Термити

група инсекти
Термити
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Поткласа: Pterygota
Инфракласа: Neoptera
Надред: Dictyoptera
Ред: Isoptera
Фамилии

Mastotermitidae
Kalotermitidae
Termopsidae
Hodotermitidae
Rhinotermitidae
Serritermitidae
Termitidae

Термити (Isoptera) се инсекти со средна големина, слични на мравките[1]. Најчесто се белузлаво обоени, по што се нарекуваат бели мравки. Живеат во заедници составени од различен број единки кај кои постои поделба на работата. Живеат вземи. Градат цврсти населби составени од земја и секрет. Се хранат со сува дрвна материја. Се одликуваат со голема плодност. Една оплодена женка може да положи дневно околу 30.000 јајца. Термитите живеат претежно во жешките предели на Африка и Америка и градат високи термитници. Од 2.500 видови термити само мал број живеат во јужна Европа. Во Македонија се среќаваат само два вида:

  • Reticulitermes lucifugus Rossi и
  • Kalotermes flavicollis Fabricius.

Извор

уреди

Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1479. ISBN 978-608-203-023-4.

Наводи

уреди