Декларација за независност на Косово
На 17 февруари 2008 година, мнозинството пратеници во Собранието на Косово, вклучително Хашим Тачи и Фатмир Сејдиу (кои не беа членови на Собранието), кои не дејствуваа во својство на покраински институции, еднострано прогласи независност на автономната покраина Косово и Метохија од Република Србија. На вонредната свечена седница на парламентот, за Декларацијата за независност се гласале сите 109 присутни парламентарци. Истата вечер Владата на Србија ја поништила оваа одлука и ја прогласила декларацијата како противправен акт на привремените органи во Приштина, а потоа свикала вонредна седница на Собранието на Србија по повод едностраното прогласување на независноста на Косово и Метохија. Седницата била одржана на 18 февруари на која 225 пратеници гласале за одлуката на Владата за поништување на едностраното прогласување на независноста на Косово и Метохија. Немало воздржани ниту гласови против, додека пратениците на ЛДП, ЛСВ и СВМ не гласале.
На 8 октомври 2008 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои предлог резолуција каде Србија бара советодавно мислење од Меѓународниот суд за правдата со седиште во Хаг, околу независноста на Косово и Метохија и дали таа независност која е прогласена е во склад со меѓународното право.
Првите реакции во светот
уредиПрвите реакции од светот пристигнале веќе истиот ден, 17 февруари. Портпаролот на Стејт департментот, Шон Макормак, изјавил дека САД „примиле со знаење“ оваа одлука на косовскометохискиот парламент, додека Русија остро ја осудила оваа еднострана одлука итно свикала состанок на Советот за безбедност на Он.
Седницата на Советот за безбедност на ОН била одржана ма 18 февруари во 15 часот според месно време во (Њујорк, САД). Амбасадорот на Русија во ОН, Виталиј Чуркин рекол дека Русија ќе настојува на почитување на резолуцијата на ОН 1244, според која се гарантира теритопријалниот интегритет на Србија. По двочасовната дебата, во која Русија го поддржала барањето на Србија Советот за безбедност на ОН да го потврди територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, седницата завршила без донесување на резолуција поради дијаметрално различните ставови на Кина и Русија од едне стране, и САД и некои земји на Европската унија од друга.
Првата земја која официјално ја признала независноста на Косова била Костарика, која тоа го направила токму на 17 февруари, а потоа и Авганистан. Утредента на, 18 февруари 2008, официјално признавање објавиле и САД, Франција, Велика Британија, Албанија и Турција. После изјавата на Кондолиза Рајс, премиерот на Србије, Воислав Коштуница, најавил повлекување на Српскиот амбасадор од САД.
ЕУ исто така одржала состанок на министрите за надворешни работи на 18 февруари 2008. во Брисел. Како и во ОН, поради неможноста на заземање на заеднички став, ЕУ објавила дека ја остава одлуката на секоја од нејзините членки независно да одлучат дали ќе ја признат независноста на Косово или не. Во соопштението на Советот на министрите на ЕУ креативно се читале меѓународно-правните документи и стандарди, за да се пронајде причина за посебно регулирање на српската покраине Косово во светот, и ги охрабриле земјите членки на ЕУ да го признат. Главно мнозинството на членки на ЕУ веќе го признале или најавиле признавање на Косово и Метохија. Од друга страна, Шпанија, Кипар, Романија, Словачка и Грција во првиот момент одбиле да ја признаат едностраната одлука на косовскометохискиот парламент. (подоцна Грција ќе заземе нетрален став и ќе изрази голема загриженост за мирот во регионот).