Уставотворно собрание на Народна Република Македонија

Уставотворно собрание на Народна Република Македонија — највисок орган на уставотворната власт во Народна Република Македонија, конституиран врз основа на Законот за Уставотворното собрание на НРМ од 27 јуни 1946 година. Законот бил објавен во македонскиот службен весник во 30 јуни 1946 година.[1] Уставотворното собрание било укинато во 31 декември 1946 година откако си ја исполни нејзината функција.

Уставотворно собрание
Закон за формирање на уставотворно собрание, објавено во службениот весник на Македонија
Податоци за органот
Основан 27 јуни, 1946
Укинат 31 декември, 1946
Надлежност Законодавен орган
Седиште Скопје, Македонија
Вработени Алексо Мартулков, Димитар Влахов, Бошко Станковски, Лазар Мојсов, Крсте Црвенковски

Историја

уреди

По успехот на народната ослободителна војна, Македонија успеала да се ослободи од суровата окупација на бугарската фашистичка администрација. Со тоа, како дел од новата Комунистичка Југославија, почнаа да формираат важни државни органи кои ќе помогнат со управувањето на државата. Главниот проблем на новата администрација во нејзините први години биле недостатокот на професионалци, како што истакна историчарката Виолета Ачкоска во нејзината статија „Македонската емиграција во Бугарија и афирмацијата на македонската национална посебност во периодот на формирањето на Асномска Македонија“ имало „глад за кадар“.[2] Поради тоа повеќето стари македонски револуционери во Бугарија биле поканети да учествуваат во новата македонската социјалистичка власт.

Уставотворното собрание помогна во преминот на македонската влада од Президиум на АСНОМ во Президиум на Народна Република Македонија. Уставотворното собрание била задолжена за пишување на уставот на Народна Македонија и имала поголема моќ од Президиумот. Но, штом ќе ја исполни нејзината цел, веднаш ќе била укината и заменет со тогашниот македонско собрание Секој граѓанин во Југославија можеле да гласа за членови во Уставотворното собрание се додека имале над 18 години и секој граѓанин од Југославија можел да биде кандидат се додека имал политичко искуство и е одобрен од Президиумот. На првото заседание на Уставотворното собрание најпрвин говорот го одржал тогашниот претседател на Социјалистичка Македонија, а потоа го следеше најстариот член на Уставотворното собрание кој ќе стапи на чело.[1] За време на првото заседание како прв водач на Уставотворното собрание бил избран македонскиот револуционер Крсте Гермов - Шакир.[3]

Во првото заседание членовите на Уставотворното собране гласаат за Верификационен одбор составен од 15 членови. Клучната задача на Верификационен одбор е да ги анализира предлозите на членовите од Уставотворното собрание во однос на структурата на македонскиот устав, тоа е еден од најважните органи во Уставотворното собрание. Верификационен одбор, исто така, ја има клучната задача да организира заседанија за Уставотворното собрание, тие треба да ги известат членовите на собранието околу седум дена пред да започне заседанието. Откако ќе се избере претседателот на Уставотворното собрание, тие можат да изберат претседател за Верификационен одбор. Откако членовите од Уставотворното собрание ќе бидат избрани од народот, тие избираат членови за нов орган наречен Президиумот на Уставотворното собрание кој привремено ја раководи земјата додека не е готов уставот, тој се состои од претседател, тројца потпретседатели, двајца секретари и најмногу триесет членови на Президиумот.[1]

Судир на интереси меѓу Алексо Мартулков и Лазар Колишевски

уреди

Нашите принципи не ги земаме на вересија и на вересија не ги даваме

— Алексо Мартулков во уставотворното собрание, [4]
 
Состав на новата влада во Президиумот на АСНОМ после второто заседание на АСНОМ, вториот од лево кон десно во прв ред е Алексо Мартулков

Кога за прв пат се формирало Уставотворното собрание тогашниот претседател на Македонија Лазар Колишевски им ја даде наредба да не се дискутира за одредени теми во врска со македонскиот устав, една од нив било обединувањето на Пиринска Македонија со Македонија, поради тоа што во тоа време не било сигурно дали Пиринска Македонија ќе била или не дел од новата социјалистичка Македонија. И покрај тоа предупредување од Лазар Колишевски, Алексо Мартулков, стар македонски социјалист и политичар од Велес кој служел како претставник на македонската емиграција во Бугарија во бугарското собрание, во еден јавен говор во Уставотворното собрание побарал обединувањето на Пиринска Македонија и поканувањето на претставници од Уставотворното собрание на Бугарија, што исто така било формирана околу истиот период.[5]

Тој инсистирал македонското Уставотворно собрание да усвои заклучок со кој ќе се бара отечентвено-фронтовска Бугарија јасно да го одреди својот став кон македонското национално прашање, односно за прашањето за обединување на пиринскиот дел од Македонија со македонската држава. Со интервенција на комунистичкото раководство по говорот на Мартулков немало расправа и истиот бил забранет да се печати. И покрај забраната, Бугарската комунистичка партија дошла до говорот на Мартулков и лично Георги Димитров протестирал кај Јосип Броз Тито. Македонското раководство го обвинила Павел Шатев за предавањето на говорот на Бугарите на средбата со нивната делегација во Белград на Сеславјанскиот конгрес, што може да се забележи и во извештајот на Колишевски до ЦК КПЈ за забраната за објавувањето на говорот на Мартулков во Уставотворното собрание и односот кон Шатев.[5] По несреќата Мартулков бил насилно пензиониран и постепено го изолирале комунистичките раководители од македонската политика.[2][6]

Структура

уреди

на 22 септември 1946 година биле спроведени избори за избор на членови на Уставотворното собрание. Од 672.729 избирачи запишани во избирачките списоци, гласале 544.080 или 94%. За кандидатската листа на Народниот фронт гласале 99,25%, а за десетте слободни кандидати 0,75% од избирачите што пристапиле кон гласањето. За пратеници на Уставотворното собрание биле избрани 192 члена, од 42 изборни единици. Пратеници станаа неколку илинденци и поголем број делегати на АСНОМ. Уставотворното собрание го донесе Уставот на НРМ со 180 гласачи „за“ и без противници во 31 декември 1946 година.[7][8][9] Следните политичари биле дел од Уставотворно собрание:[10]

Членови
Број Име Место на раѓање Датум на раѓање Портрети
1 Наум Наумовски Крушево 1920  
2 Бошко Станковски Брусник, Битолско 1925 N/A
3 Боге Василевски ? ? N/A
4 Хамди Демир Скопје 1917 N/A
5 Боро Чаушев Неготино 1917  
6 Веселинка Малинска Куманово 1917  
7 Димитар Влахов Кукуш 1878  
8 Алексо Мартулков Велес 1878  
9 Лазар Мојсов Неготино 1920  
10 Петре Пирузе Охрид 1907  
11 Боро Поцков Струмица 1916  
12 Ремзи Исмаил ? ? N/A
13 Никола Вражалски Кочани 1914 N/A
14 Страхил Трајковски ? ? N/A
15 Душко Лукарски Башино Село, Велешко 1913 N/A
16 Крсте Црвенковски Прилеп 1921  
17 Александар Мартиновски ? ? N/A
18 Георги Ивановски Подмочани, Ресенско 1913 N/A
19 Исмаил Хамди ? ? N/A
20 Стерјо Боздов Крушево 1902  
21 Емин Калангар ? ? N/A

Заменик членови

уреди

Список на заменик членови:[10]

Број Име Датум на раѓање Место на раѓање
1 Гојче Стефковски ? ?
2 Нуман Вејсел ? ?
3 Ристо Бајалски 1916 Солун
4 Александар Дума ? ?
5 Никола Пешев ? ?
6 Муса Јајов ? ?
7 Круме Наумовски 1914 Тетово
8 Крсте Марковски 1925 Никифорово, Гостиварско
9 Садик Несими ? ?
10 Стоилко Ивановски 1920 Ораов Дол, Велешко
11 Џафер Кодра 1923 Дебар
12 Емануел Чучков 1901 Ново Село, Штипско
13 Бејзат Муратов ? ?
14 Ристо Џунов 1919 Ваташа, Кавадаречко
15 Кирил Михајловски 1916 Виница
16 Трајко Николов ? ?
17 Михајло Милошевски ? ?
18 Џафер Демиров ? ?
19 Лазар Гиновски 1913 Белчишта, Дебрца
20 Ирфан Дика ? ?
21 Боро Чушкар 1916 Куманово

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Службен весник на Народна Република Македонија (30 јуни 1946) Год. II, број 24
  2. 2,0 2,1 Ачкоска, Виолета (2010). Македонската емиграција во Бугарија и афирмацијата на македонската национална посебност во периодот на формирањето на Асномска Македонија (PDF). УКИМ. стр. 299.
  3. Службен весник на Народна Република Македонија (25 ноември 1946) Год. II, број 32
  4. Контраустав (Удар врз уставниот поредок) (2014) од Светомир Шкариќ, стр. 6
  5. 5,0 5,1 Јанакиевски, Павле (2020). ИДЕИ, ПЛАТФОРМИ И КОНЦЕПТИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА (1941-1949) (PDF). УКИМ. стр. 174–175.
  6. Ѓурковска, Лидија (2015). ДИСКУСИЈАТА НА ПАВЕЛ ШАТЕВ НА СЕДНИЦАТА НА ВТОРОТО РЕДОВНО ЗАСЕДАНИЕ НА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НРМ ОД 25.12.1946 ГОДИНА (PDF). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ НА Н.У. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА. стр. 62.
  7. Устав на НР Македонија (1946)
  8. Службен весник на Народна Република Македонија (1 јануари 1947), Год. III, број 1
  9. МАКЕДОНСКИОТ УСТАВЕН РАЗВОЈ - Хронолошки преглед (ноември 2021) од Македонското собрание
  10. 10,0 10,1 Уставотворно собрание на НРМ (2009) дел од Македонската енциклопедија, уредена од Блаже Ристовски