Мало Преспанско Езеро

езеро во Преспа, Егејска Македонија и југоисточна Албанија

Мало Преспанско Езеро (грчки: Λίμνη Μικρή Πρέσπα, албански: Liqen i Prespës së vogël) — езеро во Егејска Македонија (денес Грција) и Република Албанија.

Мало Преспанско Езеро
Λίμνη Μικρή Πρέσπα
Liqen i Prespës së vogël
Карта на Малото Преспанско Езеро
Карта
Населени места околу Малото Преспанско Езеро
ПодрачјеПреспа, претежно во Егејска Македонија
Видтектонско
Сливни земјиГрција, Албанија
Површина&1000000000000004800000048 км2
Најг. длабочина8 м
Надм. височина855 м
ОстровиСвети Ахил, Видринец

Езерото се наоѓа на територијата на Општина Преспа во Леринскиот округ.

Географија

уреди

Малото Преспанско Езеро се наоѓа во Преспанската Котлина, на југ од Големото Преспанско Езеро. Поделено е меѓу Грција (43,5 км2) и Албанија (3,9 км2). Водниот слив на езерото изнесува 189 км2 - 138 км2 од нив во Грција и 51 км2 во Албанија. Езерото е дел од Природен парк Преспа, создаден од владите на Република Македонија, Република Грција и Република Албанија.

Хидролошки податоци

уреди

Водата езерото ја добива од неколкуте реки кои се влеваат во езерото. Најголема од нив е Стара река (Палиорема или Агиос Германос), но во 1936 година таа е одбиена во правец на Големото Преспанско Езеро, каде што се влева и денес. Неколку години по тоа е ископан и канал, кој ги поврзува обете преспански езера. Изградена е врата, со која да се регулира нивото на водата.[1] Архивирано на 13 мај 2007 г. Во 1953 година при исушувањето на езерото Малик кај Горица (Корча), Албанија, реката Девол е поврзана со канал со езерото. Како резултат денес јужниот дел на езерото е во голема мера загаден со ерозивен материјал, обраснат со трска и личи на блато. Зимно време езерото замрзнува. Повисоко е со 3 метри од Големото Преспанско Езеро, но нивото на водата се менува. На тоа укажува античката населба Лика на островот Свети Ахил, која денес е речиси целата потопена под водата.

Геологија на Малото Преспанското Езеро

уреди

Заедното езеро настанало пред 70 милиони години, илјади години потоа се поделило на две од наносите,што ги донела Стара река (Агиос Германос). Нешто потоа се создал и каналот, преку кој водата истекувала од малото во големото езеро. Во Малото Преспанско Езеро има два острова: Свети Ахил и Видринец.

Флора и фауна

уреди
 
Малото Преспанско Езеро од Баба

Со Големото Преспанско Езеро сочинуваат заеднички екосистем. Растителниот свет е доста богат, како во самото езеро така и во околните блата. Езерото е живеалиште на видрата (Lutra lutra). Се среќаваат два вида желки, 9 видови гуштери и 10 видови змии. Не е многу богато со риби. Најзастапена е нивичката или белвица, потоа крапот, црвеноперката, скобустот, мренката, кленот и др. Богато е и на зоопланктон[2][мртва врска].

Едно од најважните места за гнездење на розовиот пеликан (Pelecanus onocrotalus) и Белоглав (Кадроглав) пеликан (Pelecanus crispus). Во 1984 нивните популации (во обете езера) изнесувале соодветно 116 и 165 двојки, број што останал стабилен и во наредните 10 години. По повеќе години заштита денес Кадроглавиот пеликан брои околу 1.000 двојки, што е најголемата негова популација во светот. Бројот на чапјите покажувал промени, така што на некои се намалил. Од 30 години тука не гнезди црниот ибис (Plegadis falcinellus). За среќа, во 2005 година е забележана двојка како се подготвувала за гнездење. Сега вкупно гнездат 161 вид птици.

Гнездат уште:

Зимно време долетуваат илјади патки.[3]

Туризам

уреди

На островот Свети Ахил (Agios Achilleios) се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа, подигнат од цар Самоил во 10 век. Во урнатините на базиликата Свети Ахил (Agios Achilleios) во 1969 година е пронајден неговиот гроб.

Надворешни врски

уреди