Германска селанска војна

(Пренасочено од Селанска војна)

Германската селанска војна или Големото востание на селаните (германски: Deutscher Bauernkrieg) била најголема побуна во германските говорни подрачја во Средна Европа во периодот 1524–1525. Борбата го достигнала врвот во пролетта и летото во 1525, а пропаднала поради жестоката борба на благородништвото, кои убиле до 100.000 од 300.000 слабо вооружени селани и фармери. Преживеаните биле казнети и не постигнале ниедна од своите цели. Војната продолжила, како дотогашното движење Бундшу и Хуситските војни, низа на економски и верски побуни во кои селаните и фармерите, често поддржани од протестантското свештенство, го предводеле водството. Германската селанска војна било најголемо и најраширено востание до Француската револуција во 1789.

Германска селанска војна
Дел од Протестантска реформација

Карта која ги покажува востанијата на селаните и поголемите битки.
Датум 1524–1525
Место Денешна Германија, Швајцарија, Австрија, Алзас, Чешка
Исход Задушување на востанието и убивање на учесниците
Завојувани страни
Армија на селаните Швапски Сојуз
Команданти и водачи
Томас Минцер 
Ханс Милер фон Булгенбах 
Вендел Хиплер 
Георг фон Валдбург
Сила
300.000
Жртви и загуби
>100.000

Војната започнала со одвоени побуни, кренати во југозападниот дел на денешна Германија и соседниот Алзас и се ширеле со одвоени побуни во средна и источна Германија и денешна Австрија.[1] Откако востанието во Германија било задушено, се прелеало во неколку швајцарски кантони.

Во покренувањето на нивните побуни, селаните се соочиле со несовладливи пречки. Демократскиот начин на нивното движење ги оставала без командна структура и им недостасувало артилерија и коњаница. Најголем дел од нив имале мало или никакво воено искуство. Исто така тие често се предомислувале и бегале, по што биле масакрирани од нивните противници. Другата страна имала искусни воени водачи, добро опремени и дисциплинирани војски и обилни средства.

Побуната вклучувала некои принципи и реторика од скорешната Протестантска реформација, во која селаните гледале слобода и влијание. Историчарите различно ги толкуваат економските погледи на Германската селанска војна и не се согласуваат за нејзините причини и природа.

Наводи

уреди
  1. Klassen 1979, стр. 59.

Надворешни врски

уреди
  • Валд, Енроус (30 јуни 2010). „Музеј за Селанската војна Беблинген“. Музеј за Селанската војна. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 2013-11-19. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help); Надворешна врска во |publisher= (help) (германски)