Рајна-Мајна
Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна (германски: Frankfurt/Rhein-Main, скратено FRM) — втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5,8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург.
Метрополитенски регион Франкфурт/Рајна-Мајна Metropolregion Frankfurt/Rhein-Main | |
---|---|
Карта на метрополитенскиот регион Франкфурт Рајна-Мајна | |
Држава | Германија |
Покраини | Хесен Рајнска област-Пфалц Баварија |
Најголеми градови | Франкфурт на Мајна Дармштат Мајнц Офенбах на Мајна Висбаден |
Управа[1] | |
• Вид | Издвоена асоцијација за планирање Франкфурт/Рајна-Мајна |
• Директор на здружението | Хајко Касекерт (ДХС) |
Површина | |
• Метро | 14,800 км2 (5,714 ми2) |
Население | |
• Метро | 5,800,000 |
• Метро | 391,89/км2 (1,015,0/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
БДП | 2004 |
номинален | 152,1 милијарди € (6. во ЕУ) |
Мреж. место | http://www.planungsverband.de/ |
Полицентричниот регион е именуван по неговиот средиштен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри.
Поделби
уредиРајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) — дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, којшто лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија.
Метрополитенска област/Метрополитенски регион
уредиХиерархија на планските тела | Поголеми градови | Површина | Население |
---|---|---|---|
Франкфурт на Мајна | 248 км² | 670.095 | |
+ Офенбах на Мајна | 45 км² | 118.245 | |
Франкфурт на Мајна метрополитенска област[2] | 4.305 км² | 2.517.561 | |
↓ | + Висбаден | 204 км² | 275.489 |
+ Дармштат | 122 км² | 142.191 | |
Административен округ Дармштат | 7.445 км² | 3.778.689 | |
↓ | + Мајнц | 98 км² | 196.784 |
+ Ашафенбург | 63 км² | 68.646 | |
метрополитенски регион Франкфурт/Рајна-Мајна | 14.800 км² | 5.800.000 |
Поголеми урбани зони
уредиЕвростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.
Поголеми урбани зони | Поголеми градови | Површина | Население | |
---|---|---|---|---|
поголема урбана зона Франкфурт на Мајна[3][4][5] | 4.305 км² | 2.517.561 | ||
Франкфурт на Мајна | 248 км² | 670.095 | ||
Офенбах на Мајна | 45 км² | 118.245 | ||
поголема урбана зона Висбаден[6][7] | 1.015 км² | 459.633 | ||
Висбаден | 204 км² | 275.489 | ||
поголема урбана зона Дармштат[8][9] | 781 км² | 430.993 | ||
Дармштат | 122 км² | 142.191 | ||
поголема урбана зона Мајнц[10][11] | 704 км² | 386.173 | ||
Мајнц | 98 км² | 196.784 | ||
Франкфурт/Рајна-Мајна | 6.805 км² | 3.794.360 |
Градови и окрузи
уреди
|
|
Сообраќај
уредиРастот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај.
Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар.
Образование
уредиМетрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц (Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг), првично основан во 1477 година. Други универзитети се:
- Технолошки универзитет Дармштат,
- Универзитет Франкфурт на Мајна-Јохан Волфганг Гете,
- Франкфуртска школа за финансии&менаџмент и
- Европска бизнис школа меѓународен универзитет Шлос Рајхартсхаузен.
Познати високи школи и универзитети за применети науки (Fachhochschulen) се:
Поврзано
уреди- Рајна-Лана - округ
- Глобален град
Наводи
уреди- ↑ http://www.planungsverband.de/index.phtml?La=1&mNavID=1.100&object=tx%7C1169.342.1%7C1169.2.1[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-11-11. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-19. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-29. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-21.
Надворешни врски
уреди„Рајна-Мајна“ на Ризницата ? |
- Planungsverband Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main Планско здружение на регионот
- Регион Франкфурт Рајна-Мајна - Порта кон Европа Архивирано на 20 јуни 2006 г.
- Меѓународен аеродром Франкфурт
- Сообраќај во Рајна-Мајна
- Економска поддршка Франкфурт
- Frankfurt/Rhein-Main 2020 - европски метрополитенски регион[мртва врска]
- Еден регион - бескрајни можности Архивирано на 3 март 2016 г.