Ристо Џунов
Ристо Џунов (1 април 1919 во Ваташа — 23 февруари 2005 во Скопје)[1] — македонски економист, национален деец, првоборец, еден од организаторите на НОБ во Тиквешијата, државник, општественик и дипломат.[2][3]
Ристо Џунов | ||
Роден | 1 април 1919 Ваташа, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 23 февруари 2005 (возраст: 85) Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Познат | Партизанска споменица 1941 | |
Занимање | економист, борец, државник, општественик, дипломат |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште и нижа гимназија во Ваташа и Кавадарци, a гимназија во Горњи Милановац и Крагуевац во Србија, а студирал на Белградскиот универзитет, каде што бил активист на Културно-просветното друштво „Вардар“ и на МАНАПО.[2][3]
Станал член на Сојузот на комунистите на Југославија во 1940 година. Во мај 1943 активно учествува во подготовките за формирање на НОПО „Добри Даскалов“ и е еден од првите негови борци. Подоцна, станал раководител на партиската техника на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и секретар на Околискиот народен одбор во Кавадарци во 1944 година.[2][3] Бидејќи имал афинитет за работа со печатење на материјали бил одговорен за работата на партиската техника уште во 1941 година. Во печатницата биле издавани летоци и неколку илегални весници како Воено коменике и Марксистички листок.[3]
После ослободувањето
уредиПо завршувањето на Втората светска војна, Џунов извршувал бројни општествени и државни функции: републички и сојузен пратеник, член на Извршниот комитет на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретар во Владата на НРМ, секретар на Президиумот на Собранието на НРМ во периодот 1949-1951, потпретседател на Извршниот совет на НРМ, претседател на Задружниот сојуз на Македонија, потпретседател на Задружниот сојуз на Југославија, член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија во периодот 1958-1962, потпретседател на Сојузната конференција на ССРНЈ во периодот 1977-1982 година, секретар за труд и социјална политика на Сојузниот извршен совет, претседател на СЗБ на НОВЈ, член на Претседателството на Централниот комитет на СКМ и амбасадор на СФРЈ во Кралството Шведска во периодот 1971-1978.[2][3]
Носител е на Партизанска споменица 1941.[1][2][3] Македонското здружение за заштита при работа, постхумно му ја додели награда за животно дело на полето на Безбедност и заштита при работа.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „На денешен ден во Тиквешијата“. www.rtk.mk. Посетено на 2024-07-12.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1642. Text "series " ignored (help)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 437–438. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ „РИСТО ЏУНОВ – МЗЗПР“ (англиски). 2017-03-05. Посетено на 2024-07-12.