Долнопреспански дијалект

Долнопреспански дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на источното и јужното преспанско крајбрежје. Долнопреспанскиот дијалект е близок со горнопреспанскиот и со костурскиот дијалект и дели поголем број на особености со соседните дијалекти.

Долнопреспанскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Фонолошки одлики

уреди
  • фиксиран акцент
  • употреба на палатално Ј
  • употреба на Ф и В наместо старословенската буква Х.
  • јатот е заменет со е.

Морфолошки одлики

уреди
  • употреба на предлогот од за присвојна форма
  • употреба на наставката -ој наместо -ови за множина
  • употреба на трите членови
  • губење на меѓусамогласното в во заменки

Надворешни врски

уреди