Рајнска Покраина
Рајнска покраина (германски: Rheinprovinz), исто така позната како Рајнска Прусија (Rheinpreußen) или синоним на Рајнска област (Rheinland), била најзападната покраина од Кралството Прусија и Слободната држава Прусија, во рамките на Германското Царство, од 1822-1946. Била формирана од покраините Долна Рајна и Јилих-Клеве-Берг. Нејзиниот главен град бил Кобленц и во 1939 имала 8 милиони жители. Покраината Хоенцолерн била воено поврзана со Oberpräsident на Рајнската покраина.
Рајнска покраина Rheinprovinz
| |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1822–1946 | |||||||||||||||||
Главен град | Кобленц | ||||||||||||||||
Историја | |||||||||||||||||
• Основана | 1822 | ||||||||||||||||
• Губење на Сар | 1920 | ||||||||||||||||
• Престанала да постои | 1946 | ||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||
1939 | 24.477 km2 (9,451 sq mi) | ||||||||||||||||
Население | |||||||||||||||||
• 1905 | 6.435.778 | ||||||||||||||||
• 1939 | 7.931.942 | ||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Денес дел од | Северна Рајна-Вестфалија Рајнска област-Пфалц Сар Хесен Ојпен-Малмеди |
Рајнската покраина се граничела на север со Холандија, на исток со пруските покраини Вестфалија и Хесен-Насау и големото војводство Хесен-Дармштат, на југоисток со Електорат Пфалц, на југ и на југозапад со Лотарингија и на запад со Луксембург, Белгија и со Холандија.
Малиот округ Вецлар во средина на покраината Хесен, исто така, припаѓал на Рајнската покраина, кој, од друга страна, бил опкружен со кнежевството Олденбург на Биркенфелд.
Во 1911, површината на покраината била 10.423 км2; нејзината крајна должина, од север кон југ, била скоро 200 км а најголемата ширина била само под 90 км. Вклучувала и 200 км по течението на Рајна, која ја формирала источната граница на покраината од Бинген до Кобленц, а потоа течела низ источната граница во северозападен правец.[1]
Наводи
уреди- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.