Кумановски договор
Кумановскиот договор е воено-техничкиот договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили и KФОР и владите на СР Југославија и на Р. Србија, ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 г. на воениот аеродром близу Куманово, во базата на KФОР – Tалон (во близината на Куманово), дел од операцијата на НATО во Косово.
Тип | Договор за прекин на огнот |
---|---|
Потпишан | 9 јуни 1999 |
Место | Куманово, Македонија |
На сила од | 10 јуни 1999 |
Изворни потписници | Србија и Црна Гора КФОР |
Потписници | Небојша Павковиќ Мајк Џексон |
Јазици | |
Military Technical Agreement |
Истиот означи крај на НАТО бомбрадирањето на СР Југославија. Со договорот бил ставен крај на воздушните удари на нато на СРЈ, а ден подоцна е усвоена резолуцијата 1244 во Советот на безбедност. Договорот бил потпишан од генералот на југословенската војска Светозар Марјановиќ, генералот на полицијата Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.[1]
Договорот предвидува позиционирање меѓународни вооружени сили во Косово (KФОР) и повлекување на југословенските вооружени сили од Косово до 20 јуни 1999 г., воздушна безбедносна зона од 25 км од косовската граница и земјишна зона од 5 км.[2]
Најзначајни одредби
уреди- Прекин на непријателството меѓу НАТО и силите на ВЈ и српската полиција
- Повлекување на Вј и полицијата на Република Србија од просторот на Косово во рок од 11 дена
- Воспоставување на зона на безбедност од административната граница со Косово и Метохија внатре во територијата на Централна Србија и Црна Гора во делот кон Косово, со должина од 5 км на копно и 25 км во воздух
- Должност на КФОР да ја разоружаат ОВК
Спроведување
уредиСо потпишувањето на воено-техничкиот договор во Куманово биле направени услови за повлекување на ВЈ и српската полиција од Косово, а во исто време силите на КФОР почнале да влегуваат во Косово, и се создала трка меѓу руските трупи стационирани во БиХ и НАТО стациониран во Албанија и Македонија.
Колона со руски возила од СФОР ги напуштила позициите без претходно известување на тогашниот командант, генерал Кевин Бернс до границата со СРЈ и тогаш патот го продолжиле со силен марш до аеродромот Слатина во близина на Приштина. Вкупниот пат изнесувал 620км.[3] На територијата на СРЈ од Босна и Херцеговина преку Бадовинци влегла руската единица со пет џипови, едно возило за врски, 16 оклопни транспортери и 23 камиони во 10:30 11 јуни. Колоната поминала низ Белград во 13:30 и преку наплатната рампа кај Бубањ поток продолжила кон Ниш и подоцна кон Косово.[4] На Косово прв стигнал рускиот конвој со околу 180-200 војници со обележјата на КФОР од составот на мировната мисија на Обединетите Нации, кој во центарот на Приштина влегол на 12 јуни во 1.30, каде го пречекале Србите од Приштина, а потоа продолжил кон Косово Поле и приштинскиот аеродром Слатина.
Генералот Весли Кларк му наредил на британскиот генерал Џексон и командантот на КФОр, да ги пресретне Русите и да го оневозможи нивното заземање на аеродромот,[5] што довело до затегнување на ситуацијата и пресизвикување на инцидент на аеродромот Слатина.
Истото утро, нешто после пет часот, од територијата на Македонија на Косово влегоа првите британски војници. Границата кај Блаце, со шест транспортни хеликоптери, ја поминале британските падобранци и припадници на специјалната единица Гурка, а потоа непосредно на територијата на Косово влегле колони на Британски и Француски воени возила.
Првиот контингент од околу 800 германски војници во составот на КФОР влегол истиот ден околу пладне од македонска територија кај Блаце заедно со британските трупи, додека припадниците на италијанската војска влегле во ноќта меѓу 14 и 15 јуни во Пеќ, а германскиот контингент на КФОР влегол во Ораховац.
Војската на Југославија ја напушти Приштина на 16 јуни, во конвој од педесет оклопни и патнички возила, додека нивното напуштање го надгледувале претставниците на мировните сили на ОН, биле на почетокот на крајот на колоната.
Статус на договорот
уредиНекои правници аргументираат дека Кумановскиот договор "е сомнителен под Виенската конвенција за правото на договорите и, како последица, исто таква е и Резолуцијата 1244, каде се потенцира, имплицитно или експлоцитно, во параграф 10 од Анекс 2 од истата резолуција."[6] Еден значаен аргумент е дека "е многу несигурно дали Кумановскиот договор може да биде сметан за валиден според член 52 од Виенската конвенција за Права, којашто гласи дека "договор е неважечки доколку е употребена закана или сила во принципите на меѓународното право како што е напишано во Повелбата на Обединетите Нации".
Наводи
уреди- ↑ http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/11-godini-od-kumanovskiot-miroven-dogovor-megju-nato-i-jna
- ↑ Воено-технички уговор измеѓу Меѓународних безбедносних снага и влада СРJ и РСр, 10.06.1999
- ↑ Усиљени марш Босна-Косово
- ↑ Ратни дневни прегледи 70, Прес центар Војске Југославије, 12. јун 1999.
- ↑ http://wikileaks.org/wiki/CRS-RL30374 Report RL30374 KOSOVO: LESSONS LEARNED FROM OPERATION ALLIED FORCE
- ↑ Milano, Enrico (2003). „Security Council Action in the Balkans: Reviewing the Legality of Kosovo's Territorial Status“ (PDF). European Journal of International Law. 14 (5): 999–1022. doi:10.1093/ejil/14.5.999. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-02-19. Посетено на 2013-04-19.