Европска престолнина на културата

Европска престолнина на културата — град назначен од Европската Унија за период од една календарска година, во која се организираат серија културни настани со силна европска димензија.

Марсеј (Франција), европска престолнина на културата за 2013
Кошице (Словачка) е европска престолнина град на културата за 2013 заедно со Марсеј

Подготовката за европска престолнина на културата може да биде можност за градот да стекне значителни културни, општествени и економски користи и може да помогне во урбаната регенерација, менувањето на градскиот углед и подигнување на неговата видливост и профилот на меѓународната сцена.

Во 1985, поранешната глумица Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура и нејзиниот француски колега Жак Ланг дошле до идеја за одредување годишен град на културата со цел донесување истакнување на богатството и разновидноста на европските култури и подигнувањето на свеста за нивнита заедничка историја и вредности.

Комисијата на Европската Унија управува со насловот и секоја година Советот на министри на Европската Унија формално назначува европска престолнина на културата: повеќе од 40 градови досега се назначени.

Меѓународна комисија на културни експерти е задолжена за оценување на предлозите од градовите за титулата во согласност со критериумите одредени од Европската Унија.

Студија од 2004 година од Роберт Палмер за Европската комисија, покажала дека изборот на европска престолнина на културата служи како катализатор за развојот на културата и трансформацијата на градот.[1] Како резултат на тоа, корисниот социо-еконоски развој и влијание за избраниот град сега се смета во одредувањето на избрани градови.

Историја

уреди

Програмата европска престолнина град на културата првично била наречена европски град на културата и била замислена во 1983 од Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура. Меркури верували, дека на културата не ѝ се дава истото вниание како на политиката и еконоија и проектот за промовирање на европските култури во рамките на земјите-членки требало да започне. Програмата европски град на културата била отпочната во летото 1985 со Атина како нејзин прв носител. Во текот на германското Претседателство во 1999, програмата европски град на културата била преименувана во Европска престолнина на културата.

Минати години

уреди

* Според официјалното мрежно место на ЕУ.[3] Градовите и државите од 2020 и 2029 не се точно одредени.

Моментални градови

уреди

Идни градови

уреди

Земји-членки кои се опфатени во организирање на настанот помеѓу 2018 и 2019 се следниве (изборот ќе биде организиран во следните години во рамките на овие земји со цел избор на градови за титулата):

Комисијата предложи држави за домаќини на Европската престолнина на културата по 2019

Наводи

уреди
  1. Палмер, Роберт. „Студија на европските градови и европските главни градови на културата и европските културни месеци (1995-2004)“. Европска комисија. Посетено на 24 јануари 2010.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-08-02. Посетено на 2013-01-10.
  3. Службена страница на ЕУ
  4. Сан Себастијан и Вроцлав се европски главни градови на културата за 2016!
  5. Известување за печатот од данското министерство за култура за одлуката на комитетот за избор на 24 август 2012 (на дански)[мртва врска]

Извори

уреди
  • García, B. (2005) “De-constructing the City of Culture: The long term cultural legacies of Glasgow 1990”, in: Review Issue of Urban Studies (vol. 42, No. 5/6, pp. 1–28).
  • García, B. (2004) “Cultural Policy in European Cities: Lessons from Experience, Prospects for the Future”, in: Special edition on Cultural Policy and Regeneration, Local Economy (vol 19, No. 4, pp. 312–326).
  • García, B. (2004) “Urban Regeneration, Arts Programming and Major events: Glasgow 1990, Sydney 2000 and Barcelona 2004”, in: Gibson, L. & Stevenson, D. (Eds) Special Issue of the International Journal of Cultural Policy: Urban Space and the Uses of Culture (vol 10, No. 1, pp. 103–118).

Надворешни врски

уреди