Војводство Фиренца
Војводство Фиренца (италијански: Ducato di Firenze) — италијанско кнежевство чиј центар се наоѓал во градот Фиренца, Тоскана, Италија. Војводството било основано откако царот Карло V го вратил правото на управување на династијата Медичи над Фиренца. Во 1530 година папа Климент VII, и самиот Медичи, го именувал неговиот роднина Алесандро де Медичи како војвода од Фиренца, со кое настапило трансформирање на Република Фиренца во наследна монархија.
Војводство Фиренца | ||||||
Ducato di Firenze | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Војводство Фиренца (во зелено) во 1557 година
| ||||||
Главен град | Фиренца 43°47′N 11°15′E / 43.783° СГШ; 11.250° ИГДКоординати: 43°47′N 11°15′E / 43.783° СГШ; 11.250° ИГД | |||||
Јазици | италијански | |||||
Уредување | Монархија | |||||
Војвода од Фиренца | ||||||
- | 1532–1537 | Алесандро | ||||
- | 1537–1569 | Козимо I | ||||
Историја | ||||||
- | Основање | 1532 | ||||
- | Битка кај Марчијано | 1554 | ||||
- | Претворено во Големо Војводство Тоскана | 1569 | ||||
Валута | флорин |
Во 1569 година папата го прогласил Козимо за Голем војвода на Тоскана. Медичи управувале со Големото Војводство Тоскана до 1737 година.