Корбец (Горбец, Горбеч или Корабец; грчки: Τρικλάριο, Трикларио) — планина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Сместена е во јужниот дел на Општина Преспа, Лерински округ, по границата со Албанија. Долга е околу 30 километри. Највисоката точка е на надморска височина од 1.776 метри. Планината претставува јужна граница на Преспанската Котлина.

Корбец / Горбеч
Τρικλάριο
Корбец / Горбеч
Τρικλάριο на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.776 м
Географија
МестоОпштина Преспа, Егејска Македонија, Грција

На север Корбец е сврзан со планината Баба, а Желевска (Рулска) Река го дели од Нередска Планина на исток, при што на дното се наоѓа Малото Преспанско Езеро. Највисок врв е Корбец е Врба, на надморска височина од 1.776 м. Други врвови на планината се Орлово (1.715 м), Каракол (1.689 м) и Црн Срт, 1.394 м.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди