Помазание (грчки χρισμα [chrisma — хризма] — „миропомазание“, χρησις [chrisis — хрисис] — „користи, употреби“) — древен обред за време на кој се мачкало свето масло на главата на новиот крал или првосвештеник.[1]

Помазание во Древен Египет.
Помазание во православна црква

Израелските цареви и првосвештениците примале помазание со масло во знак на нова служба, по што се здобивале со звањето помазаник (1 S 10,1; Lv 8,12). Помазанието првично било исклучива повластица на еврејските свештеници. Самоил ја проширил употребата на масло на еврејските владетели со помазанијата на Саул и Давид. Од Мојсеј до пророкот Самоил, светото масло го користело исклучиво свештенството за да добие „откровение од Бога“. Било строго забрането слободно да се прави и користи бидејќи „тоа е свето и ќе го сметате за свето“. За прекршување на забраната следувала најстрогата казна: „Кој ќе направи такво масло или со него некого помаза, тој човек ќе биде истребен од својот народ“. (Излез 30:33)

Помазаник (хебрејски: מָשִׁיחַ [māšîaḥ‎ — машиах], грч. χριστός [christós — христос) е лице помазано со свето масло. Во поширока смисла, тоа е оној кого Бог го избрал за одредена мисија (Лк 4,18). Во оваа смисла, името се користело (по исклучок) дури и за странец како што е персискиот крал Кир (Is 45.1). Раните христијани, за разлика од другите Евреи, го сметале Исус за помазаник, па оттука и името христос, односно месија / машиах.

Помазание во христијанството

уреди

Во христијанството, помазанието е една од светите тајни. Се смета за тајна на примањето на даровите на Светиот Дух, преку премачкување со свето масло. Во православното христијанство, помазанието се врши веднаш по крштевањето. „Помазанието е над крштевањето“. Бидејќи сме наречени христијани заради помазувањето (грчки [ — chrism]), а не поради крштевањето (грчки [ — баптизам]). [2]

Детален извештај за христијанското помазание дава Кирил Ерусалимски, кој објаснува дека маслото „симболично се нанесува на челото и на другите сетилни органи“ и дека „особено треба да се помазаат ушите, ноздрите и градите“. Кирил смета дека само откако ќе бидат помазани (христос), верните навистина стануваат христијани.

Кај православните, помазанието се нарекува миропомазание (грчки [ — miron hrisma]) според една од состојките миро, а кај католиците света потврда (латински: confirmatio) затоа што го потврдува станувањето на иницијантот христијанин.

Прва појава на помазание

уреди

Помазанието за прв пат се појавило кај Евреите кога пророкот Самуило го помазал првиот еврејски цар Саул, истурајќи му бокал масло на главата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди