Бруктери
Бруктерите биле германско племе населено во северозападна Германија (Soester Börde), помеѓу реките Липа и Емс јужно од Тевтобуршката Шума, денешна Северна Рајна-Вестфалија околу 100 п.н.е. до 350 г.н.е..
Тие формирале сојуз со Херуските, Марсите, Хатите, Сикамбрите, и Хауците, под водство на Арминиј, го поразиле римскиот генерал Вар и ги опустошиле неговите три легии во Битката во Тевтобуршката Шума во 9 век. Голема бронзена и гранитна статуа на Арминиј (познат како „Херман Херускарот) била подигната близу Детмолд во 19 век каде овој германски поглавар бил романтично претставен со шлем, кус меч кој победнички го држел.
Шест години подоцна, еден од генералите кој служел под Германик, Луциј Стертиниј ги победил Бруктерите и ја опустошил нивната земја.
Најпозната меѓу Бруктерите била нивната врачарка Веледа, нивен духовен водач; за нејзината судбина не се знае но општо се верува дека била заробена од страна на Римјаните.
Бруктерите со текот на времето се припоиле на пошироката заедница на Франките – како дел од (Рипуарските Франки). Јазикот на Карло Велики бил франко-рипуарски или бруктерски [1]. Најдобро место да се најдат архивски документи и историја на ова племе е Зост, Северна Рајна-Вестфалија.
Литература
уреди- Ralf G. Jahn: Der römisch-germanische Krieg (9-16 n. Chr.). Inaugural-Dissertation, Bonn 2001.
- Günter Neumann, Harald von Petrikovits, Rafael von Uslar: Brukterer. In: Reallexikon der Germanischen Altertumskunde. Bd. 3, S. 581ff.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Цитирано од Француската википедија
Надворешни врски
уреди- Legio XIX, www.livius.org Архивирано на 6 мај 2015 г. „In 15, the eagle of the nineteenth was recovered by the Roman commander Lucius Stertinius among the Bructeri.“