Аеродром Дортмунд
Аеродромот во Дортмунд (IATA: DTM, ICAO: EDLW) е меѓународен аеродром во Дортмунд, Германија. Слоганот на аеродромот е Näher als man denkt (Поблиску отколку што мислиш). Капацитетот на аеродромот е околу 2,5 милиони патници во 2008 низ аеродромот поминаа околу 2,3 милиони патници.
Аеродром Дортмунд Flughafen Dortmund | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | Public | ||||||||||
Оператор | Flughafen Dortmund GmbH | ||||||||||
Опслужуван град | Dortmund and the eastern Rhine-Ruhr area, Germany | ||||||||||
Фокусен град за | Wizz Air | ||||||||||
Надморска височина | 130 m / 427 ст | ||||||||||
Координати | 51°31′06″N 007°36′44″E / 51.51833° СГШ; 7.61222° ИГД | ||||||||||
Мрежно место | dortmund-airport.de | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2023) | |||||||||||
| |||||||||||
Историја
уредиАеродромот, оригинално започна со сервис во 1925 година, од страна на Aero Lloyd, со летови кон Париз. Заклучно со сезоната 1927/28, аеродромот оперираше 2589 летови годишно. За време на Втората светска војна, аеродромот беше користен како Германска воздушна база, и повремено беше користен од Британските Кралски воздушни сили. Аеродромот беше под контрола на Британските воени сили до 1990.
Слаб почеток
уредиВо декадите по втората светска војна, аеродромите во Диселдорф и Келн/Бон беа доминантни комерцијални аеродроми ви Рин - Рур околијата. Дополнително, аеродромите во Хановер и Оснабрик исто така имаа мал удел во комерцијалниот воздушен сообраќај во тој регион. Комерцијалниот сервис започна повторно во 1979 година со дневни летови кон Минхен, Нирнберг и Штутгарт. По обединувањето на Германија, Дрезден, Лајпциг, Берлин и Лондон беа додадени во списокот на одредишта.
Обнова
уредиПри крајот на 2000 година, аеродромот доживува драстично зголемување на авиосообраќајот. Во 90-тите години, сообраќајот најмногу бепе ограничен на неколку одредишта низ Германија, но во денешно време најголем дел од сообраќајот им припаѓа на нискобуџетните компании кои оперираат кон бизнис центри и познати туристички одредишта.
EasyJet го направи аеродромот своја централа, како и Germanwings во 2007 година.
Транспорт до аеродромот
уредиАеродромот Дортмунд е опслужен со автобус од Железничката станица во Дортмунд.
Иднина
уредиГлавниот план ги содржи следниве планови за иднина:
- Зголемување на работното време до 23:00, со додатен еден час навечер и наутро како исклучок
- Издолжување на пистата на 2800 метри
- Проширување на терминалот
- Подобрување на транспортот до аеродромот
- Директно поврзување на аеродромот со јавниот транспорт
Авиокомпании и одредишта
уреди- Air Via (Бургас, Варна)
- Bulgarian Air Charter (Бургас, Варна)
- EasyJet (Барселона, Будимпешта
- Germanwings (Истанбул Сабиха Гокчен, Минхен, Палма де Мајорка, Сплит)
- Ostfriesische Lufttransport (Херингсдорф)
- Sky Airlines (Анталија)
- SunExpress (Анталија)
- Wizz Air (Букурешт Банеаса, Клуж, Гдањск, Катовица,Киев, Лавов, Познањ, Софија, Тимисоара, Варшава)
- ↑ „ADV Monthly Traffic Report 12/2022“ (PDF; 919 KB). adv.aero (германски). Arbeitsgemeinschaft Deutscher Verkehrsflughäfen e.V. 2023-02-13. Посетено на 2023-02-17.
- ↑ „AIP VFR online“. dfs.de (англиски). DFS Deutsche Flugsicherung GmbH. Посетено на 2023-02-21.