Централна Србија
Централна Србија или средна Србија, потесна Србија или територија на Република Србија надвор од териториите на автономните покраини е колоквијално име за дел на територијата на Република Србија која се наоѓа надвор од териториите на автономните покраини: Војводина и Косово. Централна Србија не претставува посебна административна управна единица и не е дефинирана ниту во еден законски или сличен документ туку овој поим се воведе исклучиво поради разликувањето на деловите на Србија кои се во автономните покраини од оние делови на териториите кои се директно подредени на Републичките власти.
До 2009, Централна Србија беше статистички регион; но со формирањето на новите статистички региони на Србија во 2009-2010, територијата беше поделена на три нови региони: Регион на Белград, Регион на Јужна и Источна Србија, и Регион на Шумадија и Западна Србија.[1]
Вкупно, во Централна Србија има 17 окрузи и главниот град Белград, има статус на посебен округ.
Од историска гледна точка, територијата која денес ја нарекуваме Централна Србија ја сочинуваат трите историско-географски области Шумадија, Поморавје и српскиот дел од Санџак. Централна Србија е историскиот дел на модерна Србија, која излезе од Српската револуција и буните против Отоманското Царство од 1804 до 1815.[2] Во следниот век, Србија пополека се прошири на југ, со што ја доби Јужна Србија, Санџак и Вардарска Македонија, и во 1918 заедно со останатите Јужни Словени го основа Кралството Југославија. Границите на Централна Србија беа дефинирани по Втората светска војна, кога Србија стана социјалистичка република во СФРЈ, заедно со Косово и Војводина, како нејзини автономни покраини.
Политички статус
уредиРегионот на Централна Србија не е административно одделен од Србија, а е подреден од централната власт. Терминот "Централна Србија" е воведен по политички принцип, со цел да се разграничат тој дел од Србија, кој не е со автономен статус, за разлика од Војводина која има внатрешна автономна власт од 2005 година и Косово, кое во февруари 2008 година прогласи независност, но според уставот е сè уште дел од Србија.
Во времето на СФРЈ, посебно по донесувањето на Уставот од 1974 година каде на автономните покраини му беше дадена поголема власт, за Централна Србија се користеше и изразот Ужа Србија. Од 1990 година, тој израз е укинат.
Во Просторниот план на Република Србија се користи и називот средна Србија.
Најголеми градови во централна Србија (според податоците од 2002):
Демографија
уредиЕтнички групи (според пописот од 2002)
уреди- Срби = 4.891.031 (89,48%)
- Бошњаци = 135.670 (2,48%)
- Роми = 79.136 (1,45%)
- Албанци = 59.952 (1,10%) (не вклучувајќи го Косово)
- Власи = 39.953 (0,73%)
- Црногорци = 33.536 (0,61%)
- Југословени = 30.840 (0,56%)
- Бугари = 18.839 (0,34%)
- Муслимани = 15.869 (0,29%)
- Македонци = 14.062 (0,26%)
- Хрвати = 14.056 (0,26%)
Според пописот од 2002 година, вкупното население во Централна Србија е 5 466 009. Поголемиот дел од населението на Централна Србија го сочинуваатСрби (89,48%). Во 3 општини мнозинството од населението се определува како Бошњаци - (Нови Пазар, Тутин и Сеница), во 2 општини како Албанци - Бујановац и Прешево), а во општината Босилеград мнозинството се Бугари, додека општината Димитровград е етнички мешана со релативно Бугарско мнозинство.[3]
Географски одлики
уредиНа север од Централна Србија се наоѓа автономната покраина Војводина, а на југ Косово, кое не е признато од Србија. На запад се граничи со Црна Гора и Босна и Херцеговина додека на исток со Романија, Бугарија и на југ со Македонија.
Политика
уредиПоради тоа што Централна Србија не е административна поделба на Србија, последниве години има политички партии и организации кои се залагаат за автономија на регионите. Вакви политички организации се пронајдени во Шумадија, Санџак и Ниш
Некои друго политички партии во Србија конкретно ДПС, исто така предложува формирање на нови административни единици на Србија. Според овие предлози, територијата на денешна Централна Србија би била поделена на 4 региони:
- Шумадија (главен град: Крагуевац)
- Подунавје (главен град: Ниш)
- Подриње (главен град: Ужице)
- регионот на град Белград
- ↑ Law of Regional Development (article 5) (PDF) (српски), National Assembly of the Republic of Serbia
- ↑ George W. White (1963). „VI. Serbia and the Serbs“. Nationalism and Territory: Constructing Group Identity in Southeastern Europe.
- ↑ Popis stanovništva, domaćinstava i Stanova 2002. Knjiga 1: Nacionalna ili etnička pripadnost po naseljima (српски). Statistical Office of the Republic of Serbia. 2003. ISBN 86-84443-00-09 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help).
.