Мајнц
Мајнц (германски: Mainz) — главен град на покраината Рајнска област-Пфалц во Германија. Бил главен град на изборното кнежевство Мајнц во времето на Светото Римско Царство. Во античко време, Мајнц бил римска тврдина, која го набљудувала западниот брег на Рајна и била дел од најсеверната граница на Римското Царство; бил основан како римски воен логор кон крајот на I век п.н.е. Градот се наоѓа на реката Рајна, наспроти градот Висбаден, во западниот дел на метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна; во денешно време, Франкфурт претставува регионален центар на областа.
Мајнц | |
Поглед од тврдината на стариот град на Мајнц (2003) | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Рајнска област-Пфалц |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 15 окрузи |
Градоначалник | Михаел Еблинг (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 98 км2 |
Надм. височина | 85–285 м |
Население | 220.552 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 2.251 жит/км2 |
Основано | 13 п.н.е. |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MZ |
Пошт. бр. | 55001–55131 |
Повик. бр. | 06131, 06136 |
Портал | www.mainz.de |
Местоположба на градот Мајнц во покраината Рајнска област-Пфалц | |
Координати | 50°0′0″N 8°16′16″E / 50.00000° СГШ; 8.27111° ИГД |
Градот е познат како дом на пронајдокот за печатење со подвижни букви, како и на првите печатени книги со помош на пронајдокот произведен во Мајнц од Гутенберг во почетокот на 1450-тите.
Географија
уредиМајнц се наоѓа на западниот брег на реката Рајна, спроти вливот на реката Мајна во Рајна. Населението според најновите податоци изнесува нешто над 200.000 жители, Градот е дел од метрополитенската област Рајна-Мајна, која сочинува близу шест милиони луѓе. До Мајнц може лесно да се стигне преку меѓународниот аеродром во Франкфурт, 25 минути со железница.
По последното ледено доба, песочни дини може да се најдат во долината на Рајна, односно во западниот дел на градот. Сега, областа со песочни дини во Мајнц е природен резерват со уникатен пејзаж и ретка степска вегетација во областа.
Клима
уредиМајнц се одликува со океанска клима.
Климатски податоци за Мајнц | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 3.4 (38.1) |
5.3 (41.5) |
9.7 (49.5) |
14.2 (57.6) |
18.9 (66.0) |
22 (71.6) |
23.9 (75.0) |
23.6 (74.5) |
20.1 (68.2) |
14.3 (57.7) |
7.8 (46.0) |
4.5 (40.1) |
14 (57.2) |
Прос. ниска °C (°F) | −1.2 (29.8) |
−0.6 (30.9) |
1.9 (35.4) |
4.8 (40.6) |
8.7 (47.7) |
11.9 (53.4) |
13.4 (56.1) |
13.2 (55.8) |
10.3 (50.5) |
6.6 (43.9) |
2.5 (36.5) |
−0.1 (31.8) |
5.9 (42.7) |
Прос. врнежи мм (ин) | 38 (1.5) |
36 (1.4) |
38 (1.5) |
38 (1.5) |
51 (2.0) |
58 (2.3) |
56 (2.2) |
53 (2.1) |
41 (1.6) |
43 (1.7) |
48 (1.9) |
46 (1.8) |
546 (21.5) |
Извор: Intellicast[2] |
Историја
уредиРимското Царство
уредиРимското упориште или castrum Mogontiacum, претходникот на Мајнц, било основано од римскиот генерал Клаудиј Постариот, веројатно околу 13 година п.н.е.. Според Транквил, римски историчар, постоењето на Mogontiacum е потврдено четири години подоцна (според смртта и погребот на Клаудиј Постариот), иако некои други теории тврдат дека местото било основано порано. Иако градот се наоѓа спроти вливот на реката Мајна, името на Мајнц не доаѓа од Мајна, сличноста е веројатно поради дијахрона споредба. Мајна е од латинскиот Menus, име од Римјаните користено за реката. Лингивистичките анализи на многуте форми од кои дошло името „Мајнц“ покажале дека е поедноставено име за Mogontiacum.[3] Името води келтско потекло. Меѓутоа, градот станал римски и бил избран од нив со особено значење. Римските војници бранејќи ја Галија го прифатиле галскиот бог Могон, кој нуди две етимолошки објаснувања: „големиот“, слично на латинскиот magnus, кое се користело за возвишување на имињата како Alexander magnus, „Александар Велики“ и Pompeius magnus, „Помпеј Велики“, или бог олицетворен во млади луѓе од секој вид, било благородници или бедници.
Mogontiacum бил важен рударски град во текот на Римското Царство, веројатно поради стратешката местоположба на вливот на Мајна и Рајна. Градот Mogontiacum се развивал помеѓу тврдината и реката. Castrum бил седиште на Четиринаесеттата и Шеснаесеттата легија (9–43 н.е.), Дваесет и втората легија, Четвртата македонска легија (43–70), Првата легија (70–88), Дваесет и првата легија (70–89) и Четиринаесеттата легија (70–92). Исто така, Мајнц бил база на речната флота на Римјаните. Остатоци на трупови на римски бродови (navis lusoria) и патролни бродови од крајот на 4 век биле откриени во периодот 1982-86 и сега можат да се погледнат во Музејот за антички бродови (Museum für Antike Schifffahrt). Градот бил главен град на провинцијата Германија Супериор и имал важен погребен споменик посветен на основачот на градот, каде луѓето правеле поклонение и годишни фестивали дури од Лион. Помеѓу познатите градби биле најголемиот римски театар северно од Алпите и мостот преку Рајна.
Силите на Алеманите под водство на Рандо го опколиле градот во 368. На последниот ден на 405[4] или 406, Вандалите, Свевите, Аланите и другите германски племиња се верува дека ја поминале Рајна кај Мајнц. Христијанските хроники го поврзуваат овој настан со убивањето на епископот Авреј од страна на Алеманите. Патот бил отворен со опсадата на Трир и инвазијата на Галите.
Низ годините, римското упориште никогаш не било засекогаш напуштено како воен објект, што е доказ за планирањето на Римјаните. Различни градби биле изградени во различни времиња. Моменталната тврдина потекнува од 1660, како замена за претходните тврдини. Била користена во Втората светска војна. Една од знаменитостите на тврдината е споменикот подигнат од легионерите во чест на нивниот водач.
Мајнц и Франките
уредиПо неколкуте упади во текот на 4 век, Алзас постепено го изгубил неговиот белгиски етнички карактер и потпаднал под влијание на Алеманите. Римјаните постојано ја враќале контролата; меѓутоа, трупите сместени во Мајнц станале главно неиталијански и императорите имале само еден или двајца италијански наследници, кои управувале луѓето на северната граница.
Последниот император кој сместил трупи во име на Западното царство во Мајнц бил Валентинијан III, кој силно се потпирал на неговиот Magister militum per Gallias, Флавиј Аециј. Во тоа време армијата вклучувала голем број на трупи од германските сојузи долж Рајна, Алемани, Саксонци и Франки. Франките биле соперник кој добивал на сила и углед во областа и постојано се обидувале да го прошират своето влијание. Во 358 царот Јулијан купил мир давајќи им го поголемиот дел од Германија Инфериор, кои тие и го поседувале и дозволувајќи им учество во римската армија.
Европските фракции во тоа време ги вклучувале Келтите, Готите, Франките, Саксонците, Алеманите, Хуните, Италијанските и Аланите, како и бројни други помали народи. Аециј играл со сите нив на начин едни против други со цел да одржи мир под римски суверенитет. Ги користел хунските трупи повеќепати. Последниот ден на пресметка на Аециј и Атила, обајцата полиглоти на мултиетнички трупи. Атила заминал низ Алзас во 451, уништувајќи ја земјата, како и Мајнц и Трир со нивните римски гарнизони. Кратко потоа бил спречен од Аециј во Битката кај Шалон, најголемата во античкиот свет.
Аециј не уживал долго во победата. Бил убиен во 454 од раката на негов вработен, кој пак бил избоден до смрт од пријателите на Аециј во 455. Сето ова било дел од крајот на Римското Царство на северот. По неколку крвави но кратки борби помеѓу подредените на Аециј, Рицимер станал император, земајќи го името Патрициј. Неговиот татко бил Свев; неговиот мајка, принцеза на Визиготите. Патрициј не владеел со Северот директно, туку воспоставил провинција, која функционирала независно. Главниот град бил во Соасон. Сепак, нејзиниот статус бил двосмилен. Многу тврдат дека тоа било Кралството Соасон.
Претходно првиот од Меровинзите, Хлодион, бил поразен од Аециј во околу 430. Неговиот син, Меровех, се борел на римска страна против Атила и неговиот син, Хилдерик, служел во служба на Соасон. Во меѓувреме, Франките постепено влегувале во кралството и добивале на сила. Тие се поместиле по текот на Рајна и создале кралство во областа на поранешната провинција Германија Супериор со главен град во Келн. Тие станале познати како Рипуарски Франки и соперници на Салиските Франки. Бидејќи не било вообичаено да се премести целото население, едноставно поранешното население станале Франки.
Настаните се одвивале брзо до крајот на 5 век. Кловис, син на Хилдерик, станал крал на Салиските Франки во 481, владеел од Турне. Во 486 го поразил Сијагриј, последниот гувернер на кралството Соасон и ја презел северна Франција. Го проширил неговото владеење до Камбре и Тонгерен во 490–491 и ги спречил Алеманите во 496. Исто така, во таа година преминал во христијанството.
По падот на Римското Царство во 476, Франките под власта на Хлодовик I стекнале контрола над западна Европа до 496 година. Хлодовик го припоил Кралството Келн во 508. Потоа, Мајнц со неговата стратешка положба, станал една од базите на кралството на Франките. Мајнц ја штител христијанската заедница долго пред преминувањето на Хлодовик. Неговиот наследник Дагоберт I ги изградил ѕидините на Мајнц и го направил еден од неговите седишта. Солидот на Теодеберт I (534–548) била кована во Мајнц.
Франките ги обединиле келтските и германските племиња во Европа. Најголемиот Франк на сите времиња бил Карло Велики (768–814), кој изградил нова империја во Европа, Светото Римско Царство. Мајнц со неговата средишна положба станал важен на империјата и христијанството. Постепено, јазичните промени се заканувале за поделба на Франките. Мајнц говорел на дијалект означен како рипуаријански. Со смртта на Карло Велики, разликите помеѓу Франција и Германија се покажале пресудни. Мајнц не бил повеќе во центарот, туку на граница, создавајќи прашања за неговата националност и кому припаѓа, кои траат сè до денес, како прашањето за Алзас-Лорена.
Христијански Мајнц
уредиСлободен град Мајнц Freie Stadt Mainz
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1244–1462 | |||||||||
Статус | Град | ||||||||
Главен град | Мајнц | ||||||||
Уредување | република | ||||||||
Историски период | среден век | ||||||||
• Основан е градот | околу 13 п.н.е. | ||||||||
• Доделени градските права од архиепископот Зигфрид III | 1244 | ||||||||
• Сопернички архиепископи | 1461 | ||||||||
• Отповикана повелбата од архиепископот Адолф II | 1462 | ||||||||
• Германско спојување | 1803 | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Германија |
Во почетокот на средновековието, Мајнц бил центар на христијанизацијата на Германите и Словените. Првиот архиепископ на Мајнц, Бонифациј, бил убиен во 754 додека се обидувал да ги доведе Фризите во христијанството и е погребан во Фулда. Други рани архиепископи на Мајнц биле Рабан Маур, учител и писател и Вилигис (975–1011), кој ја започнал изградбата на моменталната зграда на катедралата во мајнц и го основал манастирот Свети Стефан.
Од времето на Вилигис до крајот на Светото Римско Царство во 1806, архиепископите на Мајнц биле надректори на Империјата и најважен изборен кнез на германскиот цар. Покрај Рим, епископијата во Мајнц денес е единствената епископијата во светот каде епископското седиште е наречено Света столица (sancta sedes). Архиепископите на Мајнц традиционално биле primas germaniae, наследници на Папата северно од Алпите.
Во 1244, архиепископот Зигфрид III му доделил на Мајнц градски права, кои вклучувале права на граѓаните да основаат и изберат градски совет. Градот бил сведок на разидувањето на двајца архиепископи во 1461, Дитер фон Изенбург, кој бил избран архиепископ од катедралскиот каптол и поддржан од граѓаните и Адолф Втори фон Насау, кој бил именуван за архиепископ на Мајнц од папата. Во 1462, архиепископ Адолф Втори го нападнал градот Мајнц, убивајќи 400 негови жители. На суд, оние кои преживеале го загубиле целиот свој имот, кој потоа бил поделен помеѓу оние кои ветиле дека ќе го следат Адолф Втори. Оние кои тоа не го ветиле (меѓу нив и Јохан Гутенберг) биле однесени надвор од градот или фрлени во затвор. Новиот архиепископ ги отповикал градските права на Мајнц и го ставил градот под директно владеење. Иронично, по смртта на Адолф Втори како негов наследник повторно бил Дитер фон Изенбург, сега легално избран од соборот и именуван од папата.
Еврејска заедница
уредиЕврејската заедница во Мајнц потекнува од 10 век од нашата ера. Била позната по нејзиното верско образование. Рабинот Герсхом бен Јуда (960–1040) предавал тука, меѓу другите. Тој се насочил на проучување на Талмудот, создавајќи германска еврејска традиција. Евреите од Мајнц, Шпајер и Вормс создале врховен совет со цел поставување стандарди за еврејското право и образование во 12 век.
Градот Мајнц одговорил на еврејското население на различни начини. Понекогаш тие биле слободни и заштитени; другпат пак биле протерувани. Евреите биле исфрлени во 1012, 1462 (откако биле повикани да се вратат) и во 1474. Евреите биле напаѓани од банди во 1283. За епидемиите на црна смрт обично биле обвинувани Евреите, кога тие биле масакрирани, како што било палењето на околу 6.000 живи Евреи во 1349.[5] Оваа нестабилна состојба, која не била типична само за Мајнц, туку за цела Европа во тоа време, траела до Првата светска војна.
Денес, еврејската заедница е брзорастечка и била изградена нова синагога од архитектот Мануел Херц во 2010 на местото на уништената синагогa за време на Третиот Рајх.[6] Самата заедница вклучува 1.034 членови, според Централниот совет на Евреите во Германија и најмалку двапати повеќе Евреи кои не се приврзаници на Јудаизмот.
Република Мајнц
уредиВо текот на Француската револуција, француската револуционерна армија го окупирала Мајнц во 1792; архиепископot на Мајнц, Фридрих Карл Јозеф фон Ертал, веќе побегнал во Ашафенбург пред Французите да в маршираат во градот. На 18 март 1793, Јакобинците од Мајнц со други германски демократи од околу 130 градови во Рајнската област-Пфалц, ја прогласиле „Републиката Мајнц“. Предводена од Георг Форстер, претставниците на Републиката Мајнц во Париз побарале политичка припадност со Франција, но тоа било предоцна: Бидејќи Прусија не била целосно среќна со идејата за демократска слободна држава на германска почва,[7] Пруските трупи веќе ја окупирале областа и го ставиле под опсада Мајнц до крајот на март 1793. По опсадата од 18 седмици, француските трупи во Мајнц се предале на 23 јули 1793; Прусите го окупирале градот и ставиле крај на Републиката Мајнц. Дошло до Битката кај Мајнц во 1795 помеѓу Австрија и Франција. Членови на Јакобинците од Мајнц биле малтретирани и затворани и казнети за предавство.
Во 1797, Французите се вратија. Армијата на Наполеон Бонапарт ја окупирала германската територија западно од реката Рајна и со договорот од Кампо Формио ѝ била доделена целата оваа област на Франција. На 17 февруари 1800, францускиот департман Мон Тонер бил основан тука, со Мајнц како негов главен град, реката Рајна претставувала нова источна граница на la Grande Nation. Но, Австрија и Прусија не сакале да ја одобрат новата граница со Франција во 1801. Меѓутоа, по неколку порази во Европа во текот на следните години, ослабениот Наполеон и неговите трупи морале да го напуштат Мајнц во мај 1814.[8]
Рајнски Хесен
уредиВо 1816, делот на поранешниот француски департман, кој денес е познат како Рајнски Хесен (германски: Rheinhessen) бил доделен на Хесен-Дармштат, а Мајнц бил главен град на новата провинција Рајнски Хесен. Од 1816 до 1866, во Германскиот Сојуз Мајнц бил најважната тврдина за одбрана против Франција и силен гарнизон на австриски и пруски трупи.
Попладнето на 18 ноември 1857 се случила огромна експлозија во Мајнц, кога експлодирал градскиот склад на барут Pulverturm. Околу 150 луѓе загинале и најмалку 500 биле повредени; 57 згради биле уништени, а голем број оштетени во тоа што денеска е познато како Барутна експлозција.
Во текот на австриско-пруската војна во 1866, Мајнц бил прогласен за неутрална зона. По основањето на Германското Царство во 1871, Мајнц повеќе не бил важен како упориште, бидејќи во војната од 1870-71 година, Франција ја изгубила територијата на Алзас-Лорена од Германија и ова претставувало нова граница помеѓу двете земји.
Индустриска експанзија
уредиСо векови жителите на тврдината на Мајнц страдале од голем недостиг на простор, кој доведувал до болести и други непријатности. Во 1872, градоначалникот Карл Валау и советот на Мајнц ја убедиле воената влада да потпише договор за ширење на градот. Почнувајќи во 1874, градот Мајнц се ширел кон Гартенфелд, идилична област на ливади и полиња долж бреговите на реката Рајна до северниот бедем. Со ширењето на градот, урбаната област на градот се зголемила за двапати и му дозволила на Мајнц да учествува во индустриската револуција, која претходно го заобиколувала градот со децении.
Едвард Крајсиг бил човекот кој бил заслужен за ова. Како главен градител на градот Мајнц од 1865, Крајсиг имал визија за новиот дел на градот, Neustadt. Исто така го испланирал првиот канализациски систем за стариот дел на градот од римски времиња и ја убедил градската власт за преместување на железничката линија од страната на Рајна на западниот крај на градот. Главната железничка станица била изградена од 1882 до 1884 според плановите на Филип Јохан Берделе.
Главниот градител на Мајнц изградил голем број на уметнички јавни градби, вклучувајќи го градското собрание на Мајнц - која била најголема од овој вид во Германија во тоа време — како и синагога, пристаниште на Рајна и голем број јавни бањи и училишни градби. Последното дело на Крајсиг било христијанска црква (Christuskirche), најголема протестантска црква во градот и првата градба изградена исклучиво за употребата на протестантската црква.
20 век
уредиПо Првата светска војна, Франција го окупирала Мајнц помеѓу 1919 и 1920 според Версајскиот договор, кој стапил во сила на 28 јуни 1919. Рајнската област (во која се наоѓа Мајнц) била демилитаризициска зона до 1935, а француските трупи кои ги претставувале Антантата, требало да останат додека не бидат исплатени репарациите.
Во 1923 Мајнц учествувал во сепаратистичкото движење во Рајнската област кое барале да се создаде република во областа. Пропаднало во 1924. Французите се повлекле на 30 јуни 1930. Адолф Хитлер станал канцелар на Германија во јануари 1933, а неговата политички соперници, особено оние од Социјалдемократската партија, биле или затворени или убиени. Некои биле во можност да заминат од Мајнц на некое време. Еден од нив бил политичкиот организатор на SPD, Фридрих Келнер, кој заминал во Лаубах, каде како претседател на окружниот суд продолжил со неговиот отпор против нацистите со забележување на нивните злодела во дневник од 900 страници.
Во март 1933, дел на Национал-социјалистичката партија во Вормс ја донело партијата до Мајнц. Ја поставиле свастиката на сите јавни згради и започнале да го обвинуваат еврејското население во весниците. Во 1936 силите на Третиот Рајх влегле во Рајнската област со многу помпа, прв потег на Третиот Рајх од нивното идно ширење. Поранешната Антанта не презела ништо.
Во текот на Втората светска војна, во тврдината во Мајнц бил камп за воени заробеници.
Епископот на Мајнц создал организација за помош на бегствата на Евреите од Германија.
Во текот на Втората светска војна повеќе од 30 воздушни напади уништиле околу 80 проценти од центарот на градот, вклучувајќи ги повеќето историски градби. Мајнц бил освоен на 22 март 1945 против нееднаквиот германски отпор (силен во некои делови, а слаб во другите делови на градот) од страна на американските трупи.[9]
Од 1945 до 1949, градот бил дел од француската окупациска зона. Кога сојузната покраина Рајнска област-Пфалц била создадена на 30 август 1946 од командирот на француската армија на француската окупациска зона, Мајнц станал главен град на новата покраина.[10] Во 1962 се вратил Фридрих Келнер, со цел да ги помине последните години во Мајнц. Неговиот живот во Мајнц и неговиот дневник биле предмет на канадскиот документарен филм My Opposition: The Diaries of Friedrich Kellner.
По повлекувањето на француските сили од Мајнц, американските сили ги окупирале воените бази во Мајнц. Денес USAREUR се наоѓаат во касарните во Вакернхајм, а песочните дини околу Мајнц ги користат за тренинг-област. Мајнц е седиште на неколку единици на германската војска.
Знаменитости
уреди- Римско-германски централен музеј (Römisch-Germanisches Zentralmuseum). Во него се сместени римски, средновековни и други стари артефакти.
- Музеј за древното пловење (Museum für Antike Schifffahrt). Во него се сместени пет римски бродови од крајот на 4 век, откриени во 1980-тите.
- Римски остатоци, вклучувајќи ги столбот на Јупитер, мавзолејот на Друсус, руини на театарот и аквадуктот.
- Катедралата Свети Мартин (Mainzer Dom), стара преку 1000 години.
- Железна кула (Eisenturm, кула на поранешниот пазар за железо), порта од ѕидините од 13 век.
- Дрвена кула (Holzturm, кула на поранешниот пазар за дрво), порта од ѕидините од 15 век.
- Музеј Гутенберг - изложена е оригиналната библија на Гутенберг помеѓу другите печатени книги од 15 век и подоцна.
- Стариот град на Мајнц - што е останато од него, кварт јужно од катедралата кој ја преживеал Втората светска војна.
- Кнежевска палата (Kurfürstliches Schloss), резиденција на изборниот кнез.
- Marktbrunnen, една од најголемите ренесансни фонтани во Германија.
- Domus Universitatis (1615), со векови највисока градба во Мајнц.
- Христова црква (Christuskirche), градена 1898-1902, бомбардирана во 1945 и повторно градена во 1948-1954.
- Црква Свети Стефан, со повоени витражи од Марк Шагал.
- Цитаделата во Мајнц.
- Schönborner Hof (1668).
- Рококо-црквите на Свети Августин (Augustinerkirche) и Свети Петар (Petruskirche).
- Црква Свети Игнациј (1763)
- македонска православна црква „Свети Никола“ (2014)
- Ерталски двор (1743)
- Барокно здание Басенхајмер Хоф Басенхајмски двор (1750)
- Ботаничка градина на Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц, ботаничка градина одржана од универзитетот.
- Landesmuseum Mainz, покраински музеј за археологија и уметност.
- Zweites Deutsches Fernsehen (ZDF) - една од најголемите јавни германски телевизии.
Административна поделба
уредиГрадот Мајнц е поделен на 15 локални окрузи според главниот статут на градот Мајнц. Секој локален округ има окружна администрација од 13 членови и непосредно избран градоначалник, кој е претседавач на окружната администрација. Овој локален совет одлучува за важни прашања на територијата на округот, меѓутоа, конечната одлука за нови политика се донесува од градскиот совет на Мајнц.
Според делот 29, параграф 2 од Законот за локално уредување на Рајнска област-Пфалц, се пропишува дека општините со повеќе од 150.000 жители мора да имаат совет од 60 членови.
Окрузи во градот се:
|
|
|
До 1945, окрузите Бишофсхајм (сега независен град), Гинсхајм-Густавсбург (исто така независен град) припаѓале на Мајнц. Поранешните предградија Аменебург, Кастел и Костхајм — (на кратко, AKK) сега се администрирани од градот Висбаден (на северниот брег на реката). AKK биле одвоени од Мајнц кога Рајна била означена како граница помеѓу француската окупациска зона (подоцна покраината Рајнска област-Пфалц) и американската окупациска зона (Хесен) во 1945.
Грб
уредиГрбот на Мајнц е изведен од грбот на архиепископитe на Мајнц и вклучува две тркала со шест шпици поврзани со сребрен крст на црвена позадина.
Култура
уредиМајнц е дом на карневал, Mainzer Fassenacht или Fassnacht, кој започнал да се одржува од почетокот на 19 век. Карневалот во Мајнц ги има своите корени преку критикување на социјалните и политичките неправди под засолниште на капи и ѕвона. Денес, униформите на многу традиционални карневалски клубови сѐ уште имитираат униформи на француски и пруски трупи од минатото. Врвот на карневалската сезона е на црвениот понеделник („Rosenmontag“), кога има голема парада во Мајнц на која присуствуваат над пола милион луѓе и слават низ улиците на Мајнц.
Првиот Katholikentag, фестивал карактеристичен за германските католици, бил одржан во Мајнц во 1848.
Јохан Гутенберг, заслужен за пронаоѓањето на современите печатарски преси од подвижен вид, е роден тука и умрел тука. Универзитетот во Мајнц, кој бил повторно основан во 1946, е именуван по Гутенберг; првичниот универзитет во Мајнц потекнувал од 1477, но бил затворен од трупите на Наполеон во 1798.
Мајнц бил еден од трите важни центри за еврејската теологија и учењето во Средна Европа во текот на средниот век. Познати заедно како Shum, градовите Шпајер, Вормс и Мајнц играле клучна улога во зачувувањето и растечњето на талмудското учење.
Градот е седиште на „Zweites Deutsches Fernsehen“ (буквално, „Втората германска телевизија“, ZDF), една од двете сојузни национални телевизии. Исто така, постојат поголем број радио станици со седиште во Мајнц.
Според легендата, Мајнц е претпоставеното место на раѓање на папата Јована (Јован Англикус), жената која преправена како маж, била избрана за папа и служела две години во текот на средниот век.
Други културни содржини на градот се:
- Како град во Големиот регион, Мајнц учествувал во програмата за 2007 како дел од манифестацијата Европска престолнина на културата.
- Улицата на славните во кабаре може да се најде во близина на Шилерплац.
- Музичкиот издавач Шот се наоѓа во Мајнц.
- Еден од најстарите производители на дувачки инструменти во светот, Gebr. Alexander се наоѓа во Мајнц.
- Stiftung Lesen („Фондација Читање“) — непрофитна организација која помага за подобрување на способностите при читањето.
Спорт
уредиЛокалниот фудбалски клуб Мајнц 05 има долга историја во германските фудбалски лиги. Од 2004 настапува во првата Бундеслига, освен за време на 2007-2008, кога паднал во втората лига. Во летото 2011, клубот го отворил својот нов стадион наречен Кофас арена.
Во 2007, Мајнц Атлетика го освоил германското првенство во бејзбол за мажи.
Како последица на инвазијата на Грусија од руските трупи во 2008, Мајнц бил одреден како неутрално место за фудбалскиот натпревар помеѓу Грузија и Ирска.
Стопанство
уредиВински центар
уредиМајнц е еден од центрите на германското винарство[11] како центар на винската трговија и седиште на покраинското министерство за винарство. Поради важноста и историјата на винската историја за сојузната покраина, Рајнската област-Пфалц е единствената покраина со такво министерство.
Од 2008, градот е исто така член на глобалната мрежа на вински главни градови (GWC), асоцијација на најславни и најпознати градови со винска култура во светот.[12] Многу вински трговци исто така работат во градот. Производителот на пенесто вино Купферберг произведува во Мајнц-Хехтсхајм и дури и Henkell — сега сместен на другата страна на реката Рајна — бил основан некогаш во Мајнц. Познатото Blue Nun, едно од првите брендирани вина, било заштитено од семејството Зихел.
Мајнц бил регион со винова лоза уште од римски времиња и сликата на вински град Мајнц ја негува преку туризмот. Haus des Deutschen Weines („Куќа на германското вино“), се наоѓа зад театарот. Тоа е седиште на германската академија за вино, германскиот вински институт (DWI) и германскиот вински фонд (DWF). Винскиот саем (Mainzer Weinmarkt) — еден од најголемите саеми во Германија.
Други индустрии
уредиSchott AG, еден од најголемите производители на стакло, како и Werner & Mertz, голема хемиска фабрика, се основани во Мајнц. Други компании како IBM или Novo Nordisk ги сместиле нивните германски филијали во Мајнц.
Јохан Јозеф Круг, основачот на познатото француско шампањско Krug во 1843, е роден во Мајнц во 1800.
Сообраќај
уредиМајнц е важен сообраќаен јазол во јужна Германија. Тој е важна врска во европскиот сообраќај како петто најголемо речно пристаниште во Германија. Пристаништето во Мајнц, сега главно контејнерско, е голема индустриска зона во северниот дел на градот, долж бреговите на Рајна. Со цел отворањето на простор долж речниот тек за станбен развој, било преместено посеверно во 2010.
Железница
уредиГлавната железничка станица Мајнц (Mainz Hauptbahnhof) — посетена од 80.000 патници и посетители секој ден и со тоа е една од 21. најпрометна станица во Германија. Таа е станица на линијата С8 на С-Железницата на Rhein-Main-Verkehrsverbund. Дополнително, линијата Мајнбан до Франкфурт на Мајна тргнува од станицата. Опслужува 440 локални и регионални возови дневно и 78 интеррегионални и меѓународни линии. ICE линиите го поврзуваат Мајнц со Франкфурт на Мајна, Карлсруе, Вормс и Кобленц. Таа е терминал на Железницата Западна Рајна и Железницата Мајнц-Лудвигсхафен, како и Железницата Алцај-Мајнц изградена од Hessische Ludwigsbahn во 1871. Пристап до Железницата Источна Рајна е обезбеден со мостот Kaiserbrücke, железнички мост над Рајна во северниот дел на Мајнц.
Јавен превоз
уредиВо градот постои развиена трамвајска и автобуска мрежа, а самиот град претставува важна раскрсница за автобускиот превоз во регионот.
Велосипедизам
уредиМајнц нуди голема низа велосипедски настани и соодветна велосипедска инфраструктура, вклучувајќи многу километри велосипедски патеки на самите улици. Велосипедската патека Рајна („Rheinradweg“) — меѓународна велосипедска патека, која започнува од изворот до устието на реката Рајна, поминувајќи низ четири држави на растојание од 1.300 километри. Друга велосипедска патека води кон Бингер и понатаму до Средна Рајна, светско културно наследство.[13]
Воздушен
уредиМајнц е опслужуван од аеродромот во Франкфурт, најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија, трет најпрометен во Европа и деветти во светот во 2009. Се наоѓа околу 10 километри источно од Мајнц и е поврзан со градот преку С-Железницата, линија С8.[14]
Малиот аеродром Мајнц Финтен, сместен на само 3 километри југозападно од Мајнц, се користи само од општата авијација. Друг аеродром, аеродром Франкфурт-Хан сместен на околу 50 километри западно од Мајнц, е опслужуван од неколку нискобуџетни авиопревозници.[14]
Меѓународни односи
уредиМајнц е збратимен со:
- Вотфорд, Обединето Кралство, од 1956
- Дижон, Франција, од 1957
- Лонгшамш, Франција, со Мајнц-Лаубенхајм, од 1966
- Загреб, Хрватска, од 1967
- Роденек, Италија, со Мајнц-Финтен, од 1977
- Валенсија, Шпанија, од 1978
- Хаифа, Израел, од 1981
- Ерфурт, Германија, од 1988
- Баку, Азербејџан, од 1984
- Луисвил, САД, од 1994
Алтернативни имиња
уредиМајнц е нарекуван со голем број имиња во различни јазици и дијалекти. Тука влегуваат: Määnz или Meenz во локалниот западногермански дијалект и Mentz на англиски или француски: Mayence. Француското име било користено и во англискиот јазик, но оваа употреба скоро и да исчезнала, иако Google Maps и Google Earth ја користат. Други имиња за овој град се: италијански: Magonza, шпански: Maguncia, португалски: Mogúncia, полски: Moguncja, латински: Mogontiacum/Moguntiacum, јидиш: (Magentza) מגנצא и чешки: Mohuč, словачки: Mohuč.
Наводи
уреди- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
- ↑ „Историски просек на времето во Мајнц“. Intellicast. јуни 2011. Посетено на 21 септември 2009.
- ↑ von Elbe, Joachim (1975). Roman Germany: a guide to sites and museums. Мајнц: P. von Zabern. стр. 253.
- ↑ Michael Kulikowski, "Barbarians in Gaul, Usurpers in Britain" Britannia 31 (2000:325-345).
- ↑ Tuchman, Barbara Wertheim. A distant mirror. Random House Digital, Inc. стр. 113. ISBN 978-0-307-29160-8. Посетено на 27 August 2011.
- ↑ de:Neue Synagoge Mainz
- ↑ Современиот германски поглед на работите е: „Француска јакобинска марионетска држава“.
- ↑ Jean-Denis G. G. Lepage: French Fortifications, 1715-1815: An Illustrated History McFarland, 30 ноември 2009 online
- ↑ Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946, Stackpole Books (Revised Edition 2006), p. 164
- ↑ original text of Kœnig's order No. 57 Архивирано на 28 септември 2011 г.; as can be found on Landeshauptarchiv Rheinland-Pfalz (main-archive of Rhineland-Palatinate) Архивирано на 24 мај 2011 г.
- ↑ Култура и Историја Архивирано на 8 јануари 2013 г. (од страницата на градскиот совет на Мајнц)
- ↑ Главни градови,[1] Архивирано на 22 ноември 2012 г.
- ↑ „Велосипедска патека Рајна“. Euregio Rhine-Waal. Посетено на 25 ноември 2011.
- ↑ 14,0 14,1 „Како да дојдете до Мајнц“. Landeshauptstadt Mainz. Архивирано од изворникот на 2012-12-18.
Извори
уреди- Hope, Valerie. Constructing Identity: The Roman Funerary Monuments of Aquelia, Mainz and Nîmes; British Archaeological Reports (16. Juli 2001) ISBN 978-1-84171-180-5
- Imhof, Michael and Simone Kestin: Mainz City and Cathedral Guide. Petersberg: Michael Imhof Verlag, 2004. ISBN 978-3-937251-93-6
- Mainz („Vierteljahreshefte für Kultur, Politik, Wirtschaft, Geschichte“), од 1981
- Saddington, Denis. The stationing of auxiliary regiments in Germania Superior in the Julio-Claudian period
- Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books ISBN 978-0-8117-0157-0
Додатна литература
уреди- „Mayence“, The Rhine from Rotterdam to Constance, Leipsic: Karl Baedeker, 1882, OCLC 7416969
- „Mainz“, The Encyclopaedia Britannica (11. изд.), New York: Encyclopaedia Britannica, 1910, OCLC 14782424
- „Mayence“, The Rhine, including the Black Forest & the Vosges, Leipzig: Karl Baedeker, 1911, OCLC 21888483
Надворешни врски
уреди„Мајнц“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на градот
- . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.