Библија

(Пренасочено од Светото Писмо)
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Библијата (од грчки (τα) βιβλια, ’книги’, множина од βιβλιον, ’книга’, оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење ’папирус’ од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување), е зборник на Свети книги. Синоними за зборот Библија се: Свето Писмо, Божјо Слово, Божји Збор итн.

Библија

Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов Завет. Стариот Завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот Завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје).

СодржинаУреди

Библијата од времето кога била составена па се до денес, е една од најпродаваните книги на сите времиња. Според бројот на печатени примероци, Библијата е на прво место во светот според Гинис (пет милијарди).[1][2][3][4] Изворни јазици на кои е напишана Библијата се: хебрејски, арамејски (одредени делови) и старогрчки. Бројот на писатели на Библиските книги изнесува повеќе од 40. Во однос на периодот на составување: првата книга од Библијата, Битие (Создавање; Прва книга Мојсеева), е напишана измеѓу 1445 - 1405 п.н.е. од страна на Мојсеј, а последната книга од Библијата, Откровение, е напишана измеѓу 94 - 96 н.е. од страна на апостол Јован.

Список на дати на создавање на Библиските книги:[5]

СТАР ЗАВЕТ
Света Книга Година на пишување Автор
Битие (Создавање; Прва книга Мојсеева) 1445 - 1405 п.н.е. Мојсеј
Излез (Исход; Втора книга Мојсеева) 1445 - 1405 п.н.е. Мојсеј
Левит (Левитска; Трета книга Мојсеева) 1445 - 1405 п.н.е. Мојсеј
Броеви (Четврта книга Мојсеева) 1445 - 1405 п.н.е. Мојсеј
Второзаконие (Повторени закони; Петта книга Мојсеева) 1445 - 1405 п.н.е. Мојсеј
Исус Навин 1405 - 1385 п.н.е. Исус Навин
Судии (Судии Израелови) околу 1043 п.н.е. Самоил
Рут (Рута) околу 1030 - 1010 п.н.е. Самоил (?)
1 Самоилова (Прва книга Самоилова) 931 - 722 п.н.е. Анонимен
2 Самоилова (Втора книга Самоилова) 931 - 722 п.н.е. Анонимен
1 Цареви (Прва книга за царевите) 561 - 538 п.н.е. Анонимен
2 Цареви (Втора книга за царевите) 561 - 538 п.н.е. Анонимен
1 Летописи (Прва книга Летописи) 450 - 430 п.н.е. Ездра (?)
2 Летописи (Втора книга Летописи) 450 - 430 п.н.е. Ездра (?)
Ездра 457 - 444 п.н.е. Ездра
Неемија 424 - 400 п.н.е. Ездра
Естир (Естира) 450 - 331 п.н.е. Анонимен
Јов непознато Анонимен
Псалми 1410 - 450 п.н.е. Повеќе автори
Изреки околу 971 - 686 п.н.е. Главно Соломон
Проповедник 940 - 931 п.н.е. Соломон
Песна над песните (Песна Соломонова) 971 - 965 п.н.е. Соломон
Исаија 700 - 681 п.н.е. Исаија
Еремија 586 - 570 п.н.е. Еремија
Плачот Еремиин (Плачот на Еремија) 586 п.н.е. Еремија
Езекиел 590 - 570 п.н.е. Езекиел
Даниел 536 - 530 п.н.е. Даниел
Осија 750 - 710 п.н.е. Осија
Јоил 835 - 796 п.н.е. Јоил
Амос околу 750 п.н.е. Амос
Авдија (Авдиј) 850 - 840 п.н.е. Авдија
Јона околу 775 п.н.е. Јона
Михеј 735 - 710 п.н.е. Михеј
Наум околу 650 п.н.е. Наум
Авакум 615 - 605 п.н.е. Авакум
Софонија 635 - 625 п.н.е. Софонија
Агеј околу 520 п.н.е. Агеј
Захарија 480 - 470 п.н.е. Захарија
Малахија 433 - 424 п.н.е. Малахија
НОВ ЗАВЕТ
Света Книга Година на пишување Автор
Матеј (Евангелие според Матеј) 50 - 60 н.е. Апостол Матеј
Марко (Евангелие според Марко) 50 - 60 н.е. Марко
Лука (Евангелие според Лука) 60 - 61 н.е. Лука
Јован (Евангелие според Јован) 80 - 90 н.е. Апостол Јован
Дела Апостолски (Дела на апостолите) 62 н.е. Лука
Римјаните (Послание до Римјаните) 56 н.е. Апостол Павле
1 Коринќаните (Прво послание до Коринтјаните) 55 н.е. Апостол Павле
2 Коринќаните (Второ послание до Коринтјаните) 55 - 56 н.е. Апостол Павле
Галатите (Послание до Галатјаните) 49 - 50 н.е. Апостол Павле
Ефешаните (Послание до Ефесјаните) 60 - 62 н.е. Апостол Павле
Филипќаните (Послание до Филипјаните) 60 - 62 н.е. Апостол Павле
Колошаните (Послание до Колосјаните) 60 - 62 н.е. Апостол Павле
1 Солунците (Прво послание до Солуњаните) 51 н.е. Апостол Павле
2 Солунците (Второ послание до Солуњаните) 51 - 52 н.е. Апостол Павле
1 Тимотеј (Прво послание до Тимотеј) 62 - 64 н.е. Апостол Павле
2 Тимотеј (Второ послание до Тимотеј) 66 - 67 н.е. Апостол Павле
Тит (Послание до Тит) 62 - 64 н.е. Апостол Павле
Филимон (Послание до Филимон) 60 - 62 н.е. Апостол Павле
Евреите (Послание до Евреите) 67 - 69 н.е. Непознат
Јаков (Послание на апостол Јаков) 44 - 49 н.е. Јаков - полубратот на Исус
1 Петар (Прво послание на апостол Петар) 64 - 65 н.е. Апостол Петар
2 Петар (Второ послание на апостол Петар) 67 - 68 н.е. Апостол Петар
1 Јован (Прво послание на апостол Јован) 90 - 95 н.е. Апостол Јован
2 Јован (Второ послание на апостол Јован) 90 - 95 н.е. Апостол Јован
3 Јован (Трето послание на апостол Јован) 90 - 95 н.е. Апостол Јован
Јуда (Послание на апостол Јуда) 68 - 70 н.е. Јуда - полубратот на Исус
Откровение 94 - 96 н.е. Апостол Јован

Книгите на Стариот Завет се делат на:

  1. Книги на „Законот“, познати и како „Петокнижие“ или „Пентатеух“: Битие (Создавање; Прва книга Мојсеева), Излез (Исход; Втора книга Мојсеева), Левит (Левитска; Трета книга Мојсеева), Броеви (Четврта книга Мојсеева), Второзаконие (Повторени закони; Петта книга Мојсеева).
  2. Историски книги: Исус Навин, Судии (Судии Израелови), Рут (Рута), 1 Самоилова (Прва книга Самоилова), 2 Самоилова (Втора книга Самоилова), 1 Цареви (Прва книга за царевите, 2 Цареви (Втора книга за царевите), 1 Летописи (Прва книга Летописи), 2 Летописи (Втора книга Летописи), Ездра, Неемија, Естир (Естира).
  3. Поетски и поучни книги: Јов, Псалми, Изреки, Проповедник, Песна над песните (Песна Соломонова).
  4. Книги на големите пророци: Исаија, Еремија, Плачот Еремиин (Плачот на Еремија), Езекиел, Даниел.
  5. Книги на малите пророци: Осија, Јоил, Амос, Авдија (Авдиј), Јона, Михеј, Наум, Авакум, Софонија, Агеј, Захарија, Малахија.


Книгите на Новиот Завет се делат на:

  1. Евангелија: Евангелие според Матеј, Евангелие според Марко, Евангелие според Лука, Евангелие според Јован.
  2. Почетоци на христијанската црква: Дела Апостолски.
  3. Посланија (Писма) до конкретни цркви: Римјаните (Послание до Римјаните), 1 Коринќаните (Прво послание до Коринтјаните), 2 Коринќаните (Второ послание до Коринтјаните), Галатите (Послание до Галатјаните), Ефешаните (Послание до Ефесјаните), Филипќаните (Послание до Филипјаните), Колошаните (Послание до Колосјаните), 1 Солунците (Прво послание до Солуњаните), 2 Солунците (Второ послание до Солуњаните).
  4. Пасторални Посланија (Писма): 1 Тимотеј (Прво послание до Тимотеј), 2 Тимотеј (Второ послание до Тимотеј), Тит (Послание до Тит), Филимон (Послание до Филимон), Евреите (Послание до Евреите).
  5. Соборни Посланија (Писма): Јаков (Послание на апостол Јаков), 1 Петар (Прво послание на апостол Петар), 2 Петар (Второ послание на апостол Петар), 1 Јован (Прво послание на апостол Јован), 2 Јован (Второ послание на апостол Јован), 3 Јован (Трето послание на апостол Јован), Јуда (Послание на апостол Јуда).
  6. Пророчка книга: Откровение.

Библијата е составена од 66 книги, од кои 39 се во Стариот Завет, а 27 во Новиот Завет. Кај проширената (православна и католичка) Библија, во Стариот Завет има дополнителни 11 книги, таканаречени Девтероканонски т.е. Апокрифни книги, додека пак кај Новиот Завет, бројот на книгите е ист и во православните и во католичките и во протестантските изданија на Библијата, а апокрифните евангелија и посланија, не се прифатени од ниту едни христијани.

Девтероканонски/Апокрифни книги - Стар Завет
Во Православната Библија Во Католичката Библија
2 Ездра Естер (грчка верзија)
3 Ездра Јудита
Товит Тобит
Јудита 1 Макавејска
1 Макавејска 2 Макавејска
2 Макавејска Мудрости
3 Макавејска Сирах
Мудрост Соломонова Барух
Мудрост Сирахова Јеремијево Писмо (посл.)
Послание Јеремиинно *Додатоци во книгата Данијел (глава 3:24-90; глава 13 и 14)
Варух (Барух)
*Додатоци во книгата Даниил (глава 3:24-90, 98-100; глава 13 и 14)

*Текстот од Малахија 4-та глава е ставен во 3-та глава

*Има дополнителен Псалм (под број 151)

Овие книги не се прифаќаат како канонски од страна на Јудаизмот и Евангелско - Протестантските цркви. Причините поради кои Евреите и Евангелско-Протестантските цркви не ги признаваат Девтероканонските/Апокрифни книги, се следниве:

  1. Не ги исполнуваат критериумите за каноничност: Дали книгата настапува со Божји авторитет? Содржи ли изрази како: „И рече Бог...“, „Вака вели Господ...“ и сл?; Дали книгата е напишана од препознатлив Божји пророк или Христов ученик (или личност која била придружник и соработник на некој препознатлив Божји пророк или Христов ученик)?; Дали книгата е автентична? (има и плагијати!); Дали е „живо слово“ кое менува животи на подобро?; Дали е контрадикторна со останатиот дел од Светото Писмо?; Дали била прифатена и користена од тогашните верници (јудаисти или христијани) како Божја книга? (во времето во кое е напишана).
  2. Содржат историски и географски грешки.
  3. Содржат легенди.
  4. Христос и апостолите никогаш не цитирале од нив.
  5. Рабинскиот концил (во Јамнија, 90 година) не ги признал.
  6. Ниеден концил до 4-тиот век не ги вклучувал во канонот.
  7. Многу свети отци зборувале против нив (Ориген, Атанасиј, Кирил Ерусалимски...).
  8. Римокатоличката црква ги канонизирала Апокрифните книги на концилот во Трент 1546 година. (Но, ја отфрлаат 2 Ездра, затоа што учи против молитви за мртвите!).
  9. Содржат учења спротивни на учењето на Христос и апостолите: молитви, жртви и дарови за мртвите - Макавеј 12:44-45; Спасение преку давање милостињи; Очистување од грев, преку давање дарови - Товит 12:9; Создавање на светот од материја - Мудрости Соломонови 11:17(18).

Список на Новозаветни апокрифни книги:

Девтероканонски/Апокрифни книги - Нов Завет
Ниту една христијанска група не ги прифаќа како боговдахновени книги
Послание на Псевдо-Варнава
Послание до Коринтјаните
Второ Послание на Климент
Пастирот од Хермас
Дидахија, учењето на 12-те
Откровение на Петар; на Јаков; на Дева Марија; на Павле; на Стефан итн.
Делата на Павле и Текла
Послание до Лаодикијците
Евангелие според Евреите
Послание на Поликарп до Филипјаните
Седумте Посланија на Игнатиј
Евангелие според Тома
Дела на Петар; на Филип; на Варнава; на Вартоломеј итн.
Евангелие на Јаков
Евангелие на Јуда (Искариотски)
Евангелија на Петар, Филип, Тома итн.
Евангелие на Марија Магдалена
Дијалог на Спасителот
Пистис Софиа (мудрости за верата)
Софиа Језус Кристи (мудрости на Исус Христос) итн.

Стар ЗаветУреди

Стариот Завет е откровението на еден номадски народ, кој се движел околу Средоземното Море, меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките Еуфрат, Тигар и Нил, а себе се нарекувал Израелов.[6] Во Стариот Завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: митови, химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, басни, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија). Најстарите книги во Библијата се Петте Мојсееви книги.

Втората Мојсеева книга изобилува со чудесни настани: претворање на горката вода во слатка, стапот во змија, правење сув пат среде Црвеното Море. Но, најважен дел од оваа книга е моралниот кодекс на однесување или Десетте божји заповеди, кои Мојсеј ги добива на Синајската Гора.

Делот наречен Писанија е најинтересен од литературна гледна точка. Содржи единаесет книги со различни содржини, а најдраматична е Повеста за Јов, во која се зборува за божјата правда. Јов бил „непорочен и праведен“, и немало друг како него на Земјата. Дошол Сатаната кај Бог, и Бог му рекол да внимава на Јов, зашто е многу побожен и чесен. Сатаната одговорил дека е лесно да се биде чесен кога се има толку имот, здрави деца и сè што сака. Вистинската вера се докажува кога ќе му се одземе тоа на Јов, па прашање е дали тој уште ќе го слави Бога. Тогаш Бог се согласил Сатаната да го искуша Јов, само врз него да не крева рака и да не му ја зема душата. Тука почнуваат несреќите за Јов: го губи цел имот, децата му загинуваат, а самиот се разболел со страшни рани по телото. На сето ова Јов одговара:

Гол излегов од утробата на мајка ми, и гол ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде.
Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?

И тогаш започнува филозофската расправа за божјата справедливост меѓу Јов и неговите пријатели. Се изнесуваат разни тврдења за казните на Бога и нивната намена. Заклучокот е дека човек не може да проникне во божјата правда. На крајот од приказната, Бог го благословува Јов, и му враќа двојно од сè што изгубил. Многумина филозофи ја користат оваа библиска приказна за да расправаат на темата: божја правда. Кјеркегор и Колаковски пред сè се занимавале со прашањето: „Зошто Творецот, во чии раце стои сè, би му се докажувал на Сатаната?“ Колаковски напишал пародија на ова дело под наслов „Разговори со ѓаволот“, а Гете ја искористил како вовед во својот Фауст.

Песна над песните се вбројува меѓу најдобрите поетски остварувања на древните литератури. Таа е во форма на дијалог, и низ седум пеења даден е цел развој на љубовта.

Стави ме како знак на срцето

како печат на раката своја
зашто љубовта е силна како смрт
а љубомората тврда како гроб!
Песна над песните

Во Стариот Завет сликата на Бог е многу различна од претставата за него во христијанството - како бескрајна љубов. Старозаветниот Бог е „љубоморен осветник, господар на лутината, се одмаздува на своите противници, истраен во гневот кон непријателите. Јахве е бавен во гневот, но силен во моќта.“

Стариот Завет завршува со прорекување на појава на божјиот пратеник, месија, кој ќе го донесе новото учење. Со ова, Стариот и Новиот Завет се поврзани.

Новиот ЗаветУреди

Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната претставена личност е Исус Христос. Содржи 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. Напишан е на старогрчки јазик, кој во тоа време бил широко застапен, иако Исус и неговите ученици зборувале арамејски јазик. Изобилува со морални приказни и поуки за тоа како да се стане подобар човек.

Новиот Завет започнува со четирите евангелија: според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован, иако тие не се најстарите списи во него. [7] Иако евангелијата се занимаваат со истите случувања, тие го прикажуваат Исус на различни начини. Евангелието според Матеј е посебно познато поради тоа што ја содржи молитвата Оче наш, и поради тоа што ја нагласува разликата на Исусовото учење во однос на учењето од Стариот Завет.

Откровението на Јован Богослов се нарекува уште и апокалипса. Во него авторот ја опишува својата визија за победата на Бог над злото и смртта. Овој дел од Новиот Завет извршил најголема инспирација врз натамошната литература. Инаку, сите елементи од Новиот Завет нашле свој одраз во европската уметност: во сликарството, литературата, музиката, скулптурата. Микеланџело, Леонардо, Дирер, Бах и многу други се инспирирале од темите на Библијата воопшто.

Библијата како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Библијата и библиските мотиви како тема во книжевностаУреди

Библијата и библиските мотиви како тема во филмотУреди

Библијата и библиските мотиви како тема во музикатаУреди

  • „Псалм“ - песна на македонската група „Баклава“ од 2008 година.[25]
  • „Одење по водата“ (Walk On The Water) - песна на американската рок-група „Криденс Клирвотер Ривајвал“ (Creedence Clearwater Revival)“ од 1968 година.[26]
  • „Библијата на Гидеон“ (Gideon's Bible) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1970 година.[27]
  • „Содома и Гомороутре“ (Sodom & Gomorrow) - песна на јамајканската реге-група „Конгос“ (Congos) од 1977 година.[28]
  • „Ковчегот со божјите заповеди“ (Ark Of Covenant) - песна на јамајканската реге-група „Конгос“ (Congos) од 1977 година.[29]
  • „Адам го одгледа Каин“ (Adam Raised A Cain) - песна на американскиот рок-музичар Брус Спрингстин (Bruce Springsteen) од 1978 година.[30]
  • „Разбуди ме на судниот ден“ (Wake Me Up On Judgment Day) - песна на британскиот поп-музичар Стив Винвуд (Steve Winwood) од 1986 година.[31]
  • „Јас сум воскресението“ (I Am The Resurrection) - песна на британската рок-група „Стоун Роузис“ (The Stone Roses) од 1988 година.[32]
  • „Одбројување до Армагедон“ (Countdown To Armageddon) - песна на американската рап-група „Паблик енеми“ (Public Enemy) од 1988 година.[33]
  • „Една света библија“ (One Holy Bible) - песна на американската хард-кор група „Реган Јут“ (Reagan Youth).[34]
  • „Мојсиј Законодавецот“ (Mosè The Lawgiver) - композиција на италијанскиот композитор Енио Мориконе (Ennio Morricone).[35]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Businessweek on The Bible: "The Bible (2.5 billion copies sold)" (18 July 2005)
  2. Ash, Russell (2001). Top 10 of Everything 2002. Dorling Kindersley. ISBN 0789480433, 9780789480439 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  3. http://www.veronauka.com.mk/biblijata/biblijata1.html
  4. "Best-selling book". Guinness World Records (англиски). Посетено на 2020-07-09.
  5. "When were the Bible books written?". Grace to You (англиски). Посетено на 2020-07-09.
  6. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 222.
  7. Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 229.
  8. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 89.
  9. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 105.
  10. Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 27-57.
  11. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 62.
  12. T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 95-96.
  13. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  14. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 61.
  15. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 62.
  16. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 124-125.
  17. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 223-224.
  18. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 74.
  19. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 79.
  20. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 177-178.
  21. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 179-180.
  22. HRT (пристапено на 24.12.2017)
  23. „Страдањата на Исус - инспирација за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 10.
  24. Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 93.
  25. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
  26. DISCOGS, Creedence Clearwater Revival ‎– Creedence Clearwater Revival (пристапено на 23.12.2017)
  27. YouTube, John Cale - Gideon's Bible (пристапено на 13.2.2018)
  28. DISCOGS, The Congos ‎– Heart Of The Congos (пристапено на 27.6.2019)
  29. DISCOGS, The Congos ‎– Heart Of The Congos (пристапено на 27.6.2019)
  30. YouTube, Bruce Springsteen - Darkness on the Edge of Town (1978) - Full Album (пристапено на 17.12.2017)
  31. Steve Winwood, Back in the High Life, Cai 9199, Jugoton.
  32. Discogs, The Stone Roses ‎– The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)
  33. DISCOGS, Public Enemy ‎– It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 25.8.2019)
  34. YouTube, Reagan Youth - One Holy Bible (пристапено на 5.2.2018)
  35. DISCOGS, Ennio Morricone ‎– The Best Of Ennio Morricone (пристапено на 31.8.2019)