Историска лингвистика

Историската лингвистика или дијахроната лингвистикајазичаричка дициплина која се занимава со проучување на развојот на јазиците.

Цели уреди

Како главни цели на историската лингвистика се јавуваат:

  • опишување и забележување на набљудуваните промени во еден јазик,
  • реконструирање на праисторијата на јазиците и одредување на нивната поврзаност, а при тоа да се групираат јазиците во јазични семејства. Ова е надлежност на споредбената лингвистика.
  • создавање на општи теории за тоа како и зошто јазиците се менуваат,
  • пишување на историјата на една говорна заедница,
  • проучување на историјата на зборовите, т.н. етимологија.

Историја уреди

Модерната историска лингвистика датира од крајот на XVIII век. Оваа јазична дисциплина се развила од јазичната дисциплуна филологија, која се занимавала со проучување на стари текстови од античкиот свет.

Првично, историската лингвистика била споредбената лингвистика. Научниците воглавно биле фокусирано кон основањето јазични семејства и реконструирање на праисториските протојазици. Ваквото реконструирање се вршело со помош на споредбениот метод и интерната реконструкција. Фокусот бил првично насочен кон добро познатите индоевропски јазици, од кои голем број имаат долга пишана историја. Понатака, научниците ги изучувале и уралските јазици, група јазици за кои исто така има зачувано стари текстови. Тоа овозможило јазичарите да се наочат кон проучување и на останатите јазични семејства, како што се староседелските јазици во Америка или австронезиските јазици. Така денес споредбената лингвистика е дел од широката дисциплина наречена историска лингвистика.

Покрај добро познатите и основани научни тези за поврзаноста на јазиците и класификацијата на јазични семејства, во научниот свет се појавиле и тези кои не доживеале успех и широка прифатеност. Такви на пример се теориите за супер јазични семејства, каде на пример се поврзуваат индоевропските со уралските јазици и слично. Што подлабоко се навлегува во историјата на јазиците, сè помалку веродостојни факти се добиваат. Исто така одредувањето датуми за протојазиците е отежнато. Во лингвистиката постојат неколку методи за одредување датуми на протојазиците, но датумите се приближни.

Развој во други дисциплини уреди

Првично сета модерна лингвистика била историски ориентирана, па дури и проучувањата на модерните дијалекти се развиле со погледите кон нивното потекло. Фердинанд де Сосир ја објаснил разликата меѓу синхроната и дијахроната лингвистика и тоа е основа за денешната организација на јазичаричките дисциплини. Предноста се дава на синхрината лингвистика, а дијахроната лингвистика е дефинирана како проучување на суксесивни синхрони етапи.

Во пракса, чисто синхрона лингвистика не е можна сè додека не бил измислен грамофонот, бидејќи пишаните записи биле секогаш заостанување зад говорните записи при одредувањето на јазичниот развој. Пишаните записи тешко се датирале прецизно пред развојот на насловните страници на книгите. Исто така, работата на социојазичарите потенцирала дека синхрините етапи не се еднолични: говорот на старите лица се разликува од говорот на младите лица и тоа наведува дека има промени во јазикот.

Биолошкото потекло на јазикот е во принцип надлежност на историската лингвистика, но сепак голем број јазичари сметаат дека тоа тешко веродостојно може да се основа со стандардните техники на историската лингвистика, како што е споредбениот метод. Помалку употребувани методи, како што е масовно лексичко споредување, се користат од некои јазичари за да ги надминат недостатоците на споредбениот метод, но исто така голем број јазичари сметаат дека таквите методи се неверодостојни.

Резултатите на историската лингвистика се често користени како основа за хипотези за одредени групирања или движења на луѓето, особено во праисторискиот период. Сепак, не е јасно како да се интегрираат јазичаричките пронајдоци со тие на археологијата или генетиката.

Научни полиња на историската лингвистика уреди

Научните полиња на историската лингвистика се:

Конзервативна, иновативна и архаична промена уреди

Термините конзервативна и иновативна често се користат во историската лингвистика за да се одликува степенот на промените кои се одвиваат во еден јазик или дијалект спореден со некоја поврзана јазична варијанта. Конзервативната промена означува мал степен на промена одошто иновативната. Некоја конзервативна варијанта (на јазик или дијалект) која зачувала одлики кои биле одамна исчезнати од поширока употреба се сметаат за архаични.

Наводи уреди

  • Bernd Kortmann: English Linguistics: Essentials, Anglistik-Amerikanistik, Cornlesen, p. 37-49

Дополнителни информации уреди

  • Karl Brugmann, Berthold Delbrück, Grundriss der vergleichenden Grammatik der indogermanischen Sprachen (1886–1916).
  • Theodora Bynon, Historical Linguistics (Cambridge University Press, 1977) ISBN 0-521-29188-7
  • Henry M. Hoenigswald, Language change and linguistic reconstruction (Chicago: Univ. of Chicago Press 1960).
  • Richard D. Janda and Brian D. Joseph (Eds), The Handbook of Historical Linguistics (Blackwell, 2004) ISBN 1-4051-2747-3
  • Roger Lass, Historical linguistics and language change. (Cambridge University Press, 1997) ISBN 0-521-45924-9
  • Winfred P. Lehmann, Historical Linguistics: An Introduction (Second Edition) (Holt, 1973) ISBN 0-03-078370-4
  • April McMahon, Understanding Language Change (Cambridge University Press, 1994) ISBN 0-521-44665-1
  • James Milroy, Linguistic Variation and Change (Blackwell, 1992) ISBN 0-631-14367-X
  • M.L. Samuels, Linguistic Evolution (Cambridge University Press, 1972) ISBN 0-521-29188-7
  • R.L. Trask,(ed.) Dictionary of Historical and Comparative Linguistics (Fitzroy Dearborn, 2001) ISBN 1-57958-218-4
  • August Schleicher: Compendium der vergleichenden Grammatik der indogermanischen Sprachen. (Kurzer Abriss der indogermanischen Ursprache, des Altindischen, Altiranischen, Altgriechischen, Altitalischen, Altkeltischen, Altslawischen, Litauischen und Altdeutschen.) (2 vols.) Weimar, H. Boehlau (1861/62); reprinted by Minerva GmbH, Wissenschaftlicher Verlag, ISBN 3-8102-1071-4
  • Zuckermann, Ghil'ad (2003). Language Contact and Lexical Enrichment in Israeli Hebrew. Palgrave Macmillan. ISBN 1-4039-1723-X.

Поврзано уреди