Шпајер
Шпајер (германски: Speyer, до 1825 г. и Speier) — град во Рајнската област-Пфалц, Германија со околу 50.000 жители. Лежи на левиот брег на реката Рајна, 25 км јужно од Лудвигсхафен и Манхајм, а 21 км југозападно од Хајделберг. Основан е од Римјаните, и се вбројува меѓу најстарите градови во државата.
Шпајер
Speyer | |
Улицата „Максимилијанштрасе“ и Шпајерската катедрала во позадина | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Рајнска област-Пфалц |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 4 |
Надградоначалник | Штефани Зајлер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 42,58 км2 |
Надм. височина | 92 м |
Население | 51.368 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.206 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SP |
Пошт. бр. | 67346 |
Повик. бр. | 06232 |
Портал | speyer.de |
Координати | 49°19′10″N 8°25′52″E / 49.31944° СГШ; 8.43111° ИГД |
Забележителни знаменитости на градот се Шпајерската катедрала, уште неколку цркви и Старата порта. Под главниот олтар на катедралата се погребани осум свети римски цареви и германски кралеви.
Шпајер е познат по т.н. „Шпајерска протестација“ на Царскиот собор од 1529 г. со која разни кнезови се заложиле за повлекување на забраната врз делата на реформаторот Мартин Лутер, и со тоа удирајќи ги темелите на протестантството.
Најпрвин градот се нарекувал Новиомагус и Кивитас Неметум по тевтонското племе Немети кое се доселило на ова подрачје. Во VI век е засведочено името Спира, изведено од франкиската населба Вила Спира близу гратчето.
Времеследен преглед
уреди- 10 п.н.е. — поставен првиот римски воен логор (меѓу градскиот дом и епископскиот дворец).
- 150 — гратчето обележано како Новиомагус на светската карта на старогрчкиот географ Птоломеј.
- 346 — за првпат споменат епископ на гратчето.
- IV век — градот Кивитас Неметум обележан на картата „Појтингерова табла“.
- V век — Уништен Кивитас Неметум.
- VII век — гратчето е одново подигнато под името Спира, наречен по блиска франкиска населба.
- 1030 — светиот римски цар Конрад II ја започнува преградбата на Шпајерската катедрала, денес светско наследство на УНЕСКО. Во истиот век е изграден првиот градски дом.
- 1076 — светиот римски цар Хајнрих IV тргнува од Шпајер на патот за Каноса за да се сретне со папата.
- 1084 — основана првата еврејска заедница во Шпајер.
- 1096 — крстоносната војска на грофот Емих ги пустоши еврејските заедници во Рајнската област; Шпајерскиот епископ Јован ги засолнил Евреите во својот дворец, а потоа ги однел во тврдина вон градот. Решено е дека повредувањето на Евреи ќе се казнува со отсекување на раката.[2]
- 1294 — епископот ги губи највеќето дотогашни права, и Шпајер станува слободен царски град на Светото Римско Царство.
- 1349 — збришана еврејската заедница во Шпајер.
- 1527 - 1689 — Шпајер е седиште на Царскиот камерен суд.[3]
- 1526 — Шпајерскиот царски собор (рајхстаг) носи одлука за привремена толеранција кон лутеранските учења и богослужба.
- 1529 — На Шпајерскиот царски собор лутеранските кнежевства на царството изразуваат силно незадоволство во врска со противреформациските, воведувајќи го поимот протестантство.
- 1635 — маршалот на Франција, Ирбен де Маје-Брезе, заедно со војводата Жак Номпар де Комон ги освојвуаат Хајделберг и Шпајер.
- 1689 — француската војска прави големи штети врз градот.
- 1792 - 1814 — Шпајер паѓа под француска власт по Битката кај Шпајер.
- 1816 — Шпајер станува управно седиште на областа Пфалц и Рајнскиот округ на Баварија (подоцна наречен Баварски Пфалц), и останува таков сè до крајот на Втората светска војкна.
- 1883 - 1904 — изградена спомен-црква овековечувајќи ја Протестацијата од 1529 г.
- 1947 — отворена Државната академија за управна наука (подоцна преименувана во „Германски универзитет за управни науки“ - Шпајер[4]).
- 1990 — градот одбележува две илјади години постоење.
Знаменитости
уреди- Шпајерска катедрала
- Стара градска порта
- Спомен-црква на Протестацијата
- Црква „Св. Троица“
- Еврејски двор – остатоци од средновековната синагога и микве (обредна бања)
- Технички музеј — музеј на превозот
- Историски музеј на Пфалц
Збратимени градови
уредиПознати личности
уреди- Јуда бен Самуел (1140-1217) — еврејски писар и мислител
- Габриел Бил (~ 1415-1495) — схоластички филозоф
- Јохан Јоахим Бехер (1635-1682) — лекар, алхемичар, претхоник на хемијата
- Анселм Фојербах (1829–1880) — водечки класицистички сликар
- Карл-Адолф Холит (1891-1985) — офицер на Вермахтот
- Кристијан Рајф (р. 1984) — скокач во далечина
- Себастијан Лангкамп (р. 1988) — фудбалер
- Ларс Штиндл (р. 1988) — фудбалер
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
- ↑ Simon Schama, The History of the Jews, Vintage Books 2014 p.298
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 25 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 694.
- ↑ German University of Administrative Sciences Speyer
- ↑ „Städtepartnerschaften“. speyer.de (германски). Speyer. Архивирано од изворникот на 2019-05-25. Посетено на 2019-11-28.
Надворешни врски
уреди„Шпајер“ на Ризницата ? |
- Шпајер на Википатување (англиски)
- Градски портал на Шпајер (германски) (англиски)
- Мрежно место на Шпајерската катедрала (германски)
- Макетна карта на Шпајер во средниот век
- Технички музеј (Музеј на превозот) (германски)
- Тури со водич низ Шпајер (германски)