Северна Азија
Северна Азија е регион во Азија кој се состои од азискиот дел на Русија. Овој регион го зафаќа најголемиот дел на некогашната СССР, делот што се наоѓа источно од Урал,[1] и опфаќа една третина од континентот[2].
Демографија
уредиСе смета дека источно Урал живеат околу 40 милиони Руси и порусени Украинци. Покрај ова, во Сибир живеат и 445.175 Бурјати (најбројното малцинство), 443.852 Јакути (2002) и околу 400.000 Германци.[3] Според пописот од 2002, во Сибир има 500.000 Татари, но 300.000 од нив се волшки Татари преселени во Сибир во текот на неговата колонизација.[4]
Географија
уредиФизичка карта на северна Азија. |
---|
Во северна Азија нема планински венци, и затоа нема што да го спречи навлегувањето на студените воздушни струења од Арктикот низ рамничарските предели во Сибир и Туркестан.
Висорамнините и рамниците во северна Азија ги сочинуваат западносибирските низини; Ангарскиот Штит, со полуостровот Тајмир, крајбрежните низини, висорамнините Путорана, Анабар, Тунгуската Висорамнина и Ангарската Висорамнина; и сливот Лена-Виљуј. [5]
Поврзано
уреди„Северна Азија“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ William Revill Kerr (2003). Tourism Public Policy, and the Strategic Management of Failure. Elsevier. стр. 54. ISBN 0080442005.
- ↑ Augustus Henry Keane and Richard Carnac Temple (1882). Asia: With Ethnological Appendix. London: Edward Stanford. стр. 345, 493.
- ↑ Сибирски Германци (англиски)
- ↑ Сибирски Татари Архивирано на 27 февруари 2002 г. (руски)
- ↑ Edwin Michael Bridges (1990). „Northern Asia“. World Geomorphology. Cambridge University Press. стр. 124–126. ISBN 0521289653.