Химната на Косово или „Европа“ — државна химна на Република Косово[a][1]. Химната била составена од Менди Менѓиќи. Како и со националните химни на Шпанија, Босна и Херцеговина и Сан Марино[2][3], и косовската химната нема официјални стихови, туку за неа се напишани неофицијални текстови. Химната била усвоена на 11 јуни 2008 година[4], и била специјално избрана бидејќи не содржи наводи за било која специфична етничка група која живее во земјата[5]. Химната била избрана од страна на Собранието на Косово, со 72 пратеници кои гласале за, додека 15 гласале против, а петмина гласале воздржани[6].

Европа

национална химна на  Косово[a]
Друг наслов„Himni i Republikës së Kosovës“
мак. „Химна на Косово“
"Evropa"
македонски: „Европа“
МузикаМенди Менѓиќи
Усвоена11 јуни 2008; пред 16 години (2008-06-11)
Звучен извадок
"Europe" (instrumental)

Конкурс за химна

уреди

На 12 март 2008 година, Собранието на Косово објавил отворен конкурс за избор на химна преку приштинските весници[7] и на официјалното мрежно место на Собранието[6]. Правилата вклучувале:

  • Составот на химната треба да се разликува, односно треба да биде уникатен и оригинален[6].
  • Должината на композицијата не треба да трае помалку од 30 секунди или повеќе од 60 секунди[6].
  • Текстовите можат да се вклучат во пријавата на кој било службен јазик на Република Косово[6]. Изборот на текстот за химната бил тешка задача[8], бидејќи мнозинството од населението во Косово се Албанци, а Србите се втора по големина етничка група[9]. Владата нагласила дека ниту една етничка група не треба да биде дискриминирана, објавувајќи ја државата како „демократска, секуларна и мултиетничка република“, со што се отежнало да се најде текст кој не им дава предност на една етничка група врз друга. Слични проблеми се појавиле и при изборот на знамето[10]. Понатаму, правилата, исто така, наведувале дека предлогот „Не треба да се презентира или да биде сличен на химната или популарна песна на која било земја или химната на која било политичка партија, движење или институција на Република Косово или да имплицира каква било верност кон која било етничка заедница на Република Косово[6].
  • Предлозите мора да бидат доставени до 31 март 2008 година[6].
  • Композиторот на усвоениот проект ќе добие 10.000 евра, а два други квалификувани предлози ќе добијат 7.000 евра и 5.000 евра[6].

Предложени текстови

уреди
Албанско (гегиско наречје) Македонски

O mëmëdhe i dashur, vend i trimnisë
Çerdhe e dashurisë
N`ty shqipet fluturojnë dhe yjet ndriçojnë
Vend i të parëve tonë

Ti qofsh bekue për jetë e mot
O nënë e jonë
Ne të dalim Zot

O mëmëdhe i dashur, vend i trimnisë
Çerdhe e dashurisë

О, мила татковино, земја на храброста
Гнездо на љубовта
На вас орлите летаат и ѕвездите сјаат
Земјата на нашите предци

Биди благословен за животот и годините
О, наша мајко
Ние ќе те заштитиме

О, мила татковино, земја на храброста
Гнездо на љубовта

Други кандидати за химна

уреди

Ода на радоста

уреди

Ода на радоста“, химната на Европската Унија, се пуштала на официјалните церемонии при прогласувањето на независноста на Република Косово. Привремената влада на Косово одлучила да го стори тоа како почит кон Европската Унија за нејзините напори да помогне во стекнувањето независност[11].

Химна на Албанија

уреди

Државната химна на Албанија се користи во Косово заедно со други албански национални симболи[12]. Оваа химна била исто така химната на непризнаената Република Косово која постоела од 1990 до 1999 година кога провинцијата била под контрола на Обединетите нации.

Кур ка ра куштрими Косове

уреди

Оваа песна, составена од Рауф Думи, била предложена од страна на поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, како химна во 2000 година. Сепак, не била донесена одлука тогаш. Химната има стихови на албански јазик[13].

Поврзано

уреди
a.   ^ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.

Наводи

уреди
  1. "Kosovo Parliament Adopts National Hymn" novinite.com 11 June 2008 Link accessed 11/06/08
  2. "Kosovo parliament approves new national anthem" rian.ru 11 June 2008 Link accessed 11/06/08
  3. "Kosovo MPs choose national anthem" bbc.co.uk 11 June 2008 Link accessed 11/06/08
  4. "Kosovo Gets National Anthem" redorbit.com 11 June 2008 Link accessed 11/06/08
  5. „Kosovo adopts wordless national anthem“. Hürriyet. Reuters. 2008-06-11. Посетено на 2009-03-28.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 "Assembly approves Kosovo anthem" Архивирано на 15 февруари 2011 г. b92.net 11 June 2008 Link accessed 11/06/08
  7. „Kosovo seeks own national anthem“. BBC. 2008-03-12. Посетено на 2008-03-12.
  8. „BalkanInsight.com – Kosovo Searches New National Anthem“. Balkan Insight. 2008-03-12. Архивирано од изворникот на 2008-03-13. Посетено на 2008-03-12.
  9. „Full text: Kosovo declaration“. BBC. 2008-02-17. Посетено на 2008-03-11.
  10. „Competition for the flag and emblem of Kosovo“ (PDF). Express. 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-21. Посетено на 2008-03-29.
  11. „Kosovo declares independence - USATODAY.com“. USA Today. 2008-02-17. Посетено на 2008-03-12.
  12. „Kosovo contest for state symbols“. BBC. 2007-06-04. Посетено на 2008-03-11.
  13. „Himni i Kosovës“. Trepca.net. 2002-12-23. Архивирано од изворникот на 2021-03-23. Посетено на 2008-03-16.

Надворешни врски

уреди