Хати (Германи)
Хатите (Chatthi или Catti) биле древно германско племе чија татковина била близу горното течение на Везер.[1] Тие се населиле во централниот и северен Хесен и јужниот дел на Долна Саксонија, и во долините и планините Едер, Фулда и регионите околу реката Везер. Според Такит,[2] меѓу нив имало Батави, додека некои внатрешни конфликти не ги натерале да се населат на нова територија на устието на реката Рајна.
Извори
уредиИако Јулиј Цезар бил добро информиран за регионите и племињата на источниот брег на Рајна, тој никогаш не ги споменал Хатите. Прв од старите автори што го сторил тоа бил Страбон, некаде после 16 година, кој ги вклучил Хатите во списокот на "посиромашни германски племиња" кои претходно се бореле со Римјаните.[3] Во однос на 1 век, ние имаме доста информации за Хатите, во најголем дел благодарение на Такит, кој пишува за улогата на Хатите во германските војни и истакнува одредени елементи од нивната култура. Во текот на раниот 3 век, сепак, Хатите исчезнуваат од текстовите на авторите од тоа време и се назначени само за некакви случувања поврзани со 1 век. Касиј Дион не е само првиот автор кој ги споменал Алеманите туку воедно и последниот кој го запишал појавувањето на Хатите во историјата. Пишувајќи за германската војна кај Каракала во 213, рекол дека императорот се борел со "Κέννους, Kελτικòν ἔθνος" ("Кените, келтски народ").[4] Сепак, овие Кени бил истиот народ кој се нарекувал Хати ("Chattoi").[5] Користењето на придавката ’’келтски’’ ("Kελτικός") за опис на германските племиња било вообичаена практика кај грчките писатели.
После Касиј Дион, именката Хати ("Chattus") меѓу останатите се појавува и кај Сидониј Аполинар во доцниот 5 век, како поетски синоним за "Германец".[6] Последниот древен извор кој ги споменал Хатите само во еден навод на Сулпициј Александар опишувајќи настани за доцниот 4 век, бил Григориј Турски.[7]
Историја
уредиХатите успешно давале отпор против Римското Царство, придружувајќи му се на херускиот воен водач Арминиј на сојузот на племиња кои ги поразиле легиите на Публиј Квинтилиј Вар во Битката кај Тевтобургската шума. Сепак при обидот за навлегување на Хатите во Горна Германија тие дефинитивно биле поразени од легиите во 50 година.[8] Римските извори го наведуваат местото Матиум, зад Едер, за престолнина на Хатите. Уништено од Германикус, денес се смета дека местото се наоѓало во поширокото соседство на Фрицлар северно од реката Едер.[9]
Според Такит во неговата книга Германија (поглавје 30), тие биле дисциплинирани воини кои во тек на војната (невообичаено за Германите) со себе носеле намирници. Нивни соседи на север биле Усипите и Тенктерите.
Хатите со текот на времето станале дел од поголемото соседно племе на Франките и биле инкорпорирани во кралството на Хлодовик I, веројатно со Рипуарците, на почетокот на 6 век.
Од зборот "Хати" веројатно потекнува името на градот "Хесен"[10][11]
Наводи
уреди- ↑ Encyclopædia Britannica Article
- ↑ „Histories iv. under 70“. Архивирано од изворникот на 2005-03-09. Посетено на 2011-09-13.
- ↑ Strabo, 7.1.3.
- ↑ Cassius Dio, 77.14.1f.
- ↑ Fragmenta Valesiana 377.
- ↑ Sidonius, Carmina 7.388ff. In this poem honouring Avitus, the "Chatt" is restricted by the swampy water of the river Elbe. Cf. Ludwig Rübekeil, Diachrone Studien zur Kontaktzone zwischen Kelten und Germanen, ÖAW, Vienna 2002, pp. 45f.
- ↑ Gregorius Turonenesis, Historia Francorum, 2.9.55.
- ↑ Tacitus, Annales (xii.27)
- ↑ Armin Becker: Mattium. In: Reallexikon der Germanischen Altertumskunde (RGA). 2. edition, volume 19, Walter de Gruyter, Berlin – New York 2001, p. 443–444. (restricted online copy, p. 443, при Гугл книги) (German)
- ↑ „A Brief Introduction to the History of Hesse (Hessen)“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-09-14.
- ↑ The History Files: Hesse
Во популарната култура
уреди- The Light Bearer (1994), a historical novel by Donna Gillespie.
- Mark of the Lion Series (1993), a series of historical fiction novel by Francine Rivers.