Протестантство

(Пренасочено од Протестантизмот)

Протестантство или протестантизамрелигиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на реформацијата во Европа во 16 век. Поимот за првпат бил употребен во 1529 година од страна на Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква[1]. Називите протестант иил пак протестантизам произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот во Шпајер во 1529 против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква. Главното мислење на протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот завет.

Вратата на Витембершката црква
Времеследен приказ на поважните гранки на протестантството настанити по реформацијата.

Денеска, Протестантството претставува една од трите основни деноминации во христијанството. Од околу 2.100.000.000 христијански верници во светот, 580.000.000 се протестанти, што претставува околу 27%. Според некои теолози, секоја христијанска вероисповед, која не припаѓа на Римокатоличката или Православната црква, всушност е протестантско.

Еден од првите протестантски реформатори бил свештеникот Јан Хус, професор по теологија, словен, кој живеел на територијата на денешна Чешка и кој станал маченик за верата во 1415 година. Хус поучувал дека Писмото е поважно од традициите. протестантската реформација се проширила по цела Европа во 1517 година, кога друг католички свештеник и професор по теологија, Мартин Лутер, ја повикал на обнова католичката црква. Тој велел дека кога Библијата е во конфликт со црковните преданија, тогаш е потребно да се потчинуваме единствено на Библијата. Лутер изјавил дека црквата постапува неправилно со тоа што дава можност да се купуваат индулгенции (потврди за простени гревови) преку кои луѓето ќе можат да влезат во рајот. Тој исто така тврдел дека спасението единствено се добива преку верата во Христос, а не се “заработува” преку вршење добри дела. Денес протестантската реформација е распространета низ целиот свет. Како резултат на тоа се оформиле цркви, како што се лутеранската, методистичката, англиканската, а потоа и баптистичката, пентскостната и други.

Евангелско протестантските цркви веруваат дека секој христијанин одговара за својот духовен живот н секој треба да ја чита и проучува Библијата. За ова убедување тие се потпираат врз учењето од Дела на Апостолите (17:11) каде што се вели: “Овие беа поблагородни од солунјаните; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така. Библијата исто така нѝ зборува “да го скриеме” Божјото Слово во срцата, за да не му грешиме на Бога (Псалм 118 (119):11). Апостол Павле го пофалува Тимотеј, велејќи: “Бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што може да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.” (2 Тимотеј 3:15).

Почеток

уреди

Повод за почеток на борбата за реформа на Католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на црквата Св. Петар во Рим. Творец и водач на реформацијата во Германија бил Мартин Лутер (1483-1546 г.), професор по Богословија на Универзитетот во Витемберг. Во 1517 г. на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите „95 тези“, според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот, а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението.

Протестантски правци

уреди
 
Мартин Лутер

Протестантството односно протестантската реформација се развила во три правци:

Лутеранство

уреди

Во Германија, ова движење било поткрепено од страна на германските кнезови, но дури по Вестфалскиот договор во 1648 година, со кој договор завршила Триесетгодишната војна, лутераните добиле еднакви права како католиците. Како основач на лутеранството се смета Мартин Лутер. Лутеранството започнало како обид за реформирање на Римокатоличката црква. Мартин Лутер под отворено небо се спротивставил на Римокатоличката црква. Лутер ја превел Библијата на германски јазик, го објаснил библиското учење за спасувањето преку вербата, изложено од страна на Апостол Павле, и проповедал теологија, центрирана околу личноста на Господ Исус Христос. Неговите трудови станале основа за натамошниот развој на реформацијата.

Калвинизам

уреди
 
Жан Калвин
 
Улрих Цвингли

Во Швајцарија, реформацијата била распространета најпрвин во Цирих во 1516 година преку Улрих Цвингли. Според него, реформацијата имала национален карактер, и како таква, тој сметал дека секуларната власт нема право да се меша во работите на црквата. Во текот на 1528 година го напишал Коментарот околу правната и лажната религија, а следната 1529 година во Марбург заедно со Лутер дискутирале околу суштината на евхаристијата, држејќи на тоа дека Христос е присутен само духовно и симболички. Во 1531 година алијансата на Улрих Цвингли подготвила штрајк со глад против католичката црква, меѓутоа обидот бил без успех бидејќи движењето не било доволно подготвено во Цирих. Улрих Цвингли бил убиен на возраст од 47 години.

Жан Калвин, протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Во 1536 година, тој ја објавил книгата Институции на христијанската религија, во која ги прецизирал разликите помеѓу својата и протестантската теологија. Тој признал само две тајни: крштевање и евхаријстија. Тој ги одбил концепциите на Цвингли во врска со симболичките вредности на евхаристичкото учење, зборувал во врска со градот Божји односно околу црковната организација и дисциплина.

Англиканство

уреди
 
Хенри VIII

Црквата на Англија или Англиканската црква е официјална христијанска црква[2] во Англија и мајка-црква на англиканските цркви ширум светот. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.[3]

Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни принципи од реформацијата од 16 век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на Мери I, но Елизабета била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на протестанска црква. Со таа цел во 1559г. парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од римокатоличката, се исклучувало читањето на името на папата и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во брак, се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на црквата на Англија. Актот се соочувал со голем отпор во Горниот дом како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на Англиканската црква. По празнувањето на Велигден парламентот продолжил со работата и се расправало за двата нови акта кои ги има предложено владата, Актот за врховна власт и Актот за униформност. Првиот акт ја потврдил Елизабета како врховен управник на Англиканската црква. Врховен Гувернер била поприкладна титула што фактички ја направило Елизабета врховен господар на црквата, без притоа да ѝ пишува титуларно. Ова било многу важно бидејќи луѓето во XVI век едноставно не можеле да прифатат една жена да биде главна на црквата во некоја држава. Вториот едикт, Актот за униформност, требало попретпазливо да се донесе, за разлика од остатокот од реформацијата на политичкиот и религиозниот живот во Англија. Предвидувал строги закони за католиците, се исклучувало името на папата од црковните служби и се дозволувала и протестанската и римокатоличката литургија во црквите. По распуштањето на парламентот Елизабета заедно со Вилијам Сесил донеле редица на закони познати како Кралски налози. Тие доаѓале нешто како продолжеток на религиозната реформа и се однесувале на католиците, се забранувала римокатоличката свештеничка облека, се забранувала употребата на лебот во црковната служба и др. Во окрузите низ кралството каде доминантно било католичко население постоело одредено негодување кон реформите, па така што одредени измени биле неопходно вметнати со што послужиле за полесно официјално прифаќање од сите поданици на кралството.

Елизабета никогаш не ја сменила религиозната нагодба и покрај жестоките протести од страна на протестантите (пред сѐ од пуританците), со што основата на денешната Англиканска црква потекнува токму од религиската нагодба од 1559 година. Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископот од Кентербери кој е поглавар на црквата.

Анабаптизам

уреди

Анабаптизмот претставува третото движење во протестантството. Неговите наследници сметале дека црквата е составена од личности, кои вистински го преживеале Исус Христос. Тие се спротивставувале на идејата за вистинско постоење на црквата како религиозна институција, туку држеле на личната врска со Бог преку Светиот Дух. Поради ова, тие сметале дека човек треба да биде крстен во вода откако ќе се запознае со својата вера и во овој контекс тие биле најрадикални.

Анабаптистите го отфрлаат носењето на свадбени прстени, или пак учеството во државното управување. Како еден од основачите на Анабаптизмот се смета Томас Минцер. Тој бил предводник на т.н. Селанска војна кога околу 100.000 селани заедно со Минцер биле убиени.

Баптизам

уреди

Баптистите претставуваат протестантски христијани кои сметаат дека за да еден христијанин биде крстен, тој најпрвин треба да биде пораснет верник. Почетоците на Баптистичката црква се во Велика Британија и САД. Денеска претставуваат една од најголемите протестантски заедници. Од редовите на баптистите бил и Мартин Лутер Кинг.

Според статистичките податоци кои ги објавил баптистичкиот статистички завод, во светот има околу 90.000.000 верници. Оваа верска заедница била основана од страна на Џон Смит, кој живеел во прогонство во Амстердам. Најпрвин Смит сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат литургијата, молитвата, пеењето и проповедањето бидејќи истите морало да бидат целосно спонтани. Смит одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето требало да биде по наредба на Светиот Дух.

Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок. Со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници.

Првата баптистичка црква била основана во 1612 година, кога Смит се вратил во Англија, и кога ова движење зазело голем замав во времето на династија Стјуард. Според некои, Баптистите се произлезени од Анабаптистите. Голем број на баптисти се поврзуваат со политичките настани од 17 век. Тие биле предводници за религиозната слобода помеѓу верите. Во текот на населувањето на Америка, голем дел од баптистите заминале во САД каде основале баптистички цркви. Во тоа време се одвоила и баптистичката секта позната под името Баптисти од седмиот ден. Во текот на 18 век, баптизмот паднал под притисок на унитаризмот.

Методизам

уреди
 
Џон Веслеј

Методизмот претставува деноинација во христијанството, движење во рамките на Англиканската црква[4][5][6]. Првата Методистичка црква била основана во 1784 година во САД. Соединетите Американски Држави биле формирани една година порано и претставуваат прва модерна држава каде што црквата е одделена од државата. Првичната намера не била да се основа нова црква.

Англиканскиот проповедник Џон Веслеј (1703-1791) бил длабоко погоден од сиромаштијата во Англија, која земала сè поголем замав во XVIII век. Тој се смета и за основач на Методизмот[7]. Почетокот на индустриската револуција предизвикала огромни социјални проблеми (невработеност, голема експлотација на возрасните, злоупотреба на детскиот труд, алкохолизам итн). Заедно со неколку истомисленици, Џон Веслеј формирал движење во рамките на Англиканската црква, кои се залагала за овие луѓе и за нивните проблеми. На луѓето кои го предводат оваа движење им го даваат прекарот „методисти“, затоа што се одликувале со еден дисциплинарен начин на живеење (секојдневно читање на Библија, постојана молитва, постење, служење на другите итн).

Со тек на времето, сè повеќе луѓе започнале да емигрираат од Англија во Америка. Методистичкото движење се проширило на новиот континент. Со независноста на САД, Англиканската црква се повлекла од колониите и останала под патронство на Англиската црква. Методистичката црква не се издигнува со разликите во учењето, туку заради духовната потреба на луѓето дојдени во новата замја.

Методистичката црква го задржила учењето и начинот на Боголужба како Англиканската црква, иако и двете скратувале или додавале нешта кои се неопходни за да се следат промените кои настануваат во модерниот свет.

Денес Евангелско-методистичката црква е распространета ширум светот и брои околу 70 милиони членови[8] . Иако Методизмот не е истовремено појавен со реформацијата, сепак спаѓа во редот на протестанските цркви и исповеда заедничко верување, чија основа е љубовта Божја кон сите луѓе и Неговото безусловно прифаќање на грешната природа на човекот.

Евангелизам

уреди

Евангелизамот или евангелско протестантство денеска претставува доминантно движење во рамките на протестантството според бројот на верници. Во текот на XVIII век, како евангелисти биле познати и оние кои биле наклонети кон Англиканската црква, како и оние ја поддржувале истата. Ова движење било основано во Велика Британија во 1730-тите, и се здобило со голема популарност во САД во текот на XVIII и XIX век.

Англиските евангелисти најмногу внимание оддаваат на значењето на Светото Писмо, потребата од зачувување на верата, на високиот морал. Во Америка, во текот на XIX век, поимот евангелизам се однесувал на оние цркви кои го застапувале идеите на ревивализамот. Се смета дека оние цркви имаат многу заедничко и нивните водачи се надевале дека еден ден ќе се создаде можност за обединување на оваа црква преку која Америка ќе стане христијанска земја.

Во Англија во 1846 година, противниците на англиканската и Римокатоличката црква оствариле меѓусебна соработка на ниво на Евангелистички сојуз.

Одлики

уреди

Протестантите се христијани, кои претставуваат една од неколкуте низависни христијански цркви. Протестантите го применуваат Ннкејскиот симбол на верата, донесен на Првиот црковен собор во 325 година. Сите тие веруваат во смртта, погребувањето и воскресението на Исус Христос, во Неговата божественост и во Неговото Второ пришествие. Сите тие ја користат Библијата како Божјо слово и се согласуваат во тоа дека покајанието и верата се неопходни, за да се има вечен живот и за да се избегне пеколот. Според податоците од агенцијата “Операција Свет” во целиот свет има околу 600 милиони протестанти.

Протестантите, пред сè го ценат авторитетот на Библијата и секој има право да ја проучува, според одредени правила. Православните и католиците најмногу ги ценат своите преданија и веруваат дека само свештениците во тие цркви можат правилно да ја толкуваат Библијата. Основните разлики меѓу овие три конфесии ги носат корените на основоположната политура на мислење. Сите заедно, без разлика на нивните разединувања, се согласуваат со Христовата молитва запишана во Евангелието според Јован (17): “Не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал; зашто се Твои.”

Разлики помеѓу црквата

уреди
Дел од темата
Христијанство

 

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

  • Протестантите не се противставуваат на крстните изработки. Протестанските и католичките цркви за разлика од православните, претпочитаат да корастат едноставен крст.
  • Протестантите и католиците веруваат дека иконостасите ја симболизираат завесата која ги одделувала луѓето од најсветото место во Ерусалимскиот храм. Тие сметаат дека кога Бог ја раскинал завесата на две во моментот на Исусовата смрт (Матеј 27:51), тогаш тој самиот кажал дека човештвото повеќе не е одделено, благодарение на крвта која ја пролеал Исус за да ги прости гревовите.
  • Протестантите веруваат во тоа дека богослужбата се осветува не од местото на проповедање, не од зградата, туку од Христовото присуство меѓу верниците. Библијата според нив исто така вели дека како Божји храм се јавуваат христијаните, а не зградите: “Не знаете ли вие дека сте Божји храм, и дека Божјиот Дух живее во вас?” (1 Коринќани 3:16). Според Библијата, првите христијани држеле служби на многу различни места: во училишта (Дела 19:9), во еврејски синагоги (Дела 18:4, 26; 19:8), во еврејскн храмови (Дела 3:1) и во приватни домови (Дела 2:46, 5:42, 18:7; Филемон 1:2,18:7; Колошани 4:15; Римјаните 16:5 и 1Коринќани 16:19).
  • Повеќето протестанти сметаат дека децата по смртта веднаш одат во рајот. Исто така, тие веруваат во библиското тврдење дека на крштавањето мора да му претходи покајание (Дела 2:3). Тие своето убедување го темелат врз 2 Царства (12:23), каде што е опишана смртта на синот на цар Давид од Бетшеба. Давид тврдел дека ќе дојде време кога тој ќе го види својот син на небото. Ова верување го тврдат најмногу поради тоа што во Библијата, се велело дека децата не знаат за добро и зло (2 Царства 1:39). Исус рекол: “Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство (Матеј 19:14). Протестантите сметаат дека во Библијата нема ниту еден случај на крштевање на бебе, а и Исус чекал за своето крштевање до 30 година.
  • Христијаните протестанти сметаат дека Десетте заповеди (2 Мојсеева) забрануваат да се изработуваат ликови за поклонување: “Не прави за себе идол, ниту каква слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата.” Во 3 Мојсеева (26:1) според нив, е запишано: “Не правете ракотворнн ликови ни делкани и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се поклонувате, зашто Јас сум Господ вашиот Бог.”
  • Протестантите претпочитаат да го следат Исус. Евангелските верници велат дека во Писмото нема примери каде што некој се моли на Марија или на светци. Тие сметаат дека Библијата забранува да човекот се моли на човек, кој починал: “Да не се најде човек пред тебе што повикува мртви.5 Мојсеева (18:10-12)”. Евангелско - протестантските цркви сметаат дека Марија била прекрасен пример на христијанска послушност спрема Бог и дека останала девица сѐ додека не се родил Исус. Докази во врска со тоа го наведуваат Евангелието според Матеј (1:25), каде се зборува дека нејзиниот сопруг Јосиф не ја спознал (не спиел со неа) сѐ додека не го родила својот Син првенец, а во други стихови од Библијата се спомнуваат браќата и сестрите на Исус (Матеј 12:46,13:55-5; Марко 3:31; Јован 2:12, 7:3). Евангелско - протестантските цркви не веруваат дека Марија била безгрешна, бидејќи во Евангелието според Лука (1:47) таа го нарекува Господ свој Спасител, според тоа не би ѝ бил потребен Спасител, ако била безгршна.
  • Протестантите ги применуваат повеќето поставени историски црковни собори, но не ги сметаат за безгрешни. Таквото однесување е втемелено врз фактот дека некои одлуки кои се донесени на двата последни Никејски собори си противречат едни на други во врска со иконите. На првиот донесен во 754 година, користењето на икони било забрането, а на вториот донесен во 787 година, било решено дека користењето на икони е неопходно. Протестантите ги применуваат решенијата на Соборите само тогаш кога тие се во согласност со учењето на Библијата.
  • Протестантите не веруваат дека во моштите на светците има некаква посебна сила, бидејќи Библијата не учела за ова. Протестантите сметаат дека случајот со коските на Елисеј, преку кои воскреснал мртовец (4 Царства 13:21), не било ништо друго освен исполнување на Божјото ветување дадено на Елисеј, а тоа е дека Елисеј ќе има двојно поголемо помазание од она на Илија (4 Цараства 2:9). Чудата кои се случиле по смртта на Елисеј двојно ги преминало чудата направени од Илија. Протестантите сметаат дека Библијата нема други укажувања за тоа дека христијаните треба да ги почитуваат телата на умрените, затоа и не постапуваат така.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Protestantism." Encyclopædia Britannica. 2010. Encyclopædia Britannica Online. 15 Nov. 2010 <http://www.britannica.com/topic/479892/Protestantism[мртва врска]>.
  2. „The History of the Church of England“. The Archbishops' Council of the Church of England. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 2006-05-24.
  3. 3,0 3,1 http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf
  4. „About The Methodist Church“. Methodist Central Hall Westminster. Архивирано од изворникот на 2007-01-21. Посетено на 31 December 2007.
  5. „American Holiness Movement“. Finding Your Way, Inc. Архивирано од изворникот на 2007-12-13. Посетено на 31 December 2007.
  6. An introduction to world Methodism. Cambridge University Press. Посетено на 31 December 2007.
  7. „What We Believe – Founder of the United Methodist Church“. United Methodist Church of Whitefish Bay. Архивирано од изворникот на 2008-03-25. Посетено на 1 August 2007.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-15. Посетено на 2011-06-12.