Отвори го главното мени

Сојузна статистичка служба на Германија

Сојузна статистичка служба на Германија (германски: Statistisches Bundesamt, кратко Destatis) — сојузна агенција на Германија. Таа е дел од сојузното министерство за внатрешни работи на Германија.

Сојузна статистичка служба на Германија
Statistisches Bundesamt
Logo Destatis.svg
Податоци за органот
Основан 3 јули 1953
Надлежност Германска влада
Седиште Густав-Штреземан-Ринг 11, D-65189 Визбаден
50°04′16″N 8°15′08″E / 50.07111° СГШ; 8.25222° ИГД / 50.07111; 8.25222
Вработени 2780
Надлежен министер Томас де Мезиер, министер за внатрешни работи
Раководител Родерих Егелер
(Претседател на биро)
Матичен орган Сојузно министерство за внатрешни работи
Мрежно место
www.destatis.de

Службата е одговорно за собирање, обработување, објавување и анализирање статистички информации поврзани за економијата, општеството и животната средина. Целта е обезбедување објективни, независни и висококвалитетни статистички информации за целата јавност. Вработени се околу 2.780 лица распоредени низ канцелариите во Визбаден, Бон и Берлин.

Канцеларијата во Визбаден е главното седиште и ја има најголемата библиотека специјализирана за статистичка литература во Германија. Во нејзе е сместен и претседателот на службата, кој по традиција, но не врз основа на самата служба, претставува службеник за надгледување на изборите. На ова место, тој или таа е надгледувач на изборите за германскиот парламент („Бундестаг“) и Европскиот парламент.

Берлинската информациска точка е сервисен центар на сојузната служба во германскиот главен град и обезбедува информации и совети за германската влада, други сојузни власти, амбасади, индустријата и јавноста, здруженија и сите, кои се заинтересирани за официјалната статистика во Берлин и Бранденбург.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди