решение за сите проблеми со кои се соочува човештвото.
Историја
уредиГрупата се појавила од библиското студентско движење основано во доцните 1870-тите од страна на Чарлс Тејз Расел со формирањето на здружението сионска стражарска кула, со значителни организациски и доктринални промени под раководство на Јосиф Франкин Ратерфорд. Името Јеховини сведоци, доаѓа од Исаија 43:10, и било усвоено во 1931 година за да се разликуваат од другите библиски студентски групи, и да симболизира прекин од наследството од Раселовите традиции.
Религијата се развила како одговор на она што не им се допаднало во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Организацијата издава религиозни материјали од крајот на 19 век, а најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.
Верувања
уредиГлавната тема на нивното учење е прославување на божјето име и оправдување на неговиот суверенитет, преку неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто пришествие или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.
Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското господово име, Јехова (или Јахве) коешто се среќава над 7.000 пати во изворните библиски списи, и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а оние што ќе преживеат, заедно со милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее небесна влада, со Спасителот Исус Христос како цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.
Припадниците на оваа верска заедница ја избегнуваат воената обврска, и одбиваат да ги поздрават националните знамиња, поради што во некои земји влегле во конфликт со владите. Како резултат на тоа, некои Јеховините сведоци биле прогонувани и нивните активности биле забранети или ограничени во некои земји.[1]
Јеховини сведоци во Македонија
уредиВо Македонија првите припадници на оваа религиска група се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година.[2]
Информации[3] | Година (2019) |
---|---|
Јеховини сведоци во Македонија: | 1.287 |
Собранија во Македонија: | 23 |
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт во Македонија: | 2.752 |
Критика
уредиСлобода на говорот и мисла
уредиДоктрините на Јеховините сведоци се воспоставуваат од страна на водечкото тело, без консултација со другите членови[4]. Религијата не толерира дисидентство за доктрините и практиките. Членовите кои отворено не се согласуваат со учењата на религијата се избегнувани.[5][6] Публикациите на здружението, како „Стражарска кула“ ги обесхрабруваат следбениците од преиспитување на своите доктрини,[7][8][9][10] и исто така, ги предупредува членовите да избегнуваат независно размислување, тврдејќи дека ваквото размислување „било воведено од страна на Сатаната, ѓаволот“ и „ќе предизвика поделби“.[11][12] Тие кои отворено не се согласуваат со официјалните учења се осудени како „отпадници“.[13][14][15]
Одбивање на трансфузија на крв
уредиЈеховините сведоци одбиваат трансфузија на крв, и тоа го сметаат за кршење на божјиот закон, врз основа на нивната интерпретација на Дела 15:28, 29 и некои други стихови.[16][17][18] Од 1961 година свесното прифаќање на трансфузија на крв од страна на член е основа за екскомуникација од религијата.[19][20] Литературата на „Општество стражарска кула“ ги насочува Сведоците да одбиваат трансфузија на крв, дури и во животозагрозувачка ситуација.[21][22][23] Јеховините сведоци прифаќаат бескрвни алтернативи и други медицински процедури наместо трансфузија на крв, а списанието „Стражарска кула“ обезбедува информации за сегашните бескрвни медицински процедури.[24]
Иако Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв, тие може да прифатаат некои фракции на крвна плазма на нивна сопствена совест.[25][26][27] Јеховините сведоци имаат воспоставено врски со болничките комитети како договор за соработка меѓу поединечни Јеховините сведоци и медицински професионалци и болниците.[28][29]
Пропаднати предвидувања
уредиПубликациите на Јеховините сведоци тврдат дека Бог ги користи Јеховините сведоци (претходно, Меѓународните библиски студенти) за да се разгласи неговата волја[30][31] и дека им обезбедил посебно предвидување за Армагедон и за формирањето на Божјото царство.[32][33] Некои нивни публикации, исто така, тврдат дека Бог ги користи Јеховините сведоци како денешни пророци. Нивните публикации објавиле различни предвидувања за светските настани кои веруваат дека биле предвидени во Библијата.[34][35] Пропаднатите предвидувања довеле до промена или напуштање на некои доктрини.
Наводи
уреди- ↑ Извештај на Јеховините сведоци од целиот свет за 2019 службена година
- ↑ В. Тимовски, Образованието и религијата, Скопје, 2005
- ↑ Детален извештај за Јеховините сведоци за 2019
- ↑ Holden, 2002 & Portrait, стр. 22
- ↑ "Following Faithful Shepherds with Life in View", The Watchtower, October 1, 1967, page 591, "Make haste to identify the visible theocratic organization of God that represents his king, Jesus Christ. It is essential for life. Doing so, be complete in accepting its every aspect ... in submitting to Jehovah's visible theocratic organization, we must be in full and complete agreement with every feature of its apostolic procedure and requirements."
- ↑ "Loyal to Christ and His Faithful Slave", The Watchtower, April 1, 2007, page 24, "When we loyally submit to the direction of the faithful slave and its Governing Body, we are submitting to Christ, the slave's Master."
- ↑ Beckford 1975, стр. 89, 95, 103, 120, 204, 221
- ↑ "Exposing the Devil's Subtle Designs" and "Armed for the Fight Against Wicked Spirits", The Watchtower, January 15, 1983
- ↑ "Serving Jehovah Shoulder to Shoulder", The Watchtower, August 15, 1981, page 28.
- ↑ "Jehovah's Theocratic Organization Today",The Watchtower, February 1, 1952, pages 79–81.
- ↑ „Avoid Independent Thinking“. The Watchtower: 27. 15 January 1983.
From the very outset of his rebellion Satan called into question God's way of doing things. He promoted independent thinking. ... How is such independent thinking manifested? A common way is by questioning the counsel that is provided by God's visible organization.
- ↑ „Avoid Independent Thinking“. The Watchtower: 20. February 15, 1979.
In a world where people are tossed about by confusing winds of religious doctrine, Jehovah's people need to be stable, full-grown Christians. (Eph. 4:13, 14) Their position must be steadfast, not shifting quickly because of independent thinking or emotional pressures.
- ↑ Holden, 2002 & Portrait, стр. 163
- ↑ See also Raymond Franz, In Search of Christian Freedom, pg. 358.
- ↑ "Will You Heed Jehovah’s Clear Warnings?", The Watchtower, July 15, 2011, page 15, "apostates are 'mentally diseased,' and they seek to infect others with their disloyal teachings. (1 Tim. 6:3, 4)."
- ↑ Penton 1997, стр. i
- ↑ Reasoning From the Scriptures, Watch Tower Bible & Tract Society, 1989, pages 70–75.
- ↑ Holden, 2002 & Portrait, стр. 91
- ↑ Muramoto, O. (January 6, 2001). „Bioethical aspects of the recent changes in the policy of refusal of blood by Jehovah's Witnesses“. BMJ. 322 (7277): 37–39. doi:10.1136/bmj.322.7277.37. PMC 1119307. PMID 11141155.
- ↑ Jehovah's Witnesses—Proclaimers of God's Kingdom, Watch Tower Bible & Tract Society, 1993, page 183.
- ↑ United in Worship of the Only True God, Watch Tower Bible & Tract Society, 1983, pages 156–160.
- ↑ Bowman, R. M.; Beisner, E. C.; Ehrenborg, T. (1995). Jehovah's Witnesses. Zondervan. стр. 13. ISBN 0-310-70411-1.
- ↑ Botting, Heather; Gary Botting (1984). The Orwellian World of Jehovah's Witnesses. University of Toronto Press. стр. 29–30. ISBN 0-8020-6545-7.
- ↑ „"How Blood Can Save Your Life," Watchtower Bible and Tract Society, pages 13–17“. Архивирано од изворникот на 2012-02-20. Посетено на 2014-11-30.
- ↑ „Questions From Readers—Do Jehovah's Witnesses accept any medical products derived from blood?“. The Watchtower: 30. June 15, 2000.
- ↑ Sniesinski; Chen, EP; Levy, JH; Szlam, F; Tanaka, KA; и др. (April 2007). „Coagulopathy After Cardiopulmonary Bypass in Jehovah's Witness Patients: Management of Two Cases Using Fractionated Components and Factor VIIa“ (PDF). Anesthesia & Analgesia. 104 (4): 763–5. doi:10.1213/01.ane.0000250913.45299.f3. PMID 17377078. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-18. Посетено на 2008-12-30.
- ↑ „The Real Value of Blood“. Awake!: 11. August 2006.
- ↑ „Jehovah's Witnesses and Medical Profession Cooperate“. The Awake. November 22, 2003. Архивирано од изворникот на 2009-08-28. Посетено на 2009-10-24.
- ↑ Kim Archer, "Jehovah's Witness liaisons help surgeons adapt", Tulsa World, May 15, 2007.
- ↑ "Messengers of Godly Peace Pronounced Happy", The Watchtower, May 1, 1997, page 21
- ↑ Jehovah's Witnesses—Proclaimers of God's Kingdom, Watch Tower Society, 1993, page 708.
- ↑ "Execution of the "Great Harlot" Nears", The Watchtower, October 15, 1980, page 17.
- ↑ "What Jehovah’s Day Will Reveal", The Watchtower, July 15, 2010, page 5.
- ↑ The Watchtower, Jan. 15, 1959, pp. 39–41
- ↑ Crompton, Robert (1996). Counting the Days to Armageddon. Cambridge: James Clarke & Co. стр. 9, 115. ISBN 0-227-67939-3.
Надворешни врски
уредиПоврзано
уреди„Јеховини сведоци“ на Ризницата ? |