Свет Дух

(Пренасочено од Светиот Дух)
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Светиот Дух (во христијанството) — еден од лицата на Светата Троица. (старогрчки — Άγιο Πνεύμα, латински — Sanctus Spiritus, иврит — רוח הקודש). Христијаните веруваат низ целата историја Светиут Дух им ги давал своите дарови на определени лица, групи и цели народи.

Приказ на Светиот Дух како гулаб од базиликата Свети Петар

Светиот Дух е третата личност од Божјата природа на Пресвета Троица. Светиот Дух се спомнува честопати во Светото Писмо и најпрво е споменат при создавањето на светот (1 Мој. 1:2). Исто така, треба да се прави разлика меѓу:

  • Плодот на Светиот Дух: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кроткост и самоконтрола (Гал. 5:22,23).
  • Дарбите на Светиот Дух, кои се нарекуваат и несоздадени енергии кој произлегуваат од третата Личност: зборување со мудрост, зборување знаење, вера, разликување духови, пророкување, дарби за лекување, чудотворства, зборување разни јазици, толкување на разни јазици, поучување, помагање, служење, утешување, дарување, управување, милосрдие (Рим. 12:6-8; 1 Кор. 12:8-10). Дарбите на чудотворства, лекување, зборување и толкување на разни јазици, биле привремени знаковни дарби со цел да ја потврдат автентичноста на пораката и на тие што ја проповедале. Со комплетирањето на Новиот завет знаковните дарби престанале, бидејќи Светото Писмо станал стандардот преку кој требало да се проверуваат сите пораки, за да се види дали се според вистината, па со тоа и пророкувањето веќе не било средство за ново откровение, туку било ограничено на прогласување на веќе откриеното во пишаниот Божји Збор.

Според плодовите и љубовта ќе ги познаеме вистинските ученици Христови (Лк. 6:43-45; Мат. 7:21; 22:36-40; Јвн. 13:35; 1 Јвн. 2:4; 4:7,8).

Кој е Светиот Дух според црквата

уреди
 
Отецот, Синот и Светиот Дух - икона од црквата „Св. Димитриј“ во Битола

Бог е Отец, Син и Свет Дух. Сите божествени одлики што ги имаат Отецот и Синот ги има и Светиот Дух. Тој е сѐприсутен (Пс. 139:7; 2 Тим. 1:14), вечен (Евр. 9:14), знае сѐ што и Бог знае (1 Кор. 2:10,11), ја знае иднината (Дела 1:15,16), ги создава луѓето (Јов 33:4), а тоа се особини кои Му припаѓаат само на Бог. Цитати од Стариот завет, кои ги зборува Бог (Адонаи; Јахве), се вели дека се кажани од страна на Светиот Дух (Иса. 6:8-10 и Дела 28:25-27; Ерм. 31:31-34 и Евр. 10:15-17), а апостолот Петар вели дека кога Ананија Го излажал Светиот Дух, тој всушност Го излажал Бог (Дела 5:3,4). Исто така, Светиот Дух е личност, а не некаква енергија. Тој ги има сите особини на една личност: ум и интелект (Рим. 8:26,27; 1 Кор. 2:11), чувства (Иса. 63:10; Еф. 4:30), волја (1 Кор. 12:11), комуницира (Дела 10:19,20; 13:2; 20:23), поучува и потсетува (1 Кор. 2:13; Јвн. 14:26), љуби (Рим. 15:30) итн.

Улогите на Светиот Дух

уреди

Нановораѓање

уреди

Во Јован 3:3, Исус му вели на Никодим: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“[1] Зборот „одозгора“ е старогрчката прилошка „анотен - ἄνωθεν“[2] која значи „одозгора, повторно, наново“. Исус намерно искористил аналогија на раѓање, бидејќи како што човекот не може да влијае врз своето физичко раѓање, исто така не може да влијае и врз своето духовно раѓање. Значи, мора да му се случи нешто, што тој самиот не може да го направи, ниту пак да придонесе нешто за тоа. Нановораѓањето е суверено дело на Светиот Дух (Јвн. 1:12,13; 3:6), во кое Тој го пресоздава човекот - му дава ново срце, нов ум, нов карактер т.е. нова природа, а покрај тоа Тој дури и се вселува во него (1 Кор. 3:16). Поради тоа, човекот е оспособен да реагира со спасоносна вера и покајание (Јвн. 6:44,65; 1 Кор. 2:14; Дела 16:11-15; 2 Тим. 2:25) и да живее свет и праведен живот (Рим. 8:8,9; Гал. 5:22,23). Таквиот човек нема да биде безгрешен (1 Јвн. 1:8,10), но ќе живее праведен живот, бидејќи тој има нова природа која ги љуби Божјите заповеди, а го мрази гревот (Мат. 7:21-23; Јвн. 14:15,23; Рим. 7:15,19,22; 1 Кор. 6:9-11; 1 Јвн. 2:4). Потоа Исус ја дообјаснува Својата изјава, велејќи: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Духот, не може да влезе во царството Божјо.“[3] Некои луѓе мислат дека зборот „вода“ се однесува на крштавање, но таквото толкување има свои проблеми: контрадикторно е со аналогијата на раѓање (бидејќи е нешто во кое немаш никаква улога и придонес), а исто така, христијанското крштавање сѐ уште не било воспоставено. Исус рекол дека тоа било Старозаветна вистина која Никодим, како учителот на Израел, морал да ја знае (Јвн. 3:10). Тука Исус не мислел на буквална вода, туку на потребата за „очистување“, укажувајќи на пасусот во Езк. 36:25-27: „²⁵Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе бидете чисти; од сите ваши нечистотии и од сите ваши идоли ќе ве очистам. ²⁶Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ставам во вас; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. ²⁷Ќе го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по заповедите Мои, и вие ќе бидете внимателни да ги исполнувате наредбите Мои.“[4] Кога водата се користи фигуративно во Стариот завет, вообичаено се однесува на обнова или духовно чистење, особено кога се користи во комбинација со „дух“ (4 Мој. 19:17-19; Пс. 51:2,7,9,10; Иса. 32:15; 44:3-5; 55:1-3; Ерм. 2:13; Јоил 2:28,29). Исто така, во Јак. 1:18 и 1 Пет. 1:23 пишува дека нановораѓањето е и преку Божјото слово, а во Еф. 5:26 читаме: „За да ја освети, очистувајќи ја со водната бања преку словото“[5]. Значи, Исус се осврнал на духовното миење или прочистување на душата, кое Светиот Дух го прави преку словото Божјо во моментот на спасението (сп. Тит 3:5). Во Дела Апостолски го гледаме ова како се случува: „И една богобојазлива жена од гра­дот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле.“ (Дела 16:14)[6]. Ова е неопходно за некој да може да припадне на Божјото царство. Нановораѓањето е нешто кое човекот не може да го направи; тој не може да придонесе со некакво дело или ритуал за тоа да се случи, туку само може да побара од Бог да му се смилува и да го нановороди.

Останати улоги

уреди

Главната улога на Светиот Дух е да сведочи за Исус Христос (Јован 15:26; 16:14). Тој им ја кажува на срцата на луѓето вистината за Исус Христос. Светиот Дух исто така и поучува (1 Коринтјаните 2:9-14). Тој му ја открива Божјата волја и вистината на христијанинот. Исус им рече на Своите ученици: „А Утешителот, Светиот Дух, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“ (Јован 14:26). „А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат“ (Јован 16:13). Светиот Дух има улога и за нехристијаните исто така. Тој ги уверува срцата на луѓето за Божјата вистина дека се грешни и дека им е потребна Неговата прошка; за праведниот Исус, Кој умре наместо нас за нашите гревови и за Божјата осуда над светот и оние кои не Го познаваат Него ( Јован 16:8-11). Светиот Дух му зборува на нашето срце и нашиот ум да се покаеме и да се свртиме кон Бог и од Него да побараме прошка и нов живот.

Плодот на Светиот Дух

уреди

Ова се побожните одлики на оние кои вистински му припаѓаат на Бог преку вера во Христа и кои го поседуваат Духот Божји:

Љубов - тука е употребен зборот „агапе - ἀγάπη“, што претставува љубов која одлучува да љуби. Ваквата љубов не се однесува на емоционална наклонетост, физичка привлечност или семејна врска, туку на почит, посветеност и наклонетост која води кон доброволно и пожртвувано служење (Јвн. 15:13; Рим. 5:8; 1 Јвн. 3:16,17).

Радост - станува збор за радост која се темели на непроменливите божествени ветувања и вечните духовни реалности. Тоа е чувството на благосостојба што го доживува вистинскиот верник, бидејќи знае дека е помирен со Господ (1 Пет. 1:8,9). Ваквата радост не е резултат на поволни околности, па дури и се јавува кога тие околности се најболни и најтешки (Јвн. 16:20,21,22). Радоста е дар од Бога, и како таква, верниците не треба да ја произведуваат, туку да уживаат во благословот што веќе го поседуваат (Рим. 14:17; Флп. 4:4).

Мир - станува збор за внатрешниот мир што произлегува од довербата во спасителната врска со Исус Христос. Исто како и радоста, мирот не е поврзан со околностите (Јвн. 14:27; Рим. 8:28; Флп. 4:6,7,9).

Долготрпеливост - претставува способност да се издржат повредите нанесени од други луѓе, како и подготвеност да се прифатат иритирачки и болни ситуации (Еф. 4:2; Кол. 3:12; 1 Тим. 1:15,16).

Благост - претставува нежна грижа за другите, што се изразува во нашата желба нежно да се однесуваме кон други луѓе, исто како што Господ се однесува кон верниците (Мат. 11:28,29; 19:13,14; 2 Тим. 2:24).

Добрина - станува збор за морална и духовна извонредност, која се манифестира со активни дела на благост (Рим. 5:7). На верниците им е заповедано да служат како пример за добрина (Гал. 6:10; 2 Сол. 1:11).

Верност - претставува лојалност и доверливост (Плачот на Еремија 3:22; Флп. 2:7-9; 1 Сол. 5:24; Отк. 2:10).

Кроткост - претставува смирен и нежен став, кој трпеливо ги издржува сите навреди и нема желба за одмазда. Во Новиот завет, овој збор се користи и при опишувањето на три ставови: потчинување кон волјата Божја (Кол. 3:12), поучливост (Јак. 1:21) и имање обѕир кон другите луѓе (Еф. 4:2).

Самоконтрола - претставува воздржливост од страсти и нагони (1 Кор. 9:25; 2 Пет 1:5,6).[7]

Наводи

уреди
  1. „Јован 3:3 (МК2006)“.
  2. „509. anóthen“.
  3. „Јован 3:5 (МК2006)“.
  4. „Ezekiel 36:25-27 (LSB)“.
  5. „Ефесјаните 5:26“.
  6. „Дела 16:14 (МК2006)“.
  7. The MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Галатјаните 5:22,23