Хамди Демир
Хамди Демир, роден Хамди Таир Демир (турски: Hamdi Tair Demir; Скопје, 25 мај 1917 — Скопје, 15 февруари 1976) — македонски партизан и политичар, претставник на турското малцинство во Социјалистичка Република Македонија. Деец во Комунистичката партија на Македонија и Комунистичката партија на Југославија. Еден од членовите во Уставотворното собрание на Македонија
Хамди Демир Hamdi Demir | ||
Роден | Хамди Таир Демир 25 мај, 1917 Скопје, Бугарска окупирана Македонија | |
---|---|---|
Починал | 15 февруари, 1976 (возр. 58) Скопје, СР Македонија | |
Народност | Турчин |
Животопис
уредиРоден е во 25 мај 1917 година во Скопје, потекнува од старотурско семејство. Покрај крајот на ноември 1939 година влегува во СКОЈ, каде што служел како претставник на турскиот и албанскиот етнос во партијата. Од средината на јануари 1941 е секретар на група во склоп на СКОЈ. Од јуни 1941 тој се приклучува во Комунистичката партија на Југославија. Член е на Жупанскиот комитет на КПJ. Влегува во Првиот скопски партизански одред. На 13 октомври 1941 година е уапсен и на 24 ноември 1941 е осуден на смрт преку обесување од бугарски воен суд. На 29 август 1944 избегнува од затворот и се приклучува во Третата македонска ударна бригада. Подоцна заминува за Светиниколскиот реон, каде што формира Народоослободителен комитет, комитет на народната младост и на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија.
На 22 декември 1944 година основал заедно со други партизани Комитет на народоослободителниот фронт на текстилните работници во Скопје и седум денови подоцна е избран за член на комитетот. Меѓу периодот 1945-1952 е член на Градскиот комитет на КПМ за Скопје, како и претседател на Сојузот на борците од Четвртиот реон на градот Скопје. На првите слободни избори бил избран за одборник и секретар на Четвртиот народен одбор во Скопје и народен пратеник на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија во 1946 година. Подоцна бил и пратеник во Народното собрание на НРМ, член на Претседателството на Републичкиот одбор на СЗБНОВМ и член на Советот на Републиката. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 450. ISBN 978-608-203-023-4.