Медичи — олигархиско семејство, чии претставници помеѓу 12 и 17 век постојано бил владетели со Фиренца. Од династијата Медичи произлегле римски папи, неколку членови на кралското семејство на Франција - Катерина и Марија Медичи како кралици на Франција во 16 и 17 век.

Династија Медичи

италијански: Casa de' Medici
Династија
ЗемјаИталија
ПрпадностИталијанци
Основана1169; пред 854 години (1169)
ОсновачЏовани ди Бичи Медичи
Тековен владетелОригиналната линија завршила во 1737.
Медичи-Отавијано:
Отавијано де Медичи
Последен владетелЖан Гастоне Медичи
Титули
Style(s)„Нејзино/Негово Кралско височество
„Нејзина/Негова Екселенција"
„Дон“
ИмотMedici villas (all Tuscany)
Palazzo Medici Riccardi (Florence)
Palazzo Pitti (Florence)
Palazzo Vecchio (Florence)
Крај на владеењето1737 (1737)
Следни гранки
  • Медичи-Кафаџиоло– ext.
  • Медичи-Пополено
  • Медичи-Грагнано
  • Виери ди Камбио
  • Франческо ди Џовенко
  • Салвестро ди Аверардо
  • Голем војвода
  • Медичи-Отавијано – опстојуваат
  • Медичи-Торнаквинчи – опстојуваат

Мотото на династијата е „Кралот владее над народот, но бог владее над сите“.

Потекло

уреди
 
Основачот на династијата, Џовани ди Бичи Медичи
 
Козимо I Медичи
 
Раѓањето на Венера од Сандро Ботичели во Уфици

Семејството Медичи потекнува од област, која се наоѓа на околу 30 километри северно од Фиренца[2]. Во 12 век Медичи се преселиле во градот, а во 13 век веќе учествувале во неговиот политички и економски живот. Потеклото на презимето Медичи не е познато, но според една од верзиите родоначалник на кланот бил лекар (medico) во дворот на Карло Велики[3]. Првиот споменат член на фамилијата е Бонаџунта Медичи, кој влегол во составот на градскиот совет (Сињорија) во 1216 година. Од списокот на даночни обврзници во 1343 година се гледа дека таму се присутни 32 глави на семејства, што значи дека фамилијата Медичи веќе била претворена во голем клан. Тие имале неколку имоти во градот и селата и учествувале во банкарските дела и трговијата. Во периодот 1300-1330 година веќе имале сопствена банкарска канцеларија, а во периодот 1291-1341 година 28 пати биле избирани во градската управа, но главно на незначителни позиции и никогаш на клучни позиции. Преку бракови тие станале роднини со влијателните фамилии на Фиренца - Кавалканти и Донати.

Историја

уреди

Во периодот 1360-1429 година тројца претставници на фамилијата успеале да стекнат богатство и моќ - Салвестро ди Аламано, Виери ди Камбио и Џовани ди Бичи. Првиот станал познат во политичките кругови. По 1360 година тој бил единствениот Медичи, кој учествувал во советот на Република Фиренца, претставувајќи опозицијата, на чело на која стоеле гвелфите. Успехот дошол во времето на Виери ди Камбио по 1350 година. Тој се занимавал со различни банкарски операции и создал сопствена банкарска канцеларија. Во 1380 година неговата банка била една од најголемите во градот и имала филијали во Рим, Џенова и Венеција[4]. Џовани ди Бичи првично бил поврзан со делата на Виери, кој собрал околу себе неколку членови на семејството, вклучувајќи го и далечниот роднина Џовани. Во 1390 година тој ја основал римската филијала на банката. Во 1397 година се вратил во Фиренца.

По 1433 година незадоволството на граѓаните на Фиренца довело до прогонување на владејачката дотогаш династија Албици. На власт доашол синот на Џовани - Козимо де Медичи. Следните 60 години управувањето на Фиренца било во рацете на Медичи[5]. До 1462 година градот бил управуван од Козимо, до 1469 година - од Пјеро ди Козимо де Медичи, до 1492 година - од Лоренцо де Медичи и од прогонетиот во 1494 година Пјеро. По смртта, Џовани оставил наследство како земјиште во Мугело, куќи и вили, ренти, учества во различни банкарски фирми и трговски претпријатија. Козимо го зголемил своето наследство - во најдобрите времиња имал две банкарски фирми во Рим и по една во Венеција, Неапол, Пиза, Милано, Женева, Лион, Авињон, Лондон. Тој тргувал со сè и особено со пари - давал заеми на кралеви и принцови. Во 1451 година неговиот капитал изнесувал 72.000 флорини.

Во времето на Пјеро ди Козимо де Медичи, популарноста на династијата започнала да се намалува. Неговото време како водач во Фиренца било одбележано со обид за државен удар предводен од Лука Пити и Николо Содерини. Во 1467 Пјеро морал да се соочи со војна против Република Венеција, поттикнати од фирентинската поддршка дадена на Франческо I Сфорца, војводата на Милано во која битка венецијанските сили доживеале пораз. Тој исто така ја продолжил традицијата на семејството да дава уметничко покровителство. Значењето на фамилијата било обновено од страна на неговиот син Лоренцо де Медичи. Тој е најмногу познат е неговиот придонес во уметничкиот свет, давајќи големи суми на пари за уметниците да можат да се создават ремек дела. Микеланџело во тоа време живеел во неговиот двор каде ја создал Мадона на скалите. Неговиот живот се совпаднал со висока точка на почетокот на италијанската ренесанса а неговата смрт го означил крајот на Златното доба на Фиренца. Во 1478 бил направен неуспешен обид за атентат врз него од страна на Франческо Паци. По смртта на Лоренцо во 1492 година неговиот син Пјеро отстапил на Шарл VIII неколку фирентински територии, за што бил избркан од градот како предавник на татковината. Републиката била обновена во 1494 година и дури во 1512 година Медичи повторно започнале да ја предводат.

Папство

уреди

Во 1513 година кардиналот Џовани - брат на Пјеро, го зазел папскиот престол под името Папа Лав X. Тогаш синот на Пјеро - Лоренцо, и другиот внук на папата - кардиналот Џулио, ја обновиле својата власт во Фиренца. Папата го дал на Лоренцо Војводство Урбино и му обезбедил брак со Магдалена де ла Тур д'Оверн - роднина на францускиот кралски двор. По смртта на Лоренцо во 1519 година власта останала во рацете на Џулио до 1523 година, кога тој станал папа под името Климент VII. Тогаш Република Фиренца била предводена од Алесандро Медичи - незаконски син на Лоренцо, и од кардиналот Иполито Медичи.

Тоскана

уреди

Профранцуската политика на папата Климент VII предизвикала грабеж на Рим од Германците и довела до протерување на Медичи од Фиренца во 1527 година, кога папата склучил сојуз со царот на Светото Римско Царство, Карло V и со негова помош ја вратил Фиренца на Алесандро, кој се оженил за нелегалната ќерка на Карло V, Маргарита и ја добил титулата војвода од Фиренца. Распуштениот живот на Алесандро довело до големо незадоволство. Како резултат на организиран заговор, војводата бил убиен од својот роднина Лоренцино де Медичи во 1537 година.

Со смртта на Алесандро завршила линијата на Медичи, која тргнала од Козимо де Медичи. Карло V ја пренесел власта на Козимо I Медичи (1537 - 1574), потомок на братот на Козимо де Медичи - Лоренцо. Како вешт политичар тој си поставил за цел да ја претвори Тоскана во земја и се стремил кон апсолутна власт. Тој успеал да акумулира значителен дел од средства, создал поморска флота и ја освоил Сиена. Од Папа Пиј V ја добил титулата Голем војвода на Тоскана и бил крунисан во Рим. Верен на семејната традиција, Козимо I го заштитувал просветителството и го оживеал Универзитетот во Пиза.

Син и наследник на Козимо I бил Франческо I Медичи (1574 - 1587). Тој се придржувал кон политиката на неговиот татко, но не располагал со неговиот талент и втората сопруга Бјанка Капело успеала значително да им наштети на финансиите на војводството. Тој бил покровител на природните науки и ја основал академијата Della Crusca. По неговата смрт власта преминала во малиот брат - кардиналот Фердинандо I Медичи (1587 - 1609). Тој не бил приврзаник на тиранската политика. Бл покровител заштитник на науките и уметноста и се грижел за земјоделство намалувајќи ги даноците порезите. Исто така помогнал и во развојот на пристаништето во Ливорно. Барајќи приближување на Фиренца со Франција и дал внуката Марија Медичи за жена на Анри IV. Негов наследник бил неговиот син од бракот со Кристина Лотарингска - Козимо II Медичи (1609 - 1621).

Управувањето на Козимо II со неговите планови за освојување на Шпанија и Истокот го означил почетокот на падот на Фиренца. Тој засекогаш останал познат само како покровител на науката, заштитувајќи го Галилео Галилеј. Традицијата ја продолжил и неговиот син Фернандо II Медичи (1621 - 1670). Во негово време Тоскана доживеала целосна пропаст. Следниот наследник, Козимо III Медичи (1670 - 1723), не успеал да го спречи падот на Војводство, а освен тоа неговите синови немале потомство. Козимо III го натерал својот брат да се откаже од духовниот сон и да се ожени, но и овој брак се покажал како неплоден. Со смртта на неговата сестра Ана Марија Лујза Медичи во 1743 година завршила линијата на владетелите Медичи.

Владетели

уреди

Папи

уреди

Меѓу претставниците на фамилијата Медичи има кардинали и римски папи[6]. Тоа се:

Кралици

уреди

Уметност

уреди

Династија Медичи ја претворила Фиренца во еден од светските културни центри на ренесансата[7]. во градот биле создадени голем број уметнички дела. Медичи поддржувале голем број на уметници и архитекти. Галеријата Уфици содржани огромно количество ремек дела и таа била сопственост на династијата. Во XVIII век последната претставничка на родот Ана Марија Лујза Медичи ги подарила овие богатства на градот Фиренца.

Наводи

уреди
  1. Motto adopted by Cosimo de' Medici.
  2. Silvia Malaguzzi, Botticelli. Artist's life, Giunti Editore, Florence (Italy) 2004, p. 33.
  3. The name in Italian is pronounced with the stress on the first syllable /ˈmɛ .di.tʃi/ and not on the second vowel.How to say: Medici, BBC News Magazine Monitor. In American English, MED-uh-chee.
  4. Strathern, p 18
  5. Bradley, Richard (executive producer). (2003). The Medici: Godfathers of the Renaissance (Part I). [DVD]. PBS Home Video. http://www.pbs.org/empires/medici/. 
  6. „Medici Family – - Encyclopædia Britannica“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 27 September 2009.
  7. Kenneth Bartlett, The Italian Renaissance, Chapter 7, p.37, Volume II, 2005.

Надворешни врски

уреди
Династија Медичи
Нова титула Владетели на Војводство Фиренца
1533–69
Зголемено во Големо Војводство Тоскана
Нова титула
Зголемено од Војводство Фиренца
Владетели на Големо Војводство Тоскана
1569–1737
Наследник
Лотаринзи