Есен (град)
Есен (германски: Essen) — град во централниот дел на областа Рур во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се наоѓа на реката Рур со население од приближно 579.000 жители (до 30 јуни 2008 година) — деветтиот град по големина во Германија. Во 2010 година, Есен бил прогласен за европска престолнина град на културата во име на целата област Рур.
Есен | ||
Панорама на Есен | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Диселдорф | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 9 окрузи, 50 квартови | |
Градоначалник | Рајнхард Пас (СДП) | |
Владејачки партии | СДП / ДХС | |
Основни податоци | ||
Површина | 210 км2 | |
Надм. височина | 116 м | |
Население | 586.608 (31 декември 2023)[1] | |
- Густина | 2.793 жит/км2 | |
- Градско | 5,302,179 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | E | |
Пошт. бр. | 45001–45359 | |
Повик. бр. | 0201, 02054 (Кетвиг) | |
Портал | www.essen.de | |
Местоположба на градот Есен во рамките на округот Урбан округ | ||
Координати | 51°27′3″N 7°0′47″E / 51.45083° СГШ; 7.01306° ИГД |
Порано еден од германските најзначајни центри за јаглен и челик и историски поврзан со семејството Круп, градот развил силен и висок сектор за економија и (понекогаш заедно со блискиот Диселдорф) тврдел дека е економски столб на областа Рур[2]. Сега е дом на 13 од 100-те најголеми корпорации во Германија и седиште на неколку од регионалните власти.
Во 1958 година, градот бил одбран за седиште на католичката Есенска епископија (често споменувана како „Рурска епископија“). Во 2003 година, универзитетите на Есен и на блискиот град Дисбург (двата основани во 1972 година) се споиле во еден универзитет под името Универзитет на Дисбург-Есен со кампуси во двата града како и со универзитетска болница сместена во Есен.
Географија
уредиОпшто
уреди Оберхаузен |
Ботроп |
Гладбек1 |
Гелзенкирхен |
Милхајм на Рур |
Есен (Карта на окрузи и квартови) |
Бохум | |
Ратинген² |
Хајлигенхаус² |
Фелберт² |
Хатинген³ |
1 Округ Реклингхаузен 2 Округ Метман 3 Енепе-Рур |
Градот Есен е сместен во центарот на областа Рур, една од најголемите урбани области во Европа (види: мегалополис), која се состои од 11 независни градови и 4 окрузи со вкупно население од околу 5,3 милиони жители. Градот Есен е долг 87 км и граничи со 10 градови, 5 од нив се независни, а 5 припаѓаат на одредени окрузи, со вкупно население од околу 1,4 милиони жители.
Градот се простира над 21 километар од север кон југ и над 17 километри од исток кон запад, главно северно од реката Рур, која го формира вештачкото езеро Балденој во окрузите Фишлакен, Купфердре, Хајзинген и Верден. Езерото, кое претставува популарна област за рекреација, потекнува од 1931-1933 година, кога неколку илјади невработени рудари го ископале со примитивни алатки. Генерално, големите области јужно од реката Рур (вклучувајќи ги предградијата Шуир и Кетвиг) се со многу зелени површини и се често посочувани како примери за рурални средини во однос на релативно густо населената централна област на Рур.
Најниската точка може да се најде во северната околина на Карнап со надморска височина од 26,5 метри, додека највисоката точка може да се најде во околината на Хајдхаузен со надморска височина од 202,5 метри. Просечната височина изнесува 116 метри.
Градски окрузи
уредиЕсен се состои од 50 помали квартови, кои се групирани во девет приградски окрузи (германски: Stadtbezirke) често именувани според најзначајните квартови. Секој приградски округ е означена со римска бројка и има локално тело, кое се состои од 19 членови со ограничена власт. Повеќето од окрузите биле независни општини, но постепено се припојувале во периодот од 1901 до 1975 година. Овој долг процес на припојување довел до силна идентификација на населението со нивниот округ или кварт, како и до ретка особеност: Округот Кетвиг, кој се наоѓа јужно од реката Рур и кој не била споен сè до 1975 година има свој сопствен повикувачки број. Притоа (наводно поради релативно високите црковни даноци), Келнскиот архиепископ успеал да го задржи округот Кетвиг под Келнската архиепископија, додека сите други окрузи на Есен и некои други соседни градови ја претставуваат Есенската архиепископија.
Клима
уредиЕсен е еден од најтоплите градови во Германија. Има умерено-океанска клима со релативно ладни зими и благи лета. Просечната годишна температура изнесува 10°С: 13,3 °C преку ден и 6,7°С навечер. Просечните годишни врнежи изнесуваат 934 милиметри (37 инчи). Најладниот месец во годината е јануари кога просечната температура е 2,4°С. Најтопли месеци се јули и август со просечна температура од 18°С.
Клима на Есен | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 4,5 | 5,5 | 9,1 | 12,7 | 17,6 | 19,9 | 22,2 | 22,3 | 18,3 | 13,7 | 8,2 | 5,6 | 13,3 |
Просечна температура (°C) | 2,4 | 2,9 | 6,0 | 8,9 | 13,4 | 15,8 | 18,0 | 18,0 | 14,7 | 10,7 | 5,9 | 3,6 | 10,0 |
Просечна минимална (°C) | 0,2 | 0,3 | 2,9 | 5,0 | 9,1 | 11,6 | 13,7 | 13,7 | 11,1 | 7,6 | 3,6 | 1,6 | 6,7 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 84,5 | 58,1 | 78,2 | 61,0 | 72,2 | 92,8 | 81,2 | 78,8 | 78,0 | 75,1 | 81,1 | 93,1 | 934,1 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 14,1 | 10,5 | 13,6 | 11,1 | 11,1 | 12,0 | 10,4 | 9,9 | 11,2 | 10,9 | 13,6 | 14,1 | 142,5 |
Сончеви часови (месечно) | 43,4 | 78,3 | 102,3 | 147,0 | 192,2 | 183,0 | 186,0 | 182,9 | 135,0 | 111,6 | 57,0 | 40,3 | 1.459 |
Извор: Светска метеоролошка организација (ОН)[3]; Опсерваторија Хонгконг[4] за податоците на сончевите часа |
Историја
уредиПотекло на името
уредиВо земјите каде што се зборува германскиот јазик, името на градот Есен често предизвикува збунување во однос на неговото потекло, бидејќи е познато како германски инфинитив на глаголот, „јаде“ и/или германската именка „храна“. Иако научниците сè уште не се согласуваат со интерпретацијата на името[5], сепак постојат неколку интерпретации кои се вредни за споменување. Најстарата форма на името на градот е Astnide, која била сменета во Essen со менување на формата како што се Astnidum, Assinde, Essendia и Esnede. Името Astnide би можело да се однесува или на регион каде што се пронајдени многу јасенови дрва или на регион од истокот (од царството на Франките)[6]. Старогорногерманскиот збор за огниште, Esse, е исто така често спомнуван поради индустриската историја на градот, но е помалку веројатно името на градот да потекнува од тој збор, бидејќи старите форми на името на градот потекнуваат од времето пред индустријализацијата.
Рана историја
уредиНајстариот археолошки пронајдок, Vogelheimer Klinge, датира 280 000 – 250 000 години пред нашата ера. Тоа е нож пронајден во округот Фогелхајм, во северниот дел на градот за време на изградбата на Каналот Рајна-Херне во 1926 година[7]. Други артефакти од каменото доба се исто така пронајдени, иако тие не се многубројни. Искористувањето на земјата било многу развиено, посебно поради рударските активности во индустриското време, па затоа други поголеми пронајдоци од Мезолитот не се очекувани. Пронајдоците од 3000 година пред нашата ера се многу почести. Најважниот пронајдок од тој период е мегалитска гробница пронајдена во 1937 година. Оваа гробница именувана како Steinkiste (Ковчег од камен) се смета како „најраниот зачуван пример од архитектурата во Есен“[8].
Есен бил дел од населените области на неколку германски народи (Хати, Бруктери, Марси), иако јасна разлика меѓу овие групи на народи е тешко да се определи.
Замокот Алтебург во јужниот дел на Есен датира од првиот или вториот век пред нашата ера, додека пак замокот Херенбург од осмиот век од нашата ера.
8 - 12 век
уредиОколу 845 година Св. Алтфрид (околу 800-847 година), подоцна Хилдесхајмскиот епископ, основал манастир за жени (coenobium Astnide) во центарот на сегашен Есен. Првата игуменија била Герсвит, која била роднина на Св. Алтфрид (види: Опатија Есен). Во 799 година, Св. Лудгер веќе ја основал бенедиктанската опатија Верден на свое земјиште неколку километри јужно. Регионот бил слабо населен со неколку складишта и стар и веројатно напуштен замок. Додека опатијата Верден служела да ја поддржи мисионерската работа на Св. Лудгер во регионот Харц (Хелмштет/Халберштат), манастирот во Есен бил наменет за грижа на жените од високото саксонско благородништво. Овој манастир не бил манастир во вистинска смисла на зборот, туку бил наменет за резиденција и за образовна институција за ќерките и вдовиците од високото благородништво; предводени од игуменија, другите членови освен игуменијата не биле задолжени да дадат заклетви за невиност.
Околу 852 година започнала изградбата на црква на манастирот и била завршена во 870 година. Во 946 година голем оган ги оштетил црквата и самата населба. Црквата била повторно изградена, значително проширена и претставува основа на денешната катедрала во Есен.
Првото документирано спомнување на Есен датира од 898 година кога Цвентиболд, кој бил крал на Лотарингија, владеел со територија на западното корито на реката Рајна до опатијата. Друг документ, кој го опишува финансирањето на манастирот и наводно датира од 870 година, денес се смета за фалсификат од единаесеттиот век.
Во 971 година Матилда II, внука на царот Отон I, го презела манастирот. Таа станала најважната од сите игумении во историјата на Есен. Таа владеела преку 40 години и го зголемила богатството на манастирот со непроценливи предмети, како што е најстарата канделабра со седум гранки како и Златната Мадона од Есен, најстарата позната скулптура на Пресвета Богородица во западниот свет. Матилда била наследена од други жени кои биле во роднински врски со царевите од династијата на Отон: Софија, ќерка на Отон II и сестра на Отон III, и Феофану внука на Отон II. За време на владеењето на Феофану, Есен кој бил споменуван како град од 1003 година, го добил правото да одржува пазари во 1041 година. Десет години подоцна Феофану го изградила источниот дел од манастирот во Есен. Неговата гробница ги содржи гробниците на Св. Алтфрид, Матилда II и на самата Феофану.
13 - 17 век
уредиВо 1216 година манастирот, кој бил само важен земјопоседник до тој момент, се здобил со статус на кралска резиденција кога царот Фридрих II ја повикал Елисабета I со официјално писмо. Во 1244 година, 28 години подоцна, Есен ја добил својата повелба и својот печат кога Конрад фон Хохштаден, Келнскиот архиепископ, влегол во градот и го подигнал градскиот ѕид заедно со населението. Ова овозможило привремено ослободување на населението на градот од прицезите-игумении, но ова траело сè до 1290 година. Таа година кралот Рудолф I Хабсбуршки го повратил целосниот суверенитет на кнегините-игумении над градот, на големо разочарување на населението на растечкиот град, кој се залагал за самоуправување и кралско непосредно влијание. Титулата „Слободен царски град“ била конечно одобрена од варот Карло IV во 1377 година. Сепак во 1372 година, Карло парадоксално ја одобрил одлуката на Рудолф I од 1290 година и со тоа ги оставил манастирот и градот под кралска заштита. Сепак имало спорови помеѓу градот и манастирот во однос на превласт на регионот сè до распуштањето на манастирот во 1803 година. Биле поднесени многу тужби до тогашниот врховен суд, една од нив траела скоро 200 години. Конечната одлука на судот во 1670 година била дека градот морал да биде соодветно послушен во односот спрема игумениите, но можел да си ги задржи старите права - одлука која воопшто не ги решила проблемите.
Во 1563 година, Градскиот совет, со неговото самоубедување дека е единствениот легитимен владетел на Есен ја претставил протестантската реформа. Католичкиот манастир немал доволно сили да се спротивстави на ваквиот развој на настаните.
Триесетгодишна војна
уредиЗа време на Триесетгодишната војна, протестантскиот град и католичкиот манастир се спротивставувале еден со друг. Во 1632 година кнегињата-игуменија Марија Клара фон Шпаур, Pflaum und Valör успеала да ги насочи католичките Шпанци против градот со цел да иницира контра реформа. Во 1624 година бил донесен закон за рекатолизација и црковните обреди биле строго контролирани. Во 1628 година, градскиот совет се жалел поради овие закони во тогашниот врховен суд. Марија морала да побегне во Келн, кога Холанѓаните влегле во градот во 1629 година. Таа се вратила во летото во 1631 година следејќи ги Баварците под водство на Готфрид Хајнрих Граф цу Папенхајм, но сепак повторно си заминала во септември истата година. Таа умрела во 1644 година во Келн.
Војната се покажала како тежок удар за градот, со чести апсења, киднапирања и силувања. Дури и по Вестфалскиот мир во 1648 година, трупите останале сè до 9 септември 1650 година.
Индустријализација
уредиПрвиот историски доказ за важната рударска традиција во Есен датира назад до 14 век кога кнегините-игумении дозволиле рударски дејности. Првиот рудник за сребро бил отворен во 1354 година, но неспоредливо позначајниот јаглен не бил споменат сè до 1371 година, додека првите ископувања на јаглен започнале во 1450 година.
На крајот на 16 век многу рудници за јаглен се отвориле во Есен и градот ја добил титулата за центар на индустријата за оружје. Околу 1570 година производителите на оружје правеле голем профит и во 1620 година успеале да произведат 14.000 пушки и пиштоли. Градот сè повеќе и повеќе станувал значајно стратешко место.
Династијата на семејството Круп и градот Есен од 16 век се поврзале заедно. Во 1811 година, Фридрих Круп ја основал првата германска фабрика за челик во Есен и ги основал почетоците на она што ќе биде најголемото претпријатие во Европа во следните неколку декади. Фабриките за оружје во Есен станале толку значајни што имало поставено знак свртен кон главната железничка станица, кој го пречекал Бенито Мусолини во „Оружарницата на Рајхот“ во 1937 година.[9] Работата на Круп била главната причина за рапидното зголемување на населението, кое започнало во средината на 19 век. Есен достигнал население од 100.000 жители во 1896 година. Други индустријалци како Фридрих Грило, кој во 1892 година го донирал Грило театарот на градот, исто така играле голема улога во обликувањето на градот и на областа Рур кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Прва светска војна
уредиВо февруари 1917 година избиле неколку бунтови, кои довеле до прекин на доставувањето на брашно. Исто така имало 10 напади на фабриката на Круп.[10]
Втора светска војна
уредиКако главен индустриски центар, Есен бил мета на сојузничкото бомбардирање. Преку 270 воздушни напади биле извршени врз градот, уништувајќи 90% од центарот и 60% од предградијата.[11] На 5 март 1943 година Есен бил подложен на еден од најтешките воздушни напади во војната. Загинале 461 лице, 1593 биле ранети додека 50.000 жители на Есен останале без своите домови.[12] На 13 декември 1944 година тројца британски авијатичари биле линчувани.[13]
Сојузничките сили напредувале во Германија и стигнале до Есен во април 1945 година. Американскиот 507. падобрански пешадиски полк од 17. воздухопловна дивизија во улога на обична пешадија влегол во градот без отпор и го заробил на 10 април 1945 година.[14]
Под британска окупација
уредиПо успешната инвазија на Германија од страна за сојузниците, Есен бил назначен на британската окупациона зона. На 8 март 1946 година германски воен офицер и еден цивил биле обесени поради линчувањето на три британски авијатичари во декември 1944 година.
Дваесет и први век
уредиИако веќе не се произведува оружје во Есен, старите индустриски претпријатија како ThyssenKrupp и RWE се сè уште главните работодавачи во градот. Фондациите како Alfried Krupp von Bohlen und Halbach-Stiftung сè уште ја промовираат благосостојбата на градот како на пример со поддржување и донирање на болници и донирање на 55 милиони евра за нова зграда за музејот Фолкванг, кој е еден од најголемите музеи за уметност во областа Рур.
Политика
уредиИсториски развој
уредиВласта во Есен долго време била во рацете на кнегините-игумении, кои биле главни на царскиот манастир од Есен. Сепак од 14 век па наваму градскиот совет ја зголемувал неговата важност. Во 1335 година започнало избирање на два градоначалници од кои еден од нив бил назначен за раководник на финансиите. Во 1377 година на Есен му била одобрена царска непосредност[15], но подоцна морал да ја одбие оваа привилегија. Помеѓу раниот 15 и 20 век политичкиот систем на Есен претрпел неколку промени, најважната промена е воведувањето на протестантската реформа во 1563 година, припојувањето во 1802 година од Прусија и понатамошната секуларизација на кнежевството во 1803 година. Територијата била дел од пруската покраина Јилих-Клеве-Берг од 1815-1822 година по што станала дел од Рајнската Покраина сè до нејзиното распуштање во 1946 година.
За време на германската револуција 1918-1919 година Есен бил дом на Есенскиот правец во комунистичката работничка партија на Германија. Во 1922 година ја основале Интернационалата на комунистичките работници. Есен станал еден од центрите на отпорот на социјалдемократијата и слободните трупи.
За време на нацистичката ера (1933-1945), градоначалниците биле назначувани од страна на Нацистичката партија. По Втората светска војна, воената влада од британската окупациска зона назначила нов градоначалник и вовела општинска организираност врз основа на моделот на британските градови. Подоцна, Градскиот совет повторно бил избиран од страна на населението. Градоначалникот бил избиран од страна на советот како негова глава и како главен претставник на градот. Администрацијата била предводена од цело време од градоначалникот. Во 1999 година, позицијата на градоначалник била укината во Северна Рајна-Вестфалија и градоначалникот станал и главен претставник на градот и административен челник. Покрај тоа, населението сега директно го избира градоначалникот.
Градски совет
уредиПоследните локални избори биле одржани на 30 август 2009 година. Како резултат на тоа, Рајнхард Пас (SPD) бил избран како градоначалник и следните политички партии ги добиле местата во градскиот совет:
SPD (социјалдемократи) |
CDU (христијански демократи) |
GRÜNE (зелени) |
FDP Alternative Essen (либерали) |
Die Linke (политичка левица) |
Essener Bürgerbündnis (независни) |
REP (националконзервативци) |
NPD (национал демократи) |
Essen steht AUF (MLPD) (марксисти-ленинисти) |
Вкупно |
31 | 26 | 9 | 5 | 5 | 3 | 1 | 1 | 1 | 82 |
Градот е регулиран од коалицијата на SPD и CDU.
Грб на градот
уредиГрбот на градот Есен e хералдичка особеност. Одобрен е во 1866 година, се нарекува Allianzwappen (оружје на сојузништво) и се состои до два одвоени штита под една круна. Најчесто другите грбови на градовите прикажуваат ѕид наместо круна. Круната сепак не се однесува на самиот град Есен, туку на секуларизираното црковно кнежевство во Есен под капата на кнегините-игумении. The Dexter (хералдички десно) штитот го покажува двоглавиот царски орел на Светото Римско Царство доделен на градот во 1623 година. The sinister (хералдички лево) штитот е еден од најстарите амблеми на Есен и прикажува меч за кој луѓето веруваат дека бил користен за отсекување на главата на заштитникот на градот Св. Козма и Дамјан. Луѓето се обидувале да го поврзат мечот на левиот штит со меч кој бил пронајден во ризницата на Катедралата. Овој меч сепак е од поново време.[16] Малку изменета и по хералдички точна верзија на грбот може да се најде на покривот на хотелот Handelshof (Ханделсхоф) во близина на главната железничка станица.
Меѓународни односи
уредиЕсен е збратимен со градовите:[17]
- Гренобл, Франција (од 1974)[17][18]
- Нижни Новгород, Русија (од 1991)[17]
- Град Сандерленд, Обединето Кралство (од 1949)[17]
- Тампере, Финска (од 1960)[17]
- Тел Авив, Израел (од 1991)[17]
Градот Монесен, во Пенсилванија кој се наоѓа долж реката Мононгахела, бил именуван по реката и по градот Есен.[19]
Индустрија и инфраструктура
уредиГлавни претпријатија во Есен
уредиЕсен е седиште на неколку големи претпријатија, меѓу кои се наоѓа ThyssenKrupp, кој е индустриски конгломерат кој е исто така регистриран во Дисбург и потекнува од спојувањето на претпријатието Thyssen AG со седиште во Дисбург и претпријатието Friedrich Krupp AG со седиште во Есен во 1999 година. Најголемото претпријатие која е регистрирана само во Есен и втората по големина за електрична корист во Германија е претпријатието RWE AG. Есен исто така е седиште на корпорациските канцеларии на Schenker AG, логистичкото одделение на Deutsche Bahn. Други големи претпријатија се најголемото градежно претпријатие во Германија Hochtief AG, како и Aldi Nord, Evonik Industries, Arcandor AG, Medion AG и Deichmann, најголемиот трговец со чевли на мало во Европа. Eon-Ruhrgras најголемата германска компанија за гас исто така има седиште во Есен. Компанијата Кока-кола оригинално ги имала своите први канцеларии во Германија во Есен (околу 1930 година), каде што останала сè до 2003 година кога нејзините канцеларии биле префрлени во главниот град Берлин.
Саеми
уредиГрадскиот саем Messe Essen е домаќин на 50 трговски саеми секоја година. Со приближно 530.000 посетители секоја година Essen Motor Show, е главниот меѓународен саем за автомобили и е најголемиот настан, кој се одржува овде. Други важни саеми отворени за потрошувачите ги вклучуваат SPIEL, најголемиот саем за забава и прилика за презентација на Essen Feather и Deutscher Spiele Preis, Techno-Classica (стари коли) и еден од водечките саеми за јавачки спортови Equitana, кој се одржува секои две години. Главни саеми кои се ограничени само за професионалци ги вклучуваат саемите за Security (сигурност и заштита од пожар), IPM (градинарство) и E-World (енергија и вода).
Медиуми
уредиWestdeutscher Rundfunk има студио во Есен кое е одговорно за централната област Рур. Секој ден подготвува 30 минутен регионален вечерен дневник (наречен Lokalzeit Ruhr), пет минутна попладневна програма за вести и неколку радио програми за вести. Локална станица за емитување се пуштила во програма во доцните 90-ти години. WAZ Media Group е една од најважните (печатени) медиумски компании во Европа и ги издава двата најважни весници во областа Рур: Westdeutsche Allgemeine Zeitung (WAZ; 580.000 копии) и Neue Ruhr/Rhein Zeitung (NRZ; 180.000 копии). Во Есен, WAZ Group исто така ги издава локалните Borbecker Nachrichten (некогаш најголемиот локален весник во Германија) и Werdener Nachrichten весниците, од кои и двата се поранешни независни неделни весници за делови од Есен. Притоа Аксел Спрингер водел печатница за нивниот дневен весник Bild.
Образование
уредиЕдна обновена образовна институција во Есен е универзитетот Фолкванг, универзитет за уметност основан во 1927 година, кој е сместен во Есен и има дополнителни студии во Дисбург, Бохум и Дортмунд.
Универзитетот на Дисбург-Есен кој резултирал со спојување на универзитетите од Есен и Дисбург е еден од најмладите германски универзитети. Една од примарните истражувачки области на овој универзитет е областа за урбани системи (одржлив развој, логистика и сообраќај), тема која е инспирирана од високоурбанизираната област Рур. Другите области вклучуваат нанотехнологија, дискретна математика и образование на 21 век. Друг универзитет во Есен е приватниот Универзитет за применети науки за економија и менаџмент, со преку 6.000 студенти и гранки во 15 други големи градови низ Германија.
Медицина
уредиЕсен нуди високо насочен здравствен систем со повеќе од 1.350 доктори и приближно 6.000 кревети во 13 болници, вклучувајќи и универзитетската болница. Универзитетската болница потекнува од 1909 година, кога градскиот совет основал општинска болница, иако била скоро уништена за време на Втората светска војна, подоцна била повторно изградена и ја добила титулата на универзитетска болница во 1963 година. Оваа болница се фокусирала за истражувања на циркулаторниот систем, онкологијата и трансплатациската медицина со оддел за пресадување на коскена срж, кој е вториот најголем од овој вид во светот.
Сообраќај
уредиУлици и патишта
уредиМрежата на патишта во Есен се состои од 3.200 улици, кои вкупно имаат должина од 1.600 километри.
Три автопати ја поврзуваат територијата на Есен, меѓу кој најзначаен е Ruhrschnellweg (Експресниот пат Рур, А40), кој минува директно низ градот делејќи го на половина. Во правец запад-исток автопатот А40 го поврзува холандскиот град Фенло со градот Дортмунд, протегајќи се низ целата област Рур. Овој автопат претставува една од главните сообраќајни артерии во областа Рур (со преку 140.000 возила на ден) и е подложен на голем сообраќаен метеж за време на главните саати поради што многу луѓе од таа област му го дале прекарот Ruhrschleichweg (пат по кој се лази во Рур). Во 1970 година е изграден тунел кога тогашниот сојузен автопат Bundesstrasse бил дограден за да ги исполни стандарди за автопат, па така А40 е скриен од јавната глетка во внатрешниот дел на градот близу главната железничка станица.
Во северниот дел автопатот А42 само малку навлегува во територијата на Есен и служи како врска помеѓу соседните градови Оберхаузен и Гелзенкирхен и останатите одредишта.
Еден сегмент од автопатот А52 го поврзува Есен со јужниот дел околу Диселдорф. На територијата на Есен автопатот А52 се протега од јужните реони близу Милхајм на Рур, покрај саемот и потоа се спојува со Ruhrschnellweg на Autobahndreieck Есен-Исток раскрсницата источно од центарот на градот.
Со А40/А52 во јужните делови на градот и со автопатот А42 на север постои одредена празнина во сообраќајниот систем, која често е причина за сообраќаен метеж на улиците од централните до северните области. Затоа ургентно треба да се изгради продолжување на автопатот А52, која ќе ја поврзе Есен-Исток раскрсницата со автопатот А42 со цел да се пополни таа празнина;[20] ова продолжување се планирала со години не сè уште не е реализирана-главно поради високо населените делови низ кои ова продолжување треба да поминува што би резултирало со висока цена и причинети грижи за граѓаните.
Јавен превоз
уредиКако и во сите други заедници од областа Рур, локалниот сообраќај е воден од локалната компанија во јавна сопственост за сообраќај внатре во градот, DB Regio која е помошна компанија на Deutsche Bahn е одговорна за регионалниот сообраќај и самата Deutsche Bahn, која е одговорна за долги релации. Локалниот транспортер Essener Verkehrs-AG (EVAG) e член на Verkehrsverbund Rhein-Ruhr (VRR) асоцијацијата за компании за јавен сообраќај во областа Рур, која обезбедува постојана структура на цените во целиот регион. Внатре во VRR регионот билетите важат за линиите на сите членови како и за железничките линии на DB компанијата (освен за брзите InterCity и Intecity-Express мрежи) и можат да се купат во автоматите за билети и сервисните центри на EVAG, кај сите други членки на VRR и DB.
EVAG управува со 3 градски метроа, 7 трамваи и 59 автобуски линиии (16 од нив служат како Nacht Express линии достапни само во текот на ноќта) со вкупна должина од 29 километри (18 милји), 83 километри (52 милји) и 459 километри (285 милји) соодветно[21]. Една линија за трамвај и неколку автобуски линии кои доаѓаат од соседните градови се управувани од овие градски соодветни превозници. Градското метро, кој повремено се обраќа на искористените Docklands Light Railway делници, е мешавина од трамвај и целосени подземни системи со 20 подземни станици за градското метро и дополнителни 4 подземни станици, кои се користат за трамвајот. Две линии од градското метро се комплетно без крстосници што ги прави независни од другиот сообраќај, исто така U18 линијата, која води од главната станица во Милхајм до Berliner Platz, станица на портите од градскиот центар која повремено излегува над површината на средината на автопатот А40. Essen Stadtbahn е интегриран во Rhein-Ruhr Stadtbahn мрежата.
На истиот автопат се одржува долгорочен тест на систем за насочени автобуси уште од 1980 година. Многу EVAG железнички линии се сретнуваат на главната станица, но истото не важи за автобуските линии. Сепак, сите освен една од ноќните автобуските линии потекнува од/води до главната железничка на Есен во форма на ѕвезда. Сите EVAG линии вклучувајќи ги и ноќните линии се затворени за време на делничните денови од 1:30 часот до 4:30 часот.
Од 13. линии во Rhein-Ruhr S-Bahn мрежата, 5 водат низ територијата на Есен и се среќаваат на главната железничка страница на Есен, која исто така служи како меѓуврска до Regional-Express и Intercity-Express мрежите на регионални и националните брзи возови соодветно. Следејќи го назначувањето на Есен како европска престолнина на културата за 2010 година, главната станица, која е означена како станица со највисока важност и која не била значајно обновувана со декади ќе биде обновена со буџет од 57 милиони евра до почетокот на 2010 година..[22] Други важни станици во Есен, каде што се поврзуваат регионалниот и локалниот сообраќај, се Regionalbahnhöfe (регионални железнички станици) во окрузите Алтенесен, Борбек, Крај и Штеле. Исто така, 20 S-Bahn станици може да се најдат во целото урбанистичко подрачје.
Авијација
уредиЗаедно со соседниот град Милхајм на Рур и покраината Северна Рајна-Вестфалија, Есен го одржува Есен/Милхајм аеродромот (IATA: ESS, ICAO: EDLE). Иако првите летови пристигнале во 1919 година, сепак аеродромот бил официјално отворен на 25 август 1925 година. Со значајното проширување во 1935 година Есен/Милхајм аеродромот станал централен аеродром на областа Рур, сè до крајот на Втората светска војна, нудејќи асфалтирана писта од 1553 метри (5095 стапки), како и друга асфалтирана писта за едриличарство и одредишта до поголемите европски градови. Овој аеродром бил тешко оштетен за време на војната, но сепак делумно реконструиран од страна на сојузничките сили како спореден аеродром, бидејќи видливоста е често по јасна од аеродромот во Диселдорф. Подоцна се развил во голем цивилен аеродром како што е сега, додека аеродромот Есен/Милхајм денес служи за повремен воздушен сообраќај (околу 33.000 патници годишно[23]), база на флота од авиони и како најстарата германска компанија за обука за летање. Жителите од регионот околу Есен обично го користат аеродромот во Диселдорф (оддалечен околу 20 минути возење) и повремено аеродромот во Дортмунд за домашни и странски летови.
Знаменитости
уредиИндустрискиот комплекс Цолферајн
уредиИндустрискиот комплекс Цолферајн е најпознатата знаменитости во градот. Со децении, рудникот (отворен во 1932 година, затворен во 1986 година), како и фабриката за преработка на јаглен (затворена во 1993 година) биле рангирани како најголеми од нивниот вид во Европа. Вратилото XII, изградено во Баухаус стил, со неговите карактеристични кули, кое со текот на годините станал симбол на целата област Рур, се смета за архитектонско и техничко ремек-дело, здобивајќи се со угледот на „најубав рудник за јаглен во светот“.[24] Откако УНЕСКО го прогласил за светско културно наследство во 2001 година, комплексот кој долго време седел напуштен и на кој му се заканувало демолирање почнал да го гледа периодот на реновирање. Под дирекција на агенцијата на Северна Рајна-Вестфалија и самиот град, неколку институции за уметност и дизајн направиле свои седишта на областите кои ги зафаќал поранешниот рудник за јаглен, а исто така се прави и план за реновирање на фабриката за преработка на јаглен.
На земјиштето на стариот рудник за јаглен и на фабриката за преработка на јаглен, кои можат да се видат бесплатно, а исто така се достапни и тури со водичи кои се наплаќаат (некои со поранешни рудари), можат да се најдат неколку туристички атракции меѓу кои најважна е Design Zentrum NRW/Red Dot Design Museum. Рур музејот е музеј посветен на историјата на областа Рур, кој постои од 1904 година, ќе ги отвори своите врати како една од главните атракции во поранешниот објект за миење на јаглен во 2009 година.
Катедралата и ризницата на Есен
уредиПоранешната црква на опатијата од Есен, а денес катедрала на Есенскиот епископ е готска црква направена од лесен песочник. Првата црква потекнува од периодот помеѓу 845 и 870 година; денешната црква е изградена откако поранешната црква изгорела до темел во 1275 година. Сепак важните западни стилови и гробниците преживеале и сè од времето на Отонската династија. Катедралата се наоѓа точно во центарот на градот, при што градот еволуирал околу неа. Соседната црква Свети Јохан Баптисти, која не е спектакуларна во изглед и која е сместена во пешачката зона често грешно се посочува дека токму таа црква е катедралата. Богатството на катедралата се вбројува како едно од најзначајните во Германија, бидејќи само малку уметнички дела се изгубени низ вековите. Најдрагоцениот експонат, кој се наоѓа во катедралата е Златната Богородица Есенска (околу 980 година), најстарата позната скулптура на Богородица и најстарата слободно-стоечка скулптура северно од Алпите. Скулптурата на Богородица често е споменувана како Еssen sein Schatz или Богатството на Есен во буквален превод. Другите експонати ги вклучуваат наводната детска круна на царот Отон III, најстарата зачувана христијанска канделабра со седум гранки и неколку други уметнички дела од времето на Ото.
Старата синагога
уредиОтворена во 1913 година, тогаш новата синагога служела како централно место за сретнување на еврејската заедница, која постоела пред Втората светска војна. Градбата се вбројува како една од најголемите и најимпресивните сведочења на еврејската култура во предвоена Германија. Во повоена Германија, поранешниот верски објект бил купен од градот и се користел како изложбена сала, а подоцна била пренаменета како културолошки центар за сретнување и куќа на еврејската култура.
Вила Хигел
уредиИзградена во 1873 година од индустрискиот магнат Алфред Круп, вилата со 269 соби (8.100 м²) и околниот парк од 28 хектари служеле како претставително седиште на семејството Круп. Градскиот регистар за земјиште го вбројува поседот, кој во одреден период имал кадар до 640 луѓе, како дом на едно семејство.[25] За време на нејзината изградба, вилата била опремена со неколку технички новини и особености како централен систем за топлење, свои водни и гасни инсталации, внатрешна електрика и надворешни системи за телеграф и телефон (со централен аларм на индукција за вработените). Куќниот централен часовник станал референтен часовник за целата компанија Круп; секој часовник требал да биде наместен со максимална разлика од половина минута. Исто така вилата се здобила со сопствена железничка станица Есен Хигел која била регуларна станица. семејството Круп морала да ја напушти својата Gründerzeit вила во 1945 година, кога била преземена од сојузничките сили. Истата била вратена во 1952 година, а денес е седиште на фондацијата Алфред Круп фон Болен и Халсбах (главен сопственик на акциите на Thyssen-Krupp) и била отворена за концерти и повремени изложби од висок профил.
Кетвиг и Верден
уредиВо јужниот дел на градот, окрузите Кетвиг и Верден, кои постојат како сопствени градови биле припоени во средината на 20 век и во голема мера го задржале карактерот, кои го имале пред припојувањето. Додека северните окрузи биле тешко оштетени за време на Втората светска војна и често ги изгубиле нивните историски градски центри; јужните делови сепак поминале полесно.
Во Werden, Св. Лудгер ја основал опатијата Верден околу 799 година, 45 години пред Св. Алтфрид да го основа камен-темелникот на модерниот град, односно опатијата Есен. Старата црква од опатијата Верден, Св. Лудгер, била означена како мала папска базилика во 1993 година, додека главната зграда на поранешната опатија денес е седиште на универзитетот Фолкванг за музика и изведувачки уметности.
Кетвиг, кој бил припоен во 1975 година, на големо разочарување на населението, кое сè уште се бори за независност[26], главно бил обликуван од текстилната индустрија. Најјужниот дел од Есен е исто така и најголемиот округ и се претпоставува дека е со најмногу зелени површини.
Други значајни културни места
уреди- Музеј Фолкванг: Една од најголемите збирки на уметнички дела во областа Рур, главно до XIX и XX век. Голем дел од музејот бил реновиран и проширен според плановите на Дејвид Чиперфилд. Фондацијата Алфред Круп фон Болен и Халбах е најголемиот дарител во проектот, кој чинел 55 милиони евра и бил завршен во 2010 година. По неговото повторно отворање е дом на збирката на Германскиот музеј за плакати (со повеќе од 340.000 експонати).
- Театар Алто: Отворен во 1988 година (според плановите изработени во 1959 година), асиметричната зграда со нејзиниот длабок индиго ентериер е дом на реномираната Есенска опера и балет.
- Залбау: Дом на Есенската Филхармонија, комплетно реновирана во 2003/2004 година. Критичарите многупати имаат гласано дека Есенската филхармонија е германскиот оркестар на годината.[27]
- Colloseum Theater: Сместен во поранешната зграда на фабриката Круп на средишната пешачка зона, театарот бил дом на неколку мјузикли од 1996 година па наваму.
- Zeche Carl: Поранешен рудник за јаглен, а сега културен центар и место за одржување на рок концерти и дом на Offener Kanal Essen.
Други места
уреди- Gartenstadt Margarethenhöhe: Основана од Маргарет Круп во 1906 година, градската градина со нејзините 3.092 единици во 935 згради на површина од 115 хектари (од кои 50 хектари се шума) се смета за првата од ваков вид во Германија. Сите згради го следат истиот стилистички концепт, секоја со мали варијации од претходните. Иако првично проектирана како место за пониските класи со мали згради, стариот дел на Margarethenhöhe I се развил во место за живеење на луѓето од средната класа и сместувањето во овој дел почнало повеќе да биде барано. Новиот дел Margarethenhöhe II бил изграден во 1960 и 1970 година, но е архитектонски инфериорен и посебно повеќекатните згради се сметаат за социјални интересни места.
- Молткефиртел (Кварт Молтке): Од 1908 година па наваму, според реформираните планови на градскиот заменик Роберт Шмит, овој кварт бил граден југоисточно од центарот на градот. Големите зелени површини, формирајќи широки урбани вентилациски линии и многубројните спортски и забавни површини и висококвалитетната архитектура секогаш во стилот на реформирачката архитектура се комбинираат во создавањето на уникатен пример насекаде во светот за модерно градско планирање. Населбата ги рефлектира рефомативните идеи и датира од раниот 20 век. Moltkeviertel продолжува да е барана населба за живеење, образование, здравствена нега и за комерцијални цели на помало ниво. На Молткеплац (Моltkeplatz), кој е најголемиот плоштад во населбата, се одвива збир од висококвалитетна современа уметност изведувана од страна на месните жители.
- Grugapark: со вкупна површина од 70 хектари паркот близу саемските хали е еден од најголемите урбани паркови во Германија и иако се наплаќа влез, сепак е еден од најпосетуваните места за ресоздавање во градот. Ја вклучува градската ботаничка градина именувана како Botanischer Garten Grugapark.
- Езерото Баладеној: Најголемото од шестте вештачки езера на реката Рур, сместено во јужнот дел на градот е исто така популарна зона за ресоздавање. Забрането е пливање во езерото, но истото активно се користи за пловење, нуркање и тури со брод. Ридестата и единствената малку развиена шумска област околу езерото од која лесно се доаѓа до округот Кетвиг е исто така популарна кај туристите.
Значајни луѓе
уредиПочесни граѓани
уредиГрадот Есен ја има традицијата за одбирање на почесен граѓанин уште од 1879 година, но оваа традиција е прекината по создавањето на Федерална Република Германија во 1949 година. Во 2007 година е направен исклучок, кога Бертолд Бајц, претседателот на Фондацијата Алфрид Круп фон Болен и Халбах ја добил наградата за почесен граѓанин за неговото долго заложување за градот.[28] Следната листа ги содржи сите почесни граѓани на Есен:[29]
- 1879 Ото фон Бизмарк– Канцелар на Германија
- 1888 Фридрих Хамахер– политичар, адвокат и економист
- 1895 Јохан Хајнрих Петер Бајзинг– римокатолички теолог
- 1896 Фридрих Алфред Круп– индустријалец (сопруг на Маргарет Круп)
- 1901 Хајнрих Карл Зелинг– трговец и бенефактор
- 1906 Ерих Цвајгерт– градоначалник од 1886 до 1906
- 1912 Маргарет Круп– бенефактор (сопруга на Фридрих Алфред Круп)
- 1917 Паул фон Хинденбург– фелдмаршал и воен водач, подоцна претседател на Германија
- 1948 Виктор Нимајер– советник
- 2007 Бертолд Бајц– претседател на Фондацијата Алфрид Круп фон Болен и Халбах
Денес, најпрестижната награда од градот е „прстенот на честа“, кој Бертолд Бајц, ја имал веќе примено во 1983 година. Други носители на прстенот на честа ги вклучува поранешниот градоначалник на Есен и подоцна претседател на Германија, Густав Хајнеман, како и Франц Кардинал Хенгсбах, епископот од Есен.
Спорт
уредиНајголемите фудбалски клубови во Есен се Црвено-белите од Есен (германски: Rot-Weiss Essen) и Црно-белите од Есен (Schwarz-Weiss Essen ). Првите играат во четвртата германска фудбалска лига (Regionalliga West), додека вторите играат во петтата германска лига (Oberliga Nordrhein-Westfalen). Други фудбалски клубови се BV Altenessen, TuS Helene Altenessen, SG Essen-Schönebeck.
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
- ↑ „("Schreibtisch des Ruhrgebiets")“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-12-03. Посетено на 2007-12-03.
- ↑ „Временски информации за Есен“.
- ↑ „Климатолошки информации за Есен (Германија)“ Архивирано на 26 октомври 2019 г. – Опсерваторија Хонгконг
- ↑ Stadt Essen. „Потекло на имињата на места“ (германски). Essen.de. Архивирано од изворникот на 2009-07-17. Посетено на 6 април 2011.
- ↑ Paul Derks: Der Ortsname Essen, in: Essener Beiträge 103 (1989/90), pp. 27–51
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ Detlef Hopp: Essen vor der Geschichte – Die Archäologie der Stadt bis zum 9. Jahrhundert, in Borsdorf (Ed.): Essen – Geschichte einer Stadt, 2002, p. 32
- ↑ „NRW 2000 – Epoche des Nationalsozialismus – Einleitung – Hitler und Mussolini besuchen die "Waffenschmiede des Reiches" und die Krupp-Werke Essen“. Nrw2000.de. 25 септември 1937. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 6 април 2011.
- ↑ 'Auszug aus der Zusammenstellung der Monatsberichte der stellv. Generalkommandos an das preußische Kriegsministerium betr. die allgemeine Stimmung im Volke. 3 март 1917, бр. 230/17 g. B. 6., Generallandesarchiv Karlsruhe, Abt. 456, vol. 70. Reprinted in Wilhelm Deist, Militär und Innenpolitik im Weltkrieg 1914–1918. 2 volumes. Düsseldorf: Droste, 1970, vol. 2, pp. 666–67.
- ↑ Есен, Германија – трансатлантска мрежа на градови Архивирано на 19 јуни 2010 г., Германски маршал најден во САД 3 април 2010
- ↑ Есен – Историја Архивирано на 4 март 2010 г., eurotravelling.net, accessed 3 април 2010
- ↑ Случајот на линчување Есен Архивирано на 11 јуни 2009 г., Универзитет Западна Англија, accessed 3 април 2010
- ↑ Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books, p. 97.
- ↑ „Историја на Есен (германски)“. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2012-01-13.
- ↑ „Потекло на мечот во Есенската катедрала“. Regesta-imperii.adwmainz.de. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 6 април 2011.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 „Städtepartnerschaften“. Градски совет Есен. Посетено на 10 април 2011.[мртва врска]
- ↑ Jérôme Steffenino, Marguerite Masson. „Ville de Grenoble – Coopérations et villes jumelles“. Grenoble.fr. Архивирано од изворникот на 2007-10-14. Посетено на 29 октомври 2009.
- ↑ Harvath, Les (18 март 2007). „Историја на училишните бои“. Pittsburgh Tribune-Review. Архивирано од изворникот на 2010-02-02. Посетено на 6 април 2011.
- ↑ Bundesverkehrswegeplan 2003, p. 124
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-02-05. Посетено на 2009-02-05.
- ↑ „Сојузно министерство за сообраќај, градежништво и урбани работи“. Архивирано од изворникот на 2009-09-06. Посетено на 2012-01-15.
- ↑ „RVV-Stats 2007“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-02-05. Посетено на 2009-02-05.
- ↑ „Европска патека на индустриско наследство“. En.erih.net. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2011-04-06.
- ↑ „Официјална страница на Вила Хигел“. Архивирано од изворникот на 2008-09-12. Посетено на 2012-02-04.
- ↑ „Службена страница на Покраинскиот парламент на Северна Рајна-Вестфалија“. Landtag.nrw.de. Архивирано од изворникот на 2013-05-12. Посетено на 2011-04-06.
- ↑ „Pressetext - Oper“. Opernwelt. 28 септември 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 6 април 2011.
- ↑ „Говор на градоначалникот Волфганг Рајнигер (германски)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-27. Посетено на 2011-04-06.
- ↑ Град Есен. „Почесни граѓани на Есен“. Essen.de. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 2011-04-06.
Надворешни врски
уреди„Есен (град)“ на Ризницата ? |
- Службена страница на градот Архивирано на 21 декември 1996 г.
- Есен: Водич низ европската престолнина на културата 2010 Архивирано на 11 мај 2009 г.
- Градски панорами - Есен – панорамски погледи и виртуелни тури
- Слики од Кетвиг
- Слики од светски градови. Германија. Есен Архивирано на 18 јули 2011 г.
- Споменици во Есен на sites-of-memory.de
- ConRuhr – Академска канцеларија за универзитетот Дисбург-Есен, Дортмунд, Бохум Архивирано на 27 јуни 2011 г.
- Список на хотели во Есен (англиски) Архивирано на 3 декември 2010 г.