Богословија[1][2] или семинарија[3][4]училиште за обука на христијански свештеници. Така се нарекува и зградата во која е сместено ваков вид училиште.

Битолската богословија во 1927 година

Потекло

уреди

Поимот богословија е словенски, додека семинарија (seminarium - „расадник“) е латински и се однесува на училишта за обука на христијански свештеници. Во минатото - во Германија, Русија и на други места исто се нарекувале и училиштата за учители, па соодветно имало духовна семинарија и учителска семинарија.

Опис

уреди

Во Римокатоличката и Протестантската црква, семинаријата може да биде или више (или високо) или средно училиште, а за да се разликуваат тие неформално се нарекуваат голема семинарија (висока) и мала семинарија (средно), соодветно.

Во православните цркви на Македонија, Русија, Бугарија, Србија, богословијата е средно училиште, додека високото образование се стекнува на богословски факултет.

Богословии во Македонија

уреди

Со возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, на Третиот црковно-народен собор, одржан во Охрид, во 1967 година, се донесува и Одлука за основање на средно богословско училиште, во кое ќе се школува, на свој мајчин јазик, идниот кадар на црквата.

Во периодот меѓу двете светски војни на подрачјето на Македонија работела Битолската богословија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди