Рајнска Област

(Пренасочено од Рајнска област)

Историски гледано, Рајнска Област[1] може да се однесува (физички гледано) на лабаво дефинираниот регион на земјиштето на брегот на реката Рајна во Средна Европа.

Местоположба на Рајнската Област низ текот на реката Рајна

Од неодамна Рајнска Област (Rheinland на германски) стана општо име за површините во Германија по текот на средна и долна Рајна во Германија помеѓу Бинген и холандската граница или помеѓу сливот на реката Некар и Келн.[2] На запад, областа се простира до Луксембург, Белгија и Холандија; на источната страна таа ги опфаќа градовите по текот на реката. Освен за Сар, оваа област повеќе или помалку одговара на денешната употреба на терминот.

Таа е спорна прашање, но помеѓу двете војни терминот „Рајнска Област“ ја покривал целата окупирана и демилитаризирана зона на запад од Рајна, вклучувајќи ги и главните мостово на источните брегови (види ја картата). По пропаѓањето на Французите, Германците и Холанѓаните доминирала на западниот брег на Рајна во раниот 19 век (Јилих-Клеве-Берг), и исто така германските и холандските говорни подрачја во средниот и долниот тек на Рајна биле анектирани кон Прусија. Пруската администрација ја реорганизирала територијата во Рајнска Покраина (исто така позната како Рајнска Прусија), термин кој продолжува да се употребува во имињата на германските сојузни покраиниа Рајнска Област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија. По Првата светска војна во раниот 20 век, западниот дел на Рајнската Област бил окупиран од силите на Антантата, потоа демилитаризирана со Версајскиот договор. Германските сили ја ремилитаризирале територијата во 1936, како дел од дипломатското тестирање на волјата, три години пред почетокот на Втората светска војна.

Јужните и источните делови главно се ридести (Вестервалд, Хунсрик, Таунус и Ајфел), се испресечени со речни долини, главно со Рајна и Мозел. Се север е долината на реката Рур.

Некои од поголемите градови во Рајнската Област се: Ахен, Бон, Келн, Дисбург, Диселдорф, Кобленц, Крефелд, Леверкузен и Трир.

Историја

уреди

Предримски период

уреди

Во најраниот историски период, териториите помеѓу Ардените и Рајна биле окупирани од Тревери, Ебурони и други келтски племиња, кои, сепак, сите биле повеќе или помалку под влијание на нивните германски соседи. На десниот брег на Рајна, помеѓу Мајна и Лан, биле населбите на Матијаци, дел од германското племе Хати, додека подалеку на север биле Усипети и Тенктери.[3]

Римски и германски освојувања

уреди

Јулиј Цезар ги освоил племињата на левиот брег, а Август ги основал бројните утврдени логори на Рајна, но Римјаните никогаш не успеале да добијат цврста основа на десниот брег. Како слабеела моќта на Римското Царство, Франките оделе кон двата брега на Рајна и до крајот на 5-от век ги освоиле сите земји, кои службено биле под римско влијание. Германските освојувачи на рајнските окрузи биле малку свесни за културата на римските провинции и тие ги уништиле сите траги на римската цивилизација. До 8-от век франкиската доминација била цврсто етаблирана во западна Германија и северен Гаул.

На поделбата на Каролиншкото Царство со Верденскиот договор делот на провинцијата на исток од реката припаднал на Источна Франкија, додека тој на западот останал со кралството Лотарингија.[3]

Свето Римско Царство

уреди

Во времето на Ото I (умрел 973) двата брега на Рајна станале дел од Светото Римско Царство и рајнската територија била поделена помеѓу војводствата Горна Лотарингија, на Мозел и Долна Лотарингија на Мојзе.

Како слабеела централната моќ на царот на Светото Римско Царство, Рајнската Област била поделена на бројни мали независни кнежевства, секое со посебни перипетии и специјални настани. Старата лотарингиска поделба станала застарена и името на Лотарингија останало ограничено на областа, која сè уште го носи.

И покрај распарчената состојба и претрпени страдања во рацете на нивните француски соседи во различни периоди на војни, рајнската територија успеела во голема мера да застана во основен ранг на германската култура и развој. Ахен е местото на крунисувањето на германските императори и црковните кнежевства на Рајна во голема мера учествувале во германската историја.[3]

Пруско влијание

уреди

Прусија првпат стапнала во Рајнската Област во 1609 со окупацијата на војводството Клеве и околу еден век подоцна Горен Гелдерн и Мерс исто така станале пруски. Со Базелскиот мир во 1795 целата територијата на левиот брег на Рајна била предадена на Франција и во 1806 рајнските принцови се приклучиле кон Конфедерацијата Рајна. Виенскиот конгрес ги доделил сите долнорајнски окрузи на Прусија, која ги осавиле во непречено владение на либералните институции, кои биле навикнати под републиканско владеење од Французите.[3]

Во 1920, Сар бил одделен од Рајнската Покраина и администриран од страна на Друштвото на народите до референдумот во 1935, кога регионот беше вратен на Германскиот Рајх. Во исто време, во 1920, окрузите Ојпен и Малмеди биле вратени на Белгија (види Германска заедница во Белгија).

По 1946

уреди

Во 1946, Рајнската Област била поделена во новоформираните сојузни покраини Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска Област-Пфалц. Северна Рајна-Вестфалија е една од водечките германски индустриски површини, кои содржат значителни минерални резерви, (јаглен, олово, лигнит, магнезиум, нафта и ураниум) и воден транспорт. Во Рајнска Област-Пфалц, земјоделството е поважно, вклучувајќи ги и лозовите насади во Ар, Мителрајн и Мозел.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Дикинсон, Роберт И. (1964). Германија: Регионална и економска географија (второ. изд.). Лондон: Methuen. стр. 357f. ASIN B000IOFSEQ.
  2. Марсден, Волтер (1973). Рајнска област/The Rhineland. Њујорк: Hastings House. ISBN 0803863241.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Rhine Province“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.

Додатна литература

уреди
  • Марсден, Волтер (1973). Рајнска област/The Rhineland. Њујорк: Hastings House. ISBN 0803863241.
  • Форд, Кен; Брајан, Тони (2000). Рајнска област 1945: Последното поле за убивање на Западот/The Rhineland 1945: The Last Killing Ground in the West. Оксфорд: Osprey. ISBN 1855329999.